Повелба на Обединетите Нации

Повелбата на Обединетите Нации е основачкиот договор за формирање на Обединетите Нации. Таа беше потпишана во зградата на Воениот Меморијален Центар и Центарот за Сценска Уметност, во Сан Франциско, САД, на 26 јуни 1945 година, од 50 од вкупно 51 првични земји членки (Полска која немаше претставник на конференцијата потпиша подоцна). На 24 октомври, Повелбата стапи на сила откако беше ратификувана од пет постојани земји членки на Советот за безбедност – Република Кина (подоцна заменета со Народна Република Кина), Франција, СССР (подоцна заменет со Руската Федерација), Обединетото Кралство и САД – како и од повеќето други потписници. Денес, во Обединетите Нации членуваат 193 земји.

Повелба на ОН
Потпишан26 јуни 1945
МестоСан Франциско, Калифорнија, САД
На сила од24 октомври 1945
УсловРатификација од Кина, Франција, Советскиот Сојуз, Обединетото Кралство, САД и од повеќето земји потписнички.
Странки193
Целосен текст
Charter of the United Nations на Викиизвор

Повелбата претставува основачки договор и сите земји членки се обврзани од нејзините членови. Дополнително, Повелбата наведува дека обврските кон ОН ги надминуваат сите други обврски произлезени од договори. Повеќето земји во светот ја имаат ратификувано Повелбата. Забележителен исклучок е Ватикан, кој избра улога на постојан набљудувач и затоа не се смета како целосен потписник на Повелбата.

Краток преглед

уреди

Повелбата се состои од преамбула и од серија на членови кои се групирани во поглавја.

Преамбулата се состои од два суштински делови. Првиот дел содржи генерален повик за одржување на мирот и меѓународната безбедност и почитување на човековите права. Вториот дел на преамбулата е декларација во договорен стил во која се наведува дека владите на народите во Обединетите Нации се согласуваат со Повелбата.

  • Поглавје 1. ја истакнува намената на ОН, вклучувајќи ги важните одредби за одржување на меѓународниот мир и безбедност.
  • Поглавје 2. Ги дефинира критериумите за членство во ОН.
  • Поглавје 3-15, поголемиот дел од документот, ги опишува органите и институциите на ОН и нивните соодветни овластувања.
  • Поглавје 16 и 17 ги опишуваат уредбите за интеграција на ОН во установеното меѓународно право.
  • Поглавје 18 и 19 овозможува измени и ратификација на Повелбата.

Следните поглавја се однесуваат на поддршка на телата на ОН:

  • Поглавје 6 го опишува овластувањето на Советот за безбедност да истражува и да посредува во спорови.
  • Поглавје 7 ја опишува моќта на Советот за безбедност да дава овластување за економски, дипломатски и воени санкции, како и употребата на воени сили за разрешување на спорови;
  • Поглавје 8 овозможува регионално одржување на мирот и безбедноста.
  • Поглавје 9 и 10 ги опишуваат моќите на ОН за економска и социјална соработка, и Економскиот и социјалниот совет кој е надлежен за овие работи;
  • Поглавје 12 и 13 го опишуваат Старателскиот совет, кој ја надгледуваше деколонизацијата.
  • Поглавјето 14 и 15 соодветно ги установуваат овластувањата на Меѓународниот суд на правдата и на Секретаријатот на Обединетите Нации.
  • Поглавје 16 до 19 соодветно се однесуваат на: 16: останатите одредби, 17: транзиционите безбедносни уредувања поврзани со Втората светска војна, 18: процесот на измена на Повелбата, и 19: ратификација на Повелбата.

Одредби на Повелбата

уреди

Преамбула

уреди

Преамбулата на договорот гласи:

"Ние, народите од Обединетите Нации одлучивме: „Ние, народите на Обединетите нации - цврсто одлучени да ги заштитиме идните родови од бичот на војната, која двапати во нашето време на живеење му донесе неискажливо страдање на човештвото, одново да ги зацврстиме нашите верувања во темелните правана човекот, во достоинството и во вредноста на човечката личност, во рамноправноста меѓу мажот и жената како и на сите нации, големи или мали, и да создадеме услови во кои ќе може да се одржи правдата и почитувањето на обврските кои произлегуваат од договори и други извори на меѓународно право и да го поддржиме социјалниот напредок и подобриот животен стандард во поголема слобода, и за овие цели: Да бидеме толерантни и да живееме заедно во мир, како добри соседи, и да ја обединиме нашата сила за да ги одржиме меѓународниот мир и безбедност, да прифаќаме начела и да воведуваме постапки, коишто гарантираат дека оружената сила ќе биде наменета само во заеднички интерес, и дека ќе ги користиме меѓународните институции за да го поддржиме економскиот и социјалниот напредок на сите народи - одлучивме заеднички да влијаеме во нашиот напор за постигнување на овие цели. Според тоа, нашите влади, преку нивните ополномоштени претставниците кои се собрани во град Сан Франциско, се согласија со Повелбата на Обединетите Нации и притоа формираат меѓународна организација која ќе биде позната како Обединетите Нации."

Иако преамбулата е вграден дел од Повелбата, таа не ги поставува правата и обврските на земјите членки, Туку нејзината улога е да служи како толкувач на одредбите на Повелбата преку нагласување на некои од суштинските мотиви на основачите на организацијата.

Поглавје 1: Цели и Начела

уреди

Член 1

уреди

Цели на Обединетите Нации се:

  1. Да го одржува меѓународниот мир и безбедност, да презема колективни мерки за спречување и отстранување на закани за мирот, преку мировни средства, и во согласност со правните начела и меѓународното право, средување или решавање на меѓународни спорови или ситуации кои можат да доведат до нарушување на мирот;
  2. Да развива пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите, и преземање на други соодветни мерки за подобрување на универзалниот мир;
  3. Да постигнува меѓународна соработка при решавање на меѓународни проблеми од економски, општествен, културен или хуманитарен карактер, и промовирање и охрабрување на почитувањето на човековите права и основните слободи за сите без оглед на расата, полот, јазикот или религијата; и
  4. Да биде центар за усогласување на националните постапки за постигнување на заедничките цели.

Член 2

уреди

Со цел постигнување на целите наведени во Член 1, Организацијата и нејзините членки делуваат во согласност со следниве начела.

  1. Организацијата е заснована врз начелото на суверената еднаквост меѓу сите членки.
  2. Се цел осигурување на правата и придобивките од членството, секоја земја ги исполнува преземените обврски во согласност со сегашната Повелба.
  3. Сите земји членки ги решаваат своите меѓународни спорови на мирен начин, така што нема да бидат загрозени меѓународниот мир и безбедност.
  4. Во меѓународните односи, сите земји членки се воздржуваат од закани со сила или користење на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на било која држава, или на било кој начин кој не е усогласен со целите на Обединетите Нации.
  5. Земјите членки ја даваат секоја помош во секое дејствие кое е преземено од ОН во согласност со Повелбата и се воздржуваат од давање на помош на земја против која ОН води превентивно или принудно дејствие.
  6. Организацијата се грижи сите држави кои не се членки на ОН да се однесуваат во согласност со овие начела во мера која е потребна за одржување на меѓународниот мир и безбедност.
  7. Ништо во оваа Повелба не ги овластува Обединетите Нации да интервенираат во прашања од внатрешните работи на некоја земја ниту пак бара од членките да ги изнесуваат овие прашања на решавање врз основа на Повелбата; но ова начело нема да влијае врз примената на принудни мерки според Поглавје 7.

Поглавје 2: Членство

уреди

Поглавјето 2 од Повелбата на Обединетите Нации се однесува на членувањето во организацијата на Обединетите Нации.

Поглавје 3: Органи

уреди
  1. Како главни органи во Обединетите Нации се сметаат: Генерално собрание, Совет за безбедност, Економски и социјален совет, Старателски совет, Меѓународен суд на правдата и Секретаријат.
  2. Органи кои можат да станат потребни можат да бидат формирани во согласност со Повелбата како помошни органи.

Поглавје 4: Генерално Собрание

уреди

Поглавје 5: Советот за безбедност

уреди

Состав

Член 23

1. Советот за безбедност се состои од петнаесет членки од Обединетите Нации. Република Кина, Франција, СССР, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, и Соединетите Американски Држави се постојани членови на Советот за безбедност. Генералното Собрание бира десет дополнителни членови од Обединетите Нации за привремени членови на Советот за безбедност, водејќи особено сметка за нивниот придонес кон одржувањето на меѓународниот мир и безбедност како и кон други цели на Организацијата, како и рамномерна географска распределба.

2. Привремените членки на Советот за безбедност се избираат за период од две години. Во првите избори на привремени членки по порастот на членство во Советот за безбедност од единаесет на петнаесет, две од четири дополнителни членки се избираат за период од една година. Членка со истечен мандат не може да се кандидира за последователен мандат.

3. Секоја земја членка на Советот за безбедност има по еден претставник.

ЗАДАЧИ И ОВЛАСТУВАЊА

Член 24

1. За да се одржи ефикасно и брзо дејствување на Обединетите Нации, нејзините земји членки му ја доверуваат примарната одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, и се согласуваат Советот за безбедност да делува во нивно име кога ги извршува неговите обврски засновано врз оваа одговорност.

2. Во вршењето на овие обврски, Советот за безбедност делува во согласност со целите и начелата на Обединетите Нации. Посебните овластувања кои му се доделени на Советот за безбедност се наведени во Поглавје 6, 7, 8, и 12.

3. Советот за безбедност поднесува годишен, а кога е потребно и специјален извештај, на Генералното собрание кое го разгледува. Член 25

Членките на Обединетите Нации се согласуваат да ги прифатат и спроведат одлуките на Советот за безбедност во согласност со Повелбата.

Член 26

Со цел да се унапреди поставувањето и одржувањето на меѓународниот мир и безбедност преку што помало расипување на светските човечки и економски извори на вооружување, Со помош на Комитетот на Воениот штаб споменат во Член 47, Советот за безбедност е одговорен за формулирање на плановите кои се поднесуваат до Членките на Обединетите Нации за поставување на систем за регулација на наоружувањето.

ГЛАСАЊЕ

Член 27 1. Секоја земја членка на Советот за безбедност има еден глас.

2. Одлуките во Советот за безбедност за процедурални работи се донесуваат со девет позитивни гласови.

3. Одлуките во Советот за безбедност за сите други работи се донесуваат со девет позитивни гласови вклучувајќи ги потврдните гласови на постојаните членки под услов во одлуките врз основа на Поглавје 6, став 3 од Членот 52, странка во спор се не гласа.

ПРОЦЕДУРА

Член 28

1. Советот за Безбедност е организиран за постојана вршење на својата работа. Поради оваа, секоја членка на Советот за безбедност, има свој постојан претставник во седиштето на Организацијата.

2. Советот за безбедност одржува периодични состаноци на кои по желба секоја од членките може да биде претставена од член на сопствената влада или некој друг специјално назначен претставник.

3. Советот за безбедност може да одржува состаноци на различни локации кои по негова оценка, најмногу ќе му ја олеснат работата.

Член 29

Советот за безбедност може да создаде помошни органи според потребата за извршување на задачите.

Член 30

Советот за безбедност усвојува сопствени процедурални правила, вклучувајќи го и начинот на избор на Претседател.

Член 31

Секоја земја членка на Обединетите Нации, која не е членка на Советот за безбедност може да учествува, без право на глас, во дискусиите за било кое прашање кое се дискутира во Советот за безбедност, кога Советот ќе смета дека интересите на членката се вклучени.

Член 32

Секоја земја членка на Обединетите Нации која не е членка на Советот за безбедност или било која држава која не е членка на Обединетите Нации, е странка во спор кој се разгледува во Советот за безбедност, се поканува да учествува во соодветната дискусија, без право на глас. Советот за безбедност поставува услови кои ги смета за потребни за учество на држава која не е членка на Обединетите Нации.

Поглавје 6: Мирно решавање на спорови

уреди

Поглавје 7: Дејствија во однос на закани кон мирот, повреда на мирот и чин на агресија

уреди

Поглавје 8: Регионални договори

уреди

Поглавје 9: Меѓународна економска и социјална соработка

уреди

Поглавје 10: Економскиот и социјалниот совет

уреди

Поглавје 11: Декларација за територии без самоуправа

уреди

Поглавје 12: Меѓународен старателски систем

уреди

Поглавје 13: Старателски систем

уреди

Поглавје 14: Меѓународен суд за правда

уреди

Поглавје 15: Секретаријат

уреди
  • Составен е од генерален секретар и друг потребен кадар.
  • Врши услуги на другите органи на Обединетите Нации, Г.С, С.Б, ЕСК и Старателскиот совет како и нивните помошни тела.
  • Генералниот секретар е назначен од Г.С по препорака од Советот за безбедност.
  • Кадарот е назначен од Генералниот секретар според регулативата поставена од Г.С.
  • Канцелариите на Секретаријатот на ОН се наоѓаат во Њујорк.
  • Секретаријатот има регионални секретаријати и во Багдад, Бангкок, Џева и Сантјаго.

Функции на Секретаријатот

уреди
  1. Изготвување на извештај и други документи кои содржат информации, анализи, наоди од историски истражувања, предлози за политики наменети за олеснување на работата и донесувањето на одлуки од страна на другите органи.
  2. Помагање на законодавните органи и нивните помошни тела.
  3. Обезбедување на поддршка за одржување на состаноци на Г.С и други органи.
  4. Обезбедување на уредување, преводи и умножување на документи за објавување на истите на различни јазици
  5. Спроведување на студии и обезбедување на информации на различни членки за излегување во пресрет на различните предизвици.
  6. Изготвување на статистички публикации, информативни билтени и анализи за кои Г.С има одлучено.
  7. Организација на конференции, состаноци на експертски групи и семинари на теми актуелни во меѓународната заедница.
  8. Обезбедување на техничка помош за развој на земјите.
  9. Појаснување на улогата на мисиите во земјите, областите или локациите како овластена од Г.С или од Советот за безбедност.

Поглавје 16: Разни одредби

уреди

Поглавје 17: Преодни одредби за безбедност

уреди

Поглавје 18: Измени и дополнувања

уреди

Поглавје 19: Ратификација и потпишување

уреди

Поврзано

уреди

Литература

уреди