Мисија за референдум во Западна Сахара на Обединетите нации

Мисијата за референдум во Западна Сахара на Обединетите нации (MINURSO) (арап. بعثة الأمم المتحدة لتنظيم استفتاء في الصحراء الغربية; француски: Mission des Nations Unies pour l'Organisation d'un Référendum au Sahara Occidental; шпански: Misión de las Naciones Unidas para la Organización de un Referéndum en el Sáhara Occidental) е мировна мисија на Обединетите нации во Западна Сахара, основана во 1991 година според Резолуцијата 690 на Советот за безбедност на Обединетите нации[1] како дел од Планот за решавање, кој отворил пат за прекин на огнот во конфликтот помеѓу Мароко и Полисарио фронтот (кој ја претставува Арапската демократска република Сахрави) во оспорената територија на Западна Сахара (поранешна Шпанска Сахара).

Мисија за референдум во Западна Сахара на Обединетите нации
'
Локација на Западна Сахара' во Северна Африка`
ВидМировна мисија
Правен статусВо тек
СедиштеЕл-Ајун, Западна Сахара
Мреж. местоminurso.unmissions.org

Мисијата на МИНУРСО била да го следи примирјето и да организира и спроведе референдум во согласност со Планот за рашавање, што ќе им овозможи на Сахравијците од Западна Сахара да изберат помеѓу интеграција кон Мароко или независност. Ова имало намера да претставува тест на Сахравиското право за самоопределување, а со тоа и да се заврши заостанатиот процес на деколонизација на Западна Сахара (Западна Сахара е последната голема територија што останува на списокот на ОН на недеколонизирани територии)

За таа цел, на MINURSO му се доделени следниве мандати:

  • Набљудување на прекинот на оган
  • Потврдување на намалувањето на мароканските трупи на територијата
  • Набљудување на ограничувањето на мароканските и полисариските трупи на назначените локации
  • Преземањето чекори со групите за обезбедување на ослободување на сите западносахарски политички затвореници или притвореници
  • Надгледување на размената на воените заробеници (преку Меѓународниот комитет на Црвениот крст)
  • Спроведување на програмата за репатријација (преку Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци )
  • Идентификување и регистрирација на квалификуваните гласачи
  • Организирање и обезбедувае на слободен и фер референдум и прогласување на резултатите

Планови

уреди
 
Седиштето на MINURSO во Ел-Ајун, Западна Сахара, 2 јуни 2012 година. Неколку марокански знамиња се изложени на влезот на зградата, за разлика од базите на ПОЛИСАРИО во Ослободените територии, каде што е истакнато само знамето на ООН.

Референдумот за независност првично бил закажан за 1992 година, но конфликтите околу подобноста на гласачите го спречиле да се одржи. Двете страни се обвиниле едни со други за застојот на процесот. Во 1997 година, Хјустонскиот договор требало да го започне процесот, но повторно не успеал. Во 2003 година, Бејкер планот бил лансиран да го замени Планот за решавање, но иако бил прифатен од Полисарио и едногласно одобрен од Советот за безбедност на Обединетите нации, тој бил одбиен од Мароко. Мароко инсистира на тоа дека сите жители на територијата треба да имаат право да гласаат на референдумот. По Зелениот марш во 1975 година, мароканската држава спонзорирала шеми за населување, примамувајќи илјадници Мароканци да се преселат во окупираниот дел од Мароко на Западна Сахара (80% од територијата). До 2015 година се проценува дека мароканските доселеници сочинуваат најмалку две третини од 500,000 жители.[2]

Во моментов, нема план за одржување на референдумот, а одржливоста на примирјето е доведена во прашање.

Додатоци

уреди

Мандатот на MINURSO е продолжен 47 пати од 1991 година.[3] Во октомври 2006 година, Советот за безбедност донел резолуција за продолжување на мандатот на MINURSO до април 2007 година.[4] Одредбата во која се обвинува за кршење на човековите права од страна на Мароко во Западна Сахара, имала поддршка од 14 члена на Советот за безбедност, но била избришана поради приговори од Франција.[5]

Во април 2007 година, резолуцијата за продолжување на мандатот до октомври го „забележала мароканскиот предлог презентиран на 11 април 2007 година до генералниот секретар и ги поздравила сериозните и веродостојни марокански напори да го придвижи процесот напред кон разрешување“ и исто така го „забележала Полисарскиот предлог презентиран на 10 април 2007 година до Генералниот секретар“.[6] Претставникот на Јужна Африка го нагласил начинот за тоа како еден предлог се смета за подостоен од другиот, како и недостатокот на учество надвор од Групата на пријатели во изготвувањето на резолуцијата.[7]

Резолуцијата од октомври 2007 година со која мандатот се продолжува до април 2008 година ја содржел истата преференцијална формулација во описот на двата предлога.[8] Претставникот на Јужна Африка повторно го коментирал ова и зажалил што фактот дека резолуцијата „го разгледувала“, а не „го поздравувала“ извештајот за состојбата од страна на генералниот секретар - „веројатно затоа што [тој] се осмелил да го покрене прашањето за кршењето на човековите права против народот Сахарави“, и го цитирал предупредувањето во извештајот[9] за тоа дека нема мандат за решавање на прашањето за човековите права.[10]

Резолуцијата од април 2008 година го продолжила мандатот за цела година до април 2009 година.[11] Пред гласањето, претставникот на Костарика изразил „загриженост за начинот на кој што се преговара за нацрт-резолуцијата за која треба да се гласа“ и „потешкотии во разбирањето на апсолутно одбивање да се вклучат“ наводите за човековите права.[12] Буџетот на MINURSO е приближно 60 милиони долари годишно.[13]

Бази

уреди
 
Налево е автомобил на MINURSO, а надесно се наоѓа столб на Frente polisario во јужна Западна Сахара (2017).

Постојат два тима, оние во мароканскиот дел западно од меѓата и оние во регионот контролиран од Сахравијците и бегалските кампови на исток и во Алжир. Камповите западно од меѓата се наоѓа во Махбес, Смара, Ум Дрига и Авсерд. Во источните кампови спаѓаат Бир Лехлу, Тифарити, Мехаирес, Михек и Агванит. Исто така постои и канцеларија за врски во Тиндуф која служи како канал за комуникација со раководството на Полисарио.

Тековен состав

уреди

Од 30 јуни 2018 година, MINURSO имала вкупен персонал од 220 унифорирани лица, вклучувајќи 19 контингентни трупи, 193 мисионери, 7 штабни офицери и 1 полицаец,[14] поддржани од цивилен персонал од 227 лица и 16 волонтери на ООН. Најголем придонесувач за трупите се Бангладеш, Египет и Пакистан. Вооружените контингенти патролираат на ничијата земја што се граничи со мароканскиот ѕид за да го заштити примирјето.

  • Специјален претставник на генералниот секретар и шеф на мисијата: Колин Стјуарт,   Канада
  • Командант на силата: Генерал-мајор Ванг Жиаојун,   НР Кина
  • Шеф на мисијата за поддршка: Венеранда Мукандоли-Џеферсон,   Руанда
  • Началник на Генералштабот: Александар Иванко,   Русија
  • Раководител на канцеларијата за врски, Тиндуф: Јусеф Једијан,   Палестинска Самоуправа

Друг персонал:

Држава Контингентни трупи Експерти во мисија Офицери на штабот Полиција Вкупно
  Аргентина 0 3 0 0 3
  Австрија 0 5 0 0 5
  Бангладеш 19 8 0 0 27
  Белгија 0 7 0 0 7
  Бутан 0 2 0 0 2
  Бразил 0 10 0 0 10
  НР Кина 0 12 0 0 12
  Хрватска 0 7 0 0 7
  Џибути 0 2 0 0 2
  Доминиканска Република 0 0 0 2 2
  Еквадор 0 4 0 0 4
  Египет 0 19 0 0 19
  Ел Салвадор 0 1 0 0 1
  Франција 0 2 0 0 2
  Германија 0 2 0 0 2
  Гана 0 8 7 0 15
  Гвинеја 0 4 0 0 4
[[File:|22x20px|border |alt=Хондурас|link=Хондурас]] Хондурас 0 12 0 0 12
  Унгарија 0 6 0 0 6
  Индија 0 3 0 0 3
  Индонезија 0 3 0 0 3
  Ирска 0 3 0 0 3
  Италија 0 2 0 0 2
  Јапонија 0 2 0 0 2
  Јордан 0 2 0 0 2
  Казахстан 0 5 0 0 5
  Малави 0 3 0 0 3
  Малезија 0 5 0 0 5
  Мексико 0 4 0 0 4
  Монголија 0 1 0 0 1
    Непал 0 6 0 0 6
  Нигерија 0 6 0 0 6
  Пакистан 0 11 0 0 11
  Филипини 0 2 0 2 4
  Полска 0 0 1 0 1
  Португалија 0 0 0 1 1
  Русија 0 15 0 0 15
  Шри Ланка 0 4 0 0 4
  Јужна Кореја 0 4 0 0 4
  Шведска 0 2 0 0 2
  Швајцарија 0 2 0 0 2
  Того 0 2 0 0 2
  ООН 19 193 7 1 220

Во МИНУРСО имало вкупно 16 жртви: шест воени лица, еден полицаец, еден воен набудувач, тројца меѓународни цивилни лица и пет локални цивилни лица.[15]

Критика

уреди
 
MINURSO автомобил во Лаајун.

MINURSO е единствената мировна мисија на ООН основана од 1978 година, која работи без капацитет за следење на човековите права.[16] Иако Резолуцијата 1979 на Советот за безбедност на ООН препорачува формирање на една, тоа сè уште не се случило.[17] Во 1995 година, неможноста или неподготвеноста на МИНУРСО да дејствува против согледуваната мароканска манипулација со процесот и злоупотребата на цивилите Сахрави, го предизвика нејзиниот поранешен заменик-претседател Френк Руди да изврши силен напад врз организацијата;[18] тој оттогаш продолжува со својата критика кон овој, како што тврди, економски скап и политички корумпиран процес.[19] Упатени се зголемени критики против Советот за безбедност на ООН за не воспоставување програма за човекови права (бидејќи MINURSO е единствената мисија на ООН во светот што нема мандат за нив) набљудување за Западна Сахара и населението Сахрави,[20] и покрај сериозните извештаи за бројни злоупотреби.[21] Оваа можност е одбиена од Франција со своето право на вето на Советот за безбедност.[22] Во април 2016 година, Уругвај и Венецуела го изразија своето незадоволство од ваквата состојба со преземањето на реткиот чекор на гласање против Резолуцијата на Советот за безбедност со која се дозволува повторно овластување на МИНУРСО, Резолуцијата 2285 на Советот за безбедност на Обединетите нации, од кои Русија и уште две други сили беа воздржани.

Во текот на двете години, претежно 2006–2007 година, персоналот на MINURSO вандализирал археолошки места со прскање графити врз праисториски карпести слики и гравури[23] во Слободната зона (контролирани од ПОЛИСАРИО). Постојат и обвинувања за грабеж на праисториски слики од поединци на ООН на некои од тие места.[24]

Во мај 2010 година, Фронтот Полисарио ги прекинал контактите со МИНУРСО, поради неуспехот во спроведувањето на референдумот за самоопределување, и ги обвини силите за „...претворање во заштитен штит на колонијален факт, окупација на Западна Сахара од Мароко“.[25]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Security Council на ООН Resolution 690. S/RES/690(1991) 29 April 1991. посет. 2 мај 2008 г.
  2. Shefte, Whitney (6 January 2015). „Western Sahara's stranded refugees consider renewal of Morocco conflict“. the Guardian. Посетено на 2 April 2018.
  3. „Security Council Resolutions and Statements“. MINURSO (англиски). 2016-10-26. Посетено на 2020-08-05.
  4. Security Council на ООН Resolution 1720. S/RES/1720(2006) 31 October 2006. посет. 2 мај 2008 г.
  5. Reuters. „UN shuns W. Sahara rights plea after France objects“. Reuters Alertnet. Архивирано од изворникот на 2008-05-10. Посетено на 2006-10-31.
  6. Security Council на ООН Resolution S/RES/1754(2007) 31 April 2007. посет. 2 мај 2008 г.
  7. Security Council на ООН Verbotim Report S/PV/5669 30 April 2007. посет. 2 мај 2008 г.
  8. Security Council на ООН Document 619. S/2007/619 {{{date}}}. (2007) посет. 2 мај 2008 г.
  9. Security Council на ООН Document 619. Report of the Secretary-General on the situation concerning Western Sahara S/2007/619 page 15. 19 October 2007. посет. 2 мај 2008 г.
  10. Security Council на ООН Verbotim Report 5773. S/PV/5773 page 2. Mr. Kumalo South Africa 31 October 2007. посет. 2 мај 2008 г.
  11. Security Council на ООН Resolution 1813. S/RES/1813(2008) {{{date}}}. (2008) посет. 2 мај 2008 г.
  12. Security Council на ООН Verbotim Report 5884. S/PV/5884 page 2. Mr. Urbina Costa Rica 30 April 2008. посет. 2 мај 2008 г.
  13. „Financial aspects“. MINURSO Facts and Figures.
  14. „Troop and police contributors“. United Nations Peacekeeping (англиски). Посетено на 2018-07-19.
  15. „Fatalities“. United Nations Peacekeeping (англиски). Посетено на 2018-07-19.
  16. „Mission Mandate“. Архивирано од изворникот на 2013-02-04. Посетено на 2020-10-29.
  17. „United Nations Security Council Resolution 1979“. Resolutions of the Security Council on MINURSO.
  18. Ruddy, Frank (1995-01-25). „Review of United Nations Operations & Peacekeeping“. Washington, DC: Congress of the United States. Посетено на 2009-02-26.
  19. Catherine, Edwards (1999-10-04). „Saharawi Republic Waits to Be Born“. B Net. Архивирано од изворникот на 2007-10-05. Посетено на 2009-02-26.
  20. Whitson, Sarah Leah (2009-04-17). „Letter to the UNSC urging for human rights monitoring in Western Sahara“. Human Rights Watch. Посетено на 2009-07-06.
  21. http://www.afapredesa.org/index.php?option=com_content&task=view&id=233&Itemid=2 Архивирано на 15 декември 2018 г. Campaña internacional ampliación D.D.H.H. mandato MINURSO
  22. "Security Council under pressure over human rights in Western Sahara" Pravda, April 27, 2010
  23. „UN vandals spray graffiti on Sahara's prehistoric art“. The Times. Архивирано од изворникот на 9 August 2011. Посетено на May 8, 2008.
  24. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на July 8, 2011. Посетено на April 7, 2010. UN peacekeepers: cultural crime, too.
  25. „El Polisario rompe los contactos con la MINURSO“ (шпански). El País. 2010-05-28. Посетено на 4 June 2010.

Надворешни врски

уреди