Смолвил (англиски: Smallville) е американска телевизиска серија развиена од сценаристите/продуцентите Алфред Гоф и Мајлс Милар, заснована на стриповите за познатиот суперхерој на DC Comics, Супермен, создаден од Џери Сигел и Џо Шустер. Серијата отпрвин се емитувала на The WB, со премира на 16 октомври 2001.[1] Веднаш по петтата сезона од серијата, The WB и UPN се спојуваат за да оформат заедничка телевизија под името The CW, која е всушност моменталниот прикажувач на серијата во САД.[2] Смолвил беше обновена за деветта сезона на 24 февруари 2009.[3] Серијата ги следи авантурите на младиот Кларк Кент (Том Велинг), кој престојува во измисленото гратче Смолвил, Канзас, во времето пред да стане Супермен. Првите четири сезони се фокусираат на средношколските денови на Кларк и неговите пријатели. Веќе од петтата сезона, серијата се поместува во повозрасни рамки, евентуално фокусирајќи се на неговата кариера во Daily Planet, како и претставување и воведување на нови DC Comics суперхерои и негативци.

Смолвил
Smallville
Жанракција/авантура/научна фантастика/драма
Создадена одЛикови:
Џери Сигел
Џо Шустер
Развиена одАлфред Гоф
Мајлс Милар
Улогивидете подолу
Воведна темаSave Me“ од Remy Zero
Композитор(и)Марк Сноу
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони8
Бр. на епизоди174 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)Алфред Гоф
Мајлс Милар
Мајкл Толин
Брајан Робинс
Џо Давола
Кен Хортон
Грег Бимен
Тод Славкин
Дерен Свимер
Кели Саудерс
Брајан Питерсон
МестоположбаБританска Колумбија, Канада
Времетраење42 минути (приближно)
Прикажување
Првична мрежаThe WB (20012006)
The CW (2006–сè уште)
Првично прикажување16 октомври, 2001 – сè уште
Хронологија
Слични програмиAquaman
Birds of Prey
Надворешни врски
Мрежна страницаcwtv.com/shows/smallville

Замислата за Смолвил е добиена откако потенцијална серија за патот на младиот Брус Вејн во станувањето Бетмен не успеала да застане на нозе. По состанување со претседателот на одделот Warner Bros. Television, Гоф и Милар го поставиле своето „без основи, нема летања“ правило, со кое ќе го приземат Супермен на суштинските работи и ќе се насочат кон настани кои го водат Кларк Кент да стане Супермен. По седум сезони со серијата, создавачите на серијата Гоф и Милар си заминуваат без да наведат особена причина. Смолвил е во главно сниман во и околу Ванкувер, со некои од локалните претпријатија и градби во улога на некои локации од Смолвил. Музиката е во главно комопонирана од Марк Сноу, кој има дури и употребено и некои од песните на Џон Вилијамс од оригиналниот Супермен филмски серијал; некои од епизодите исто така содржат и свои песни, присобрани од различни музички бендови. Најавната песна не е од Сноу, туку е песната „Save Me“ од Remy Zero.

Откако се емитува, серијата во главно, е позитивно прифатена, со поранешната Супермен ѕвезда Кристофер Рив изјавувајќи го своето одобрување. Првата епизода го проби рекордот за најгледана дебитантна серијата на The WB, со 8.4 милиони гледачи.[4] Со седум сезони завршени, Смолвил има приближно околу 4.86 милиони гледачи по епизода, со втората сезона достигнувајќи највисока гледаност од 6.3 милиони. Се од првата сезона, серијата има добиено разни награди, од Еми награди па сè до неколку награди Избор на тинејџерите. Смолвил поттикна Aquaman пилот, кој на крајот сепак не беше одбран од The CW, како и промотивни врски со Verizon, Sprint, Toyota и Stride. Во друга медија, серијата се проширува во младинско-возрасни романи, месечен стрип на DC Comics и неколку саундтрак изданија, како и Смолвил-поврзана трговска стока. Моментално, сите седум сезони на Смолвил се достапни на DVD во регионите 1, 2 и 4.

Глумечка екипа

Том Велинг го толкува Кларк Кент, млад човек со натприродни способности, кој се обидува да си го најде своето место во светот откако открива дека е вонземјанин. Тој ги користи своите способности да спасува луѓе во невоља. На почетокот негов главен проблем е чувањето на својата тајна и обидот да остане нормален. По месеци барање, Том Велинг бил одбран за улогата на Кларк Кент.[5] Иако најпрвин Дејвид Натер морал да го убеди менаџерот на Велинг дека улогата нема да и наштети на филмската кариера на Том ако сакал Том воопшто да го види сценариото. По читање на сценариото, Велинг бил убеден да се пријави за улогата.[6]

Кристин Крук ја толкува Лана Ленг, типична девојка од соседството. Таа има „празнина во срцето“, поради загубата на своите родители и сочувствува со сите. Таа чувствува поврзаност кон Кларк.[7] Гоф и Милар отпрвин се обидувале да најдат некој за улогата на Кларк, но Кристин била првата која била одбрана за да толкува некоја улога, откако Дејвид Натер ја видел аудиционата лента што ја пратила глумицата.[6] Кристин Крук ја напушта серијата по крајот на седмата сезона,[8] но се враќа за пет епизоди во осмата сезона.[9]

Мајкл Росенбаум го толкува Лекс Лутор, син на милијардер пратен во Смолвил да го одржува локалниот погон за ѓубриво. Откако Кларк му го спасува животот, двајцата брзо се спријателуваат.[10] Како што серијата се развива и напредува, неговото пријателство со Кларк се урива сè додека не почнат и двајцата да се сметаат за непријатели. Улогата била тешка за бирање, бидејќи никој не можел да се согласи кој е идеален за улогата.[11] Мајкл Росенбаум двапати се пријавил за улогата. Чувствувајќи дека не ја сфатил сериозно првата аудиција, Росенбаум изглумил сцена од две и пол страни, укажувајќи сите места да бидат смешни, харизматични или заканувачки.[12] Аудицијата поминала толку добро што сите се согласиле дека „тој е тој“.[11] По седум сезони, Росенбаум ја напушта серијата.[8][13]

Алисон Мек ја толкува Клои Саливан, една од најдобрите пријателки на Кларк. Таа е заљубена во Кларк, иако чувствата не и се целосно разјаснети.[14] Како уредник на училишниот весник, нејзината новинарска љубопитност секогаш сакајќи да „открие лаги“ и „да ја дознае вистината“[15]—создава тензија кај нејзините пријатели, особено кога копа по минатото на Кларк.[16] Веднаш откако дознала за Смолвил од аудициониот директор на серијата, Ди Ди Бредли, Алисон Мек размислувала да се пријави за улогата на Лана Ленг. Наместо тоа двапати се пријавила за улогата на Клои Саливан.[15] Ликот бил создаден само за серијата,[11] и било планирано да има етничка позадина пред Мек да биде вработена.[15]

Сем Џонс III го толкува Пит Рос, друг пријател на Кларк. Тој е првата личност на која Кларк самоволно му ја доверува својата тајна.[17] Тој е заљубен во Клои,[18] чувство кое го потиснува во себе поради веќе постоечкиот Кларк-Лана-Клои љубовен триаголник.[19] Пит Рос беше отфрлен од серијата на крајот од третата сезона, но гостува во една епизода од седмата сезона. Џонс бил последниот од целата глумечка екипа кој бил одбран. Гоф и Милар го виделе Џонс четири дена пред да започнат со снимање на првата епизода.[19] Во стриповите, Пит Рос е белец, а продуцентите го одбрале Џонс, кој е Афроамериканец, наспроти митологијата.[19]

Анет O‘Тул ја толкува Марта Кент, посвоителната мајка на Кларк. Таа, заедно со својот сопруг Џонатан, му даваат на Кларк мудар совет за тоа како да ги совладува своите постојано растечки способности. Во петтата сезона, таа го зазема сенаторското место во државниот сенат.[20] Ова води до работа како сенатор на САД во Вашингтон во шестата сезона со што ликот ја напушта серијата.[21] Всушност, на Синтија Етингер и била доделена улогата на Марта Кент, но за време на снимањето сите сфатиле дека таа не е идеална за улогата, вклучувајќи ја и Етингер.[11] Анет О‘Тул била зафатена со снимање на серијата The Huntress кога Етингер го снимала оригиналниот пилот. Додека создавачите барале нова глумица за улогата на Марта Кент, The Huntress била прекината, што и дозволило на О‘Тул да се придружи на глумечката екипа на Смолвил.[22] О‘Тул претходно ја има толкувано улогата на Лана Ленг во Супермен III.[23]

Џон Шнајдер го толкува Џонатан Кент, посвоителниот татко на Кларк. Тој е подготвен на се за да ја заштити тајната на својот син. Според Шнајдер, Џонатан е „совршено подготвен да оди во затвор, или на полошо место, за да го заштити својот син“.[24] Џон Шнајдер беше отфрлен од серијата во 100 епизода, со Џонатан умирајќи од срцев удар на денот кога победува на сенаторските избори.[25] Милар и Гоф сакале препознатливо лице за Смолвил. На Гоф и Милар премногу им се допаднала идејата да го постават Шнајдер во улогата на Џонатан, бидејќи Шнајдер бил претходно познат како Бо Дјук од The Dukes of Hazzard, кое Гоф го прокоментира дека тој верува дека е можно да Шнајдер пораснал предводејќи фарма.[11]

Ерик Џонсон го толкува Витни Фордмен, момчето на Лана, кое станува љубоморно на пријателството на Кларк и Лана, одејќи толку далеку да почне да го презира Кларк.[10] Тој евентуално се смирува со Кларк, пред да реши и замине да стане маринец.[26] Витни беше отфрлен од серијата во финалето на првата сезона, но прави камео појавувања во епизодата „Visage“ од втората сезона, каде се открива дека умрел во странство и во епизодата „Façade“ од четвртата сезона, во ретроспектива на Кларк. Ерик Џонсон го искажа своето задоволство за тоа како сценаристите се справиле со заминувањето на Витни, давајќи му на ликот излез како на херој.[27] Џонсон се пријавил за улогите на Лекс и Кларк, додека конечно не му биде доделена улогата на Витни Фордмен.[28]

Џон Гловер го толкува Лајонел Лутор, таткото на Лекс. Лајонел е одговорен за посвојувањето на Кларк да биде без никакви легални разгранетости и прашања поврзани со неговото потекло.[16] Гловер се обидел да направи Лајонел да изгледа толку цврст колку што се обидувал да го направи Лекс. Гловер гледа на ликот како некој кој е богат и моќен стопанственик, разочаран во својот син. За првата сезона, цел на Гловер била, да ги прикаже обидите на Лајонел да го направи Лекс поцврст.[29] Лајонел бил создаден исклучиво за серијата, да се овозможи паралела на Кентови, како „експеримент во екстремно родителство“.[11] Во втората сезона, Џон Гловер, кој имал повратна улога во првата сезона од серијата, станува дел од редовната глумечка екипа. Останува во серијата со постојана улога сè додека не е убиен од Лекс во седмата сезона во епизодата „Descent“.[30]

Ерика Дуренс ја толкува Лоис Лејн, братучетка на Клои. Таа доаѓа во Смолвил да ја истражи претпоставената смрт на Клои.[31] Таа престојува кај Кентови додека е во градот. Дуренс беше повратен гостин за четвртата сезона, но има редовна улога со почетокот на петтата сезона. Продуцентите постојано сакале да ја воведат Лоис Лејн во серијата и претпоставената смрт на Клои во финалето на третата сезона изгледало како идеален момент за тоа. Дуренс била распределена со улогата само три дена пред снимањето да започне и отпрвин можеле да се појавува само во четири епизоди засновани на шпекулации од филмскиот оддел на Warner Bros. По дискусија, ликот бил адаптиран за повеќе епизоди.[32]

Јенсен Аклс го толкува Џејсон Тиг, љубовен интерес на Лана во четвртата сезона. Тој ја следи Лана до Смолвил, од Париз и се вработува во нејзиното училиште како помошник на фудбалскиот тренер.[33] Кога се дознава за неговата врска со Лана тој е отпуштен. При крајот на сезоната, се открива дека тој постојано работел со мајка си да ги пронајде трите криптонски камења на знаењето.[34] Аклс бил најплатен за четврата сезона и бил повикан да остане и во петтата сезона, но бил отфрлен во финалето на четвртата сезона поради неговите обврски со серијата Натприродно.[35]

Арон Ешмор го толкува Џими Олсен, момче на Клои и фотограф, кој исто така работи во Daily Planet. Ешмор беше повратен гостин за време на шестата сезона, но има редовна улога веќе од седмата сезона. Ешмор вели дека тоа што го одбрале за улогата било големо изненадување за него, но токму тоа што го сакал. Глумецот изјавува, „Се пријавив за улогата и се снимив. Потоа ништо не слушнав, и неколку седмици подоцна, одеднаш, добив повик велејќи ми 'Ти одиш во Ванкувер да почнеш да со снимање за Смолвил.' Ми се отствари сонот, навистина.“[36] По три сезони во серијата, од кои две со редовна улога, ликот на Ешмор беше убиен. Иако „Џими Олсен“ беше убиен, Ешмор објасни дека неговиот Џими не бил вистинскиот Џими и дека помладиот брат на ликот, кој накратко се појавува во финалето на осмата сезона, е всушност вистинскиот „Џими Олсен“ кој еден ден ќе работи покрај Кларк и Лоис.[37]

Лора Вандервурт ја толкува Кара, криптонската братучетка на Кларк. Таа била пратена да го побара Кал-Ел (Кларк), но останува заглавена во вселенскиот брод каде не покажува знаци за живот. Кога заштитата на нејзиниот вселенски брод се крши во финалето на шестата сезона „Фантом“, таа е ослободена. Таа ги има сите способности на Кларк, вклучувајќи ја и способноста да лета.[38] На крајот на седмата сезона, Кара е заробена во Фантомската Зона. Вандервут за жал не се враќа целосно во осмата сезона,[39] но се појавува кратко во епизодата „Потекло“ за да го загрее својот синопсис.[40]

Џастин Хартли го толкува Оливер Квин/Зелена Стрела, директор на Queen Industries и водач на мала група од суперхерои. Хартли имаше повратна улога во шестата и седмата сезона, но добива редовна улога во осмата сезона.[41] Хартли бил првиот избор на продуцентите да го игра Оливер Квин; тој е дизајниран да направи пресврт во животите на Кларк и Лоис, како и да му овозможи на Кларк наизменична слика за тоа како да се бори против криминалот.[42]

Семјуел Витвер го толкува Дејвис Блум во осмата сезона. Тој е „харизматичен“ болничар борејќи се со темнината во него.[43] Дејвис Блум е Смолвиловата интерпретација на Думсдеј, единствениот лик кој успеал да го убие Супермен. Витвер објасни дека во текот на сезоната, неговиот лик сè повеќе ќе почне да наликува на неговиот стрип двојник на кој е заснован.[44] Брајан Питерсон објасни дека новите извршни продуценти барале злосторнички лик кој ќе биде толку „одличен како Лекс“, со напуштањето на Мајкл Росенбаум, Думсдеј го направил тоа што ти го барале.[45]

Кеседи Фримен ја толкува Тес Мерсер, избран наследник на Лекс да биде извршен директор на LuthorCorp во осмата сезона.[43] Името „Тес Мерсер“ е изведено од имињата на два лика од Супермен филмовите и стриповите, Ив Тескмачер и Мерси Грејвс.[46] Како што Фримен го опишува својот лик, Тес Мерсер е наследник на Лекс одбран од самиот тој; таа е „безмилосна“, „забавна“ и интелигентна. Првичната цел на Тес за осмата сезона е да го пронајде Лекс, што недискретно ќе ја доведе до Кларк, за кој верува дека ќе и помогне да го пронајде Лекс.[47] Дерен Свимер открива дека таа ќе развие и љубовни чувства кон Кларк.[48]

Наводи

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име tvg.
  2. Jessic Seid (2006-01-24). 'Gilmore Girls' meet 'Smackdown':CW Network to combine WB, UPN in CBS-Warner venture beginning in September“. CNN Money. Посетено на 2007-08-19. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. Ausiello, Michael. „Breaking: CW renews 'Smallville,' 'Gossip Girl,' 'One Tree Hill,' 'Supernatural,' and '90210'. ew.com. Архивирано од изворникот на 2009-02-25. Посетено на 2009-02-24. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Pilot rate.
  5. Simpson, Paul, (Season 1 Companion), pp.112-115
  6. 6,0 6,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име pilcom.
  7. Simpson, Paul, (Season 1 Companion), pp.116-119
  8. 8,0 8,1 Rob Salem. „Shaking things up in Smallville“. The Star. Посетено на 2008-05-19. Text "2008-04-24" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. Michael Ausiello (2008-07-23). „Ask Ausiello: 'CSI' Sex Shocker! Lana Back to 'Smallville'! Gay Panic at 'Grey's'! '24' Villain's Alive!“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2008-08-28. Посетено на 2008-08-27. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  10. 10,0 10,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Pilot ep.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име genesis.
  12. Simpson, Paul, (Season 1 Companion), pp.120-123
  13. Kristin Dos Santos (2008-05-01). „Breaking: Michael Rosenbaum Has Left Smallville“. Eonline. Посетено на 2008-05-02. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  14. "Fever". Matthew Okumura (writer) & Bill Gereghty (director). Smallville. The WB. 2003-02-18. No. 16, season 2.
  15. 15,0 15,1 15,2 Simpson, Paul, (Season 1 Companion), pp.128-131
  16. 16,0 16,1 "Lineage". Alfred Gough, Miles Millar (writers) & Greg Beeman (director). Smallville. The WB. 2002-11-05. No. 7, season 2.
  17. "Duplicty". Todd Slavkin, Darren Swimmer (writers) & Steve Miner (director). Smallville. The WB. 2002-10-08. No. 3, season 2.
  18. "Truth". Drew Greenberg (writer) & James Marshall (director). Smallville. The WB. 2004-04-21. No. 18, season 3.
  19. 19,0 19,1 19,2 Simpson, Paul, (Season 1 Companion), pp.124-127
  20. "Tomb". Steven S. DeKnight (writer) & Whitney Ransick (director). Smallville. The WB. 2006-02-09. No. 14, season 5.
  21. "Prototype". Steven S. DeKnight (writer) & Mat Beck (director). Smallville. The WB. 2007-05-10. No. 21, season 6.
  22. Simpson, Paul, (Season 1 Companion), pp.136-139
  23. Rob Owen (2001-10-14). „Superman revisited in "Smallville". Pittsburgh Post-Gazette. Посетено на 2007-07-08. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  24. Simpson, Paul, (Season 1 Companion), pp.140-143
  25. "Reckoning". Kelly Souders, Brian Peterson (writers) & Greg Beeman (director). Smallville. The WB. 2006-01-26. No. 12, season 5.
  26. "Tempest". Philip Levens, Alfred Gough (writers) & Greg Beeman (director). Smallville. The WB. 2002-05-21. No. 21, season 1.
  27. Jennifer Squires Biller (2007-08-20). „Interview with Flash Gordon's Eric Johnson“. Tube Talk. Посетено на 2007-09-08. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  28. Simpson, Paul, (Season 1 Companion), pp.132-135
  29. Simpson, Paul, (Season 1 Companion), pg.144
  30. "Descent". Don Whitehead, Holly Henderson (writers) & Ken Horton (director). Smallville. The CW. 2008-04-17. No. 16, season 7.
  31. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Crusade ep.
  32. Byrne, Craig, (Season 4 Companion) pp. 138-141
  33. "Gone". Kelly Souders, Brian Peterson (writers) & Greg Beeman (director). Smallville. The WB. 2004-09-29. No. 2, season 4.
  34. "Forever". Brian Peterson, Kelly Souders (writers) & James Marshall (director). Smallville. The WB. 2005-05-11. No. 21, season 4.
  35. Ileane Rudolph (2007-10-25). „Up Close With Supernatural's Jensen Ackles: Part 1“. TV Guide. Посетено на 2007-12-19. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  36. Goldman, Eric (2006-08-02). „IGN: IGN Interview: Aaron Ashmore on Becoming Smallville's Jimmy Olsen“. IGn. Архивирано од изворникот на 2011-08-12. Посетено на 2008-06-07. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  37. Michael Ausiello (2009-05-15). „Find out why 'Smallville' killed off a character“. Entertainment Weekly. MSNBC. Посетено на 2009-05-15. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)[мртва врска]
  38. Rich Sands (2007-06-11). „Exclusive: Supergirl Soars Into Smallville“. TV Guide. Архивирано од изворникот на 2007-06-12. Посетено на 2007-06-11. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  39. Matt Webb Mitovich (2008-05-16). Smallville Exclusive: Kara's Future Is Up, Up in the Air“. TV Guide. Посетено на 2008-05-21. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  40. "Bloodline". Caroline Dries (writer) & Michael Rohl (director). Smallville. The CW. 2008-11-06. No. 8, season 8.
  41. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име 8cast.
  42. Byrne, Craig, (Season 6 Companion) pp. 136-139
  43. 43,0 43,1 „Doomsday actor named for 'Smallville' season eight“. Comics2Film. 2008-06-20. Посетено на 2008-06-20. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  44. Craig Byrne. „Roundtable interview with Sam Witwer“. Kryptonsite. Посетено на 2008-08-28. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  45. Craig Byrne. „Roundtable interview with executive producers Kelly Souders and Brian Peterson (part 1)“. Kryptonsite. Посетено на 2008-09-02. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  46. „Catwoman 2, Punisher: War Zone, Transformers 2: July 30 Comic Reel“. Comic Book Resources. 2008-07-30. Посетено на 2008-08-16. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  47. Craig Byrne. „Roundtable interview with Cassidy Freeman“. Kryptonsite. Посетено на 2008-08-27. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  48. Kristin Dos Santos (2008-08-27). „Smallville: What's in Store for Season Eight?“. E!. Посетено на 2008-08-31. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)