Кипарски Турци
Кипарските Турци (турски: Kıbrıs Türkleri или Kıbrıslı Türkler ; грчки: Τουρκοκύπριοι) се староседелски туркиски народ кој живее на островот Кипар. Нивната историја почнува откако Османлите го колонизирале Кипар во 1571 откако го освоиле од Венецијанска Република. Тие зборуваат дијалект на турскиот јазик наречен кипарски турски јазик. Тие денес имаат своја прокламирана држава - Северен Кипар која е признаета само од Република Турција.