Суперјато

(Пренасочено од Суперјата)

Суперјато — голема група од помали галактички јата или галактички групи кои се меѓу најголемите познати структури во космосот. Млечниот Пат е во месна група на галаксии поточно во суперјатото Ланијакеја. Ова суперјато е големо околу 500 милиони светлосни години (мсг), додека Месната Група е околу 10 мсг. Во досега испитаната вселена се верува дека има 10 милиони суперјата.

Карта на суперјата и празнини најблиски до Земјата

Галаксиите се групирани во јата наместо да бидат расфрлани без ред. Јатата на галаксии се групирани и заедно гормираат суперјата. Обично, суперјатата содржат дузина од поединечни јата на одреден простор од околу 150 мсг. За разлика од јатата, суперјатата не се споени поради гравитацијата. Сите тие се движат во спротивна насока едни од други поради законот на Хабл.

Нашата галаксија припаќа на Месната Група која е сиромашно и нерегуларно јато на галаксии. Сиромашните јата можат да содржат стотици, дури и илјадници галаксии. Месната Група е блиску до Месното Суперјато (уште познато како Девица) во пречник од 100 мсг. Месното суперјато содржи 1.015 пати повеќе маса од Сонцето.

Најголемото јато во месната вселена се нарекува „Големиот Привлекувач“ неговата гравитација е толку силна што Месното суперјато, во кое се наоѓа Млечниот Пат, се движи во негова насока со брзина од неколку стотици километри во секунда. Најголемото суперјато надвор од месната вселена е нишката Персеј-Пегаз. Во него ги содржи суперјатото Персеј кое е големо неколку милијарди светлосни години. Од тоа што досега е познато, тоа е најголемата структура во вселената. Ова суперјато било откриено од Давид Батунски и Џек Бернс од Универзитетот во Ново Мексико.

Распределеност: космички празнини и листови

уреди

Спроведени се истражувања со цел да се разбере начинот на кој суперјатата се распоредени во просторот. Се користат мапи за да се прикажат позициите на 1,6 милони галаксии. Тридимензионални мапи се користат за да се разбере позицијата на овие суперјата. За да се прикажат тридимензионално на карта, за пресметување се користат позицијата на галаксијата на небото како и црвеното поместување на галаксијата. Црвеното поместување се користи со законот на Хабл, со цел да се прикаже нејзината тридимензионална позиција во просторот.

Од овие мапи е откриено дека галактичките суперјата не се распоредени памномерно низ целата вселена туку се чини дека се лежат по должина на нишки. Мапите откриваат голени празнини каде има само неколку галаксии. Некои темни галаксии или водородни облаци може да се пронајдат во некои празнини, но повеќето галаксии се најдени на листови помеѓу празнините. Празнините се често топчести но суперјатата не се. Тие може да се големи од 100 милиони до 400 мсг во пречник. Шемата на празнини и листови содржи информации за тоа како галаксиите се образувале во вселената.

Постои сунѓер теорија која често се користи и го споредува сунѓерот како модел на групи на галаксии во вселената — дупките се празнините а другите делови се местоположбата на суперјатата.

Постоење

уреди
 
Суперјатото Ејбел 901/902 е сместено на малку повеќе од 2 милијарди светлосни години од Земјата.

Постоењето на суперјатата покажува дека галаксиите во вселената не се рамномерно распоредени, повеќето од нив се привлечени во групи и јата, и тоа групите содржат околу дузина галаксии, додека јатата и до неколку илјадници галаксии. Тие групи и јата и друготе изолирани галаксии заедно прават ги прават големите структури — суперјатата.

Нивното постоење за првпат беше спомнато од страна на Џорџ Ејбел во неговиот Ејбелов каталог од 1958 г. за галактичките јата. Тој ги нарекува “јата од втор ред” или јата од јата.

Суперјатата прават масивни структури од галаксии, наречени “нишки”, “комплекси од суперјата”,”ѕидови” или “листови”, кои можат да се широки од неколку стотици до 10 милијарди светлосни години, да покриваат повеќе од 5% од видливата вселена. Набљудувањата на суперјатата ни кажуваат нешто за првата состојба на вселената кога се образувале. Насоките на вртежните оски на галаксиите во суперјатата исто така може да не информираат за процесот на раното образување на галаксиите во историјата на вселената.

Помеѓу суперјатата има големи просторни празнини во кои постојат неколку галаксии. Суперјатата често се поделени на групи јата наречени галактички облаци.

Список на суперјата

уреди

Блиски суперјата 

уреди
Суперјато Податоци Белешки
Ланијакеја
  • z = 0.000
  • Должина = 153 мпс (500 мсг)
Ланијакеја е суперјато кое ги содржи Месната Група како и нашата галаксија Млечниот Пат.
Девица
  • z= 0,000
  • Должина = 33 мпс (110 мсг)
Ги содржи Месната Група заедно со нашата галаксија. Исто така блиску до неговото средиште го има Девица, некогаш наречено Месното суперјато. Се мисли дека содржи повеќе од 47.000 галаксии.

 Во 2014 кажаа дека Ланијакеја го зазема суперјатото Девица и станува нова компонента на истото.[1] 

Водна Змија-Кентаур Тоа е составено од две крила, понекогаш се наречени суперјата, или понекогаш целото суперјато е познато под две имиња 
  • Водна Змија
  • Кентаур

Во 2014 кажаа дека Ланијакеја го зазема суперјатото Водна Змија-Кентаур и станува нова компонента на истото.[1] 

Персеј-Риби
Паун-Индијанец Во 2014 кажаа дека Ланијакеја го зазема суперјатото Паун-Индијанец и станува нова компонента на истото.
Береникина Коса Повеќето облици на CFA џуџе, средиштето на галаксијата CfA2 Големиот Ѕид Вајар SCl 9
Херкул SCl 160
Лав SCl 93
Змијоносец
  • 17ч 10м −22°
  • cz=8500–9000 км/с (средиште)
  • 18 x 26 мпс
Го образува ѕидот на празнината во Змијоносец, може да е поврзано во нишка со суперјатата Паун-Индијанец и Херкул. Ова суперјато е во средиштето на cD Змијоносец јатото и има уште најмалку две галактички јата , 4 галактички групи.
Шеплиево суперјато
  • z=0,046 (оддал. 650 мсг)
Второ по ред пронајдено после Месното суперјато.

Далечни суперјата 

уреди
Суперјато Податоци Белешки
Риби-Кит
Воловар SCl 138
Часовник
z=0,063 (700 мсг)
Должина=550 Mly
Целото суперјато е познато како Часовник-Мрежичка
Северна Круна
z=0,07[2]
Гулаб
Водолија
Водолија Б
Водолија-Јарец
Водолија-Кит
Воловар А
Длето SCl 59
Змеј
Змеј-Голема Мечка
Печка-Еридан
Жерав
Лав А
Лав-Секстант
Лав-Девица SCl 107
Микроскоп SCl 174
Пегаз-Риби SCl 3
Персеј-Риби SCl 40
Риби-Овен
Голема Мечка
Девица-Береникина Коса SCl 111

Многу далечни суперјата 

уреди
Суперјато Податоци Белешки
Рис z=1,27 Пронајдено во 1999 (како ClG J0848+4453, име кое сега се користи да се опише западното јато, со ClG J0849+4452 е источното) содржи најмалку две јата RXJ 0848.9+4452 (z=1,26) and RXJ 0848.6+4453 (z=1,27) . Во времето кога беше пронајдено, стана најдалечното познато суперјато. Седум помали групи на галаксии се поврзани со него.
SCL @ 1338+27 при z=1,1

z=1,1 Должина=70 мпс 

Богато суперјато со неколку јата галаксии беше откриено на невообичаено место 23 QSOs при z=1,1 во 2001 г. Големинатана комплексот на јата може да насочува на ѕид од галаксии кој се наоѓа таму, наместо на едно суперјато. Големината пронајдена ја достигнува големината на нишката CfA2 Големиот Ѕид. Во времето кога било пронајдено било најголемото и најоддалеченото суперјато над z=0,5
SCL @ 1604+43 при z=0,9 z=0,91 Ова суперјато во времето кога било откриено било најголемото јато најдено толку длабоко во вселената во 2000. Составено е од две богати јата и едно новооткриено јато како резултат на проучувањето. Тогаш познатите јата биле Cl 1604+4304 (z=0,897) и Cl 1604+4321 (z=0,924), за кои тогаш било познато дека имаат 21 и 42 познати галаксии. Новооткриеното јато е Сместено на 16 ч 04 м 25,7 с, +43° 14′ 44,7″.
SCL @ 0018+16 при z=0,54 in SA26 z=0,54 Ова суперјато лежи околу радио галаксијата 54W084C (z=0,544) и го сочинуваат најмалку три големи јата CL 0016+16(z=0,5455), RX J0018.3+1618 (z=0,5506), RX J0018.8+1602.
MS 0302+17

z=0,42 должина=6 мпс

Ова суперјато има најмалку 3 јата, источно CL 0303+1706, јужно MS 0302+1659 и северно MS 0302+1717.

Дијаграм

уреди
Дијаграм на местоположбата на Земјата во метагалаксијата (видливата вселена) и блиските суперјата на галаксии. (Кликнете тука за поголема слика.)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 R. Brent Tully; Helene Courtois; Yehuda Hoffman; Daniel Pomarède (2 September 2014). „The Laniakea supercluster of galaxies“. Nature (објав. 4 September 2014). 513 (7516): 71. arXiv:1409.0880. Bibcode:2014Natur.513...71T. doi:10.1038/nature13674.
  2. Postman, M.; Geller, M. J.; Huchra, J. P. (1988). „The dynamics of the Corona Borealis supercluster“. Astronomical Journal. 95: 267–83. Bibcode:1988AJ.....95..267P. doi:10.1086/114635.