Девица (галактичко јато)

галактичко јато

Девицајато галаксии чие средиште е на далечина од 53,8 ± 0,3 мсг (16,5 ± 0,1 мпс)[2] во соѕвездието Девица. Опфаќа околу 1.300 до 2.000 галаксии,[3] и го сочинува јадрото на поголемото суперјато Девица, во чиј состав е Месната Група со нашиот Млечен Пат. Се проценува дека јатото има маса од 1,2×1015 M во делот од 8 степени од јатното средиште или пречник од 2,2 мпс.[4]

Девица
Јатото Девица. Најголема галаксија Месје 87 (долу-лево).
Податоци од набљудување (епоха J2000)
СоѕвездијаДевица и Береникина Коса
Ректасцензија12ч 27м[1]
Деклинација+12° 43′[1]
Најсјаен членМесје 49
Бр. на галаксии~1.500[1]
Бауц-морганова класаIII[1]
Врзивна маса1015 M
Карта на суперјатото Девица околу Месната Група (пречник 200 мсг ≈ 60 мпс). Јатото Девица е во десниот средиштен дел на сликата, на околу 50 мсг од Месната Група.
Слика на јатото Девица со обележани галаксии.

Посјајните галаксии во јатото се откриени во последните децении на XVIII век и заведени во Месјеовиот каталог како „маглини без ѕвезди“ и се сметале за такви сè до 1920-тите.[5][6]

Јатото се оптега по лак од 8 степени со средиште во соѕвездието Девица. Иако најсјајните објекти се забележливи со скромен инструмент, телескопите со пречник од 15 см доловуваат 160 галаксии при добри услови. Најсјаен објект на јатото Девница е елиптичната галаксија Месје 49, иако најпознат е елиптичната галаксија Месје 87 во неговото средиште.[7]

Особености

уреди

Јатото е прилично разнородна мешавина од спирални и елиптични галаксии.[8] Се смета дека спиралните галаксии во јатото се распоредени во облик на доглнавеста нишка, четирипати подолга отколку што е широка, која се протега долж видното поле од Млечниот Пат.[9] Елиптичните галаксии се збиени понасредина отколку спиралните.[10]

Во Јатото на Девица има барем три одделни грутки: Девица A (околу M87), втора грутка (околу M86) и Девица B, околу M49. Некои го распознаваат и подјато Девица C (околу M60) како и грутка наречена Малобрзински облак (МБО/LVC) околу големата спирална галаксија NGC 4216.[11]

Од нив најголема е грутката Девица A, составена од елиптични, леќести и спирални галаксии сиромашни со гас.[12] Има маса од 1014 M, што е величински ред повеќе од другите две грутки.[13] Трите подгрупи се во процес на соединување во едно јато.[13] Овие се опкружени со помали галактички облаци од спирални галаксии, наречени облак N, облак S и Девица E кои тежат да се припојат кон нив.[14] Постојат други поодалечени галаксии и галактички групи (како гал. облак Береникина Коса I) кои исто така се под влијание на јатото и се очекува да се припојат во подалечна иднина.[15] Сето ова покажува дека Девица е динамички младо јато кое сè уште е во фаза на образба.[14]

Соседните собирни целини наречени облаци M, W и W'[11] се позадински системи независни од главното јато.[14]

Големата маса на јатото е утврдена по големите привлечни брзини на неговите галаксии, кои достигнуваат 1.600 км/с во однос на јатното средиште. Како дел од суперјатото Девица, неговата маса ги забавува околните галаксии, како и оддалечувањето на Месната Група за околу десет отсто.

Внатрејатна средина

уреди

Како и кај многу други галактички јата, внатрејатната средина на Девица е исполнета со проретчена врела плазма на температура од 30 милиони келвини која оддава рендгенски зраци.[16] Во оваа внатрејатна средина се среќаваат многубројни меѓугалактички ѕвезди[17][18] (до 10 % од ѕвездите во јатото),[19] вклучувајќи извесни планетарни маглини.[20] Се претпоставуа дека се работи за ѕвезди исфрлени од нивните матични галаксии при заемодејството со други галаксии.[19] Тука се присутни и извесен број збиени ѕвездени јата,[21][22][23] веројатно издвоени од џуџести галаксии,[23] а можеби и барем едно ѕвездообразбено подрачје.[24]

Галаксии

уреди

Во табелата се дадени најсјајните или поинаку значајни објекти во јатото Девица, заедно со подгрупата во која се сместени. Треба да се има предвид дека постои несогласување за припадноста на некои галаксии од јатото[11][14][25][26])

Назив Координати
(епоха 2000)
Привид.
величина

(сино)
Вид Аголна големина Пречник
(исг)
БП
(км/с)
Подјато
Рек. Дек.
Месје 98 12 13,8 14 54 10,9 SBb 9,8′ 150 184 Девица A или облак N
NGC 4216 12 15,9 13 09 10,9 SBb 7,9′ 120 459 Девица A, облак N или МБО.
Месје 99 12 18,8 14 25 10,4 Sc 5,4′ 80 2735 Девица A или облак N
NGC 4262 12 19,5 14 53 12,4 S0 1,9′ 30 1683 Девица A
NGC 4388 12 25,5 12 39 11,8 SAb 6,2′ 85 2845 Девица A
Месје 61 12 21,9 04 28 10,2 SBbc 6,2′ 100 1911 облак S
Месје 100 12 22,9 15 49 10,1 SBbc 7,6′ 115 1899 Девица A
Месје 84 12 25,1 12 53 10,1 E1 6,0′ 90 1239 Девица A
Маркарјанов Ланец
Месје 85 12 25,4 18 11 10,0 S0 7,1′ 105 1056 Девица A
Месје 86 12 26,2 12 57 9,9 E3 10,2′ 155 37 Девица A или сопствена подгрупа.
Маркарјанов Ланец
NGC 4435 12 27,7 13 05 11,7 S0 3,0′ 45 1111 Девица A
NGC 4438 12 27,8 13 01 11,0 Sa 8,7′ 130 404 Девица A
NGC 4450 12 28,5 17 05 10,9 Sab 5,1′ 80 2273 Девица A
Месје 49 12 29,8 08 00 9,3 E2 9,8′ 150 1204 Девица B
Месје 87 12 30,8 12 23 9,6 E0–1 9,8′ 150 1204 Девица A
Месје 88 12 32,0 14 25 10,3 Sb 6,8′ 100 2599 Девица A
NGC 4526 12 32,0 07 42 10,6 S0 7,1′ 105 931 Девица B
NGC 4527 12 34,1 02 39 12,4 Sb 4,6′ 69 1730 облак S
NGC 4536 12 34,4 02 11 11,1 SBbc 7,2′ 115 2140 облак S
Месје 91 12 35,4 14 30 11,0 SBb 5,2′ 80 803 Девица A
NGC 4550 12 35,5 12 13 12,5 S0 3,2′ 50 704 Девица A
Месје 89 12 35,7 12 33 10,7 E0 5,0′ 75 628 Девица A
NGC 4567 12 36,5 11 15 12,1 Sbc 2,8′ 40 2588 Девица A
NGC 4568 12 36,6 11 14 11,7 Sbc 4,4′ 65 2578 Девица A
Месје 90 12 36,8 13 10 10,2 SBab 10,5′ 160 87 Девица A
NGC 4571 12 36,9 14 13 11,9 Sc 3,7′ 55 659 Девица A
Месје 58 12 37,7 11 49 10,6 SBb 5,6′ 85 1839 Девица A
Месје 59 12 42,9 11 39 10,8 E5 5,0′ 75 751 Девица A или Девица E
Месје 60 12 43,7 11 33 9,8 E2 7,2′ 110 1452 Девица A, Девица E или Девица C
NGC 4651 12 43,7 16 24 11,4 Sc 4,0′ 60 1113
NGC 4654 12 43,9 13 08 11,1 SBc 5,0′ 75 1349 Девица A

Помалку сјајните галаксии од јатото обично се познати по нивниот број во Каталогот на јатото Девица, особено оние од многуте џуџести галаксии.[27]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „NASA/IPAC Extragalactic Database“. Results for Virgo Cluster. Посетено на 2006-10-19.
  2. Mei, Simona; Blakeslee, John P.; Côté, Patrick; Tonry, John L.; West, Michael J.; Ferrarese, Laura; Jordán, Andrés; Peng, Eric W.; Anthony, André; Merritt, Davi (2007). „The ACS Virgo Cluster Survey. XIII. SBF Distance Catalog and the Three-dimensional Structure of the Virgo Cluster“. The Astrophysical Journal. 655 (1): 144–162. arXiv:astro-ph/0702510. Bibcode:2007ApJ...655..144M. doi:10.1086/509598.
  3. „Virgo Cluster“. Cosmos. Swinburne University of Technology.
  4. Fouqué, P.; Solanes, J. M.; Sanchis, T.; Balkowski, C. (2001). „Structure, mass and distance of the Virgo cluster from a Tolman-Bondi model“. Astronomy and Astrophysics. 375 (3): 770–780. arXiv:astro-ph/0106261. Bibcode:2001A&A...375..770F. doi:10.1051/0004-6361:20010833.
  5. По записот за M91 во „Познавање на времето“ (Connoissance des Temps) за 1784 г., Месје ја дава следнава белешка:
    Соѕвездието Девица, особено северното крило, е меѓу оние со највеќе маглини: овој каталог содржи тринаесет кои се веќе утврдени: погл. бр. 49, 58, 59, 60, 61, 84, 85, 86, 87, 88, 89, 90 и 91. Сите се без ѕвезди: видливи се само при многу добри небесни услови и близу нивниот меридијански премин. Највеќето маглини ми ги укажа г-динот Мешен.
  6. „Messier 91 — Observations and Descriptions“. SEDS.
  7. „Virgo Cluster | Messier Objects“. www.messier-objects.com (англиски). Посетено на 2018-06-24.
  8. Côté, Patrick; Blakeslee, John P.; Ferrarese, Laura; Jordán, Andrés; Mei, Simona; Merritt, David; Milosavljević, Miloš; Peng, Eric W.; Tonry, John L.; и др. (July 2004). „The ACS Virgo Cluster Survey“. The Astrophysical Journal. 153 (1): 223–242. arXiv:astro-ph/0404138. Bibcode:2004ApJS..153..223C. doi:10.1086/421490.
  9. M. Fukugita; S. Okamura; N. Yasuda (1993). „Spatial distribution of spiral galaxies in the Virgo Cluster from the Tully-Fisher relation“. Astrophysical Journal. 412: L13–L16. Bibcode:1993ApJ...412L..13F. doi:10.1086/186928.
  10. „Virgo Cluster“. ned.ipac.caltech.edu. Посетено на 2018-06-24.
  11. 11,0 11,1 11,2 Boselli, A.; Voyer, E.; Boissier, S.; Cucciati, O.; Consolandi, G.; Cortese, L.; Fumagalli, M.; Gavazzi, G.; Heinis, S.; Roehlly, Y.; Toloba, E. (2014). „The GALEX Ultraviolet Virgo Cluster Survey (GUViCS). IV. The role of the cluster environment on galaxy evolution“. Astronomy & Astrophysics. 570: A69. arXiv:1407.4986. Bibcode:2014A&A...570A..69B. doi:10.1051/0004-6361/201424419. A69.
  12. Chamaraux, P.; Balkowski, C.; Gerard, E. (1980). „The H I deficiency of the Virgo cluster spirals“. Astronomy & Astrophysics. 83 (1–2): 38–51. Bibcode:1980A&A....83...38C.
  13. 13,0 13,1 The Virgo Super Cluster: home of M87 (with frames)
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 Gavazzi, G.; Boselli, A.; Scodeggio, M.; Pierini, D.; Belsole, E. (1999). „The 3D structure of the Virgo cluster from H-band Fundamental Plane and Tully-Fisher distance determinations“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 304 (3): 595–610. arXiv:astro-ph/9812275. Bibcode:1999MNRAS.304..595G. doi:10.1046/j.1365-8711.1999.02350.x.
  15. Tully, R. B.; Shaya, E. J. (1984). „Infall of galaxies into the Virgo cluster and some cosmological constraints“. Astrophysical Journal. 281: 31–55. Bibcode:1984ApJ...281...31T. doi:10.1086/162073.
  16. Lea, S. M.; Mushotzky, R.; Holt, S. S. (1982). „Einstein Observatory solid state spectrometer observations of M87 and the Virgo cluster“. Astrophysical Journal. 262 (1): 24–32. Bibcode:1982ApJ...262...24L. doi:10.1086/160392. hdl:2060/19820026438.
  17. Ferguson, H. (1997). „Intergalactic Stars in the Virgo Cluster“. HST Proposal: 7411. Bibcode:1997hst..prop.7411F.
  18. Ferguson, Henry C.; Tanvir, Nial R.; von Hippel, Ted (January 1998). „Detection of intergalactic red-giant-branch stars in the Virgo cluster“. Nature (англиски). 391 (6666): 461–463. arXiv:astro-ph/9801228. Bibcode:1998Natur.391..461F. doi:10.1038/35087. ISSN 0028-0836.
  19. 19,0 19,1 Ferguson, Henry C.; Tanvir, Nial R.; von Hippel, Ted (1998). „Detection of intergalactic red-giant-branch stars in the Virgo cluster“. Nature. 391 (6666): 461–463. arXiv:astro-ph/9801228. Bibcode:1998Natur.391..461F. doi:10.1038/35087.
  20. Feldmeier, J.; Ciardullo, R.; Jacoby, G. (1998). „Intracluster Planetary Nebulae in the Virgo Cluster. I. Initial Results“. Astrophysical Journal. 503 (1): 109–117. arXiv:astro-ph/9803062. Bibcode:1998ApJ...503..109F. doi:10.1086/305981.
  21. Takamiya, Marianne; West, Michael; Côté, Patrick; Jordán, Andrés; Peng, Eric; Ferrarese, Laura (2009). IGCs in the Virgo Cluster. Globular Clusters – Guides to Galaxies, Eso Astrophysics Symposia, Volume. Eso Astrophysics Symposia. стр. 361–365. Bibcode:2009gcgg.book..361T. doi:10.1007/978-3-540-76961-3_83. ISBN 978-3-540-76960-6.
  22. Durrell, Patrick R.; Accetta, K.; Feldmeier, J. J.; Mihos, J. C.; Ciardullo, R.; Peng, E. W.; Members of the NGVS team (2010). „Searching for Intracluster Globular Clusters in the Virgo Cluster“. Bulletin of the American Astronomical Society. 42: 567. Bibcode:2010AAS...21547814D.
  23. 23,0 23,1 Lee, Myung Gyoon; Park, Hong Soo; Hwang, Ho Seong (2010). „Detection of a Large-Scale Structure of Intracluster Globular Clusters in the Virgo Cluster“. Science. 328 (5976): 334–. arXiv:1003.2499. Bibcode:2010Sci...328..334L. doi:10.1126/science.1186496. PMID 20223950.
  24. Gerhard, Ortwin; Arnaboldi, Magda; Freeman, Kenneth C.; Okamura, Sadanori (2002). „Isolated Star Formation: A Compact H II Region in the Virgo Cluster“. The Astrophysical Journal. 580 (2): L121–L124. arXiv:astro-ph/0211341. Bibcode:2002ApJ...580L.121G. doi:10.1086/345657.
  25. „Galaxy On Line Database Milano Network“. GOLDMine. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 2012-08-06.
  26. „The Virgo Cluster“. Посетено на 2013-04-06.
  27. Binggeli, Bruno; Sandage, Allan; Tammann, Gustav (1985). „Studies of the Virgo Cluster. II – A Catalog of 2096 Galaxies in the Virgo Cluster Area“. Astronomical Journal. American Astronomical Society. 90: 1681–1759. Bibcode:1985AJ.....90.1681B. doi:10.1086/113874.

Надворешни врски

уреди

Координати:   &1000000000000001200000012ч &1000000000000002700000027м &1000000000000000000000000с, +&1000000000000001200000012° &1000000000000004300000043′ &1000000000000000000000000″