Википедија:Огласна табла за администратори/Архива 3

Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 3


Студентски сојуз на ФОН

Што да правиме со Studentski sojuz na prv privaten univerzitet fon (и копиите: Студентски сојуз на Прв Приватен Универзитет ФОН (ССФОН), Ssfon)? Треба ли да се брише или да остане (преработена)? --Brainmachine (разговор) 19:20, 30 јули 2010 (CEST)[одговори]

Промени во исчекување

Веќе две недели исчекуваме администраторска проверка на статијата Lego Robotics.Ве замолуваме доколку сте во можност да ги проверите нашите промени. Однапред Ви благодариме за соработката. Поздрав од тимот на Mikrosam Akademija 1 (разговор).

Расправа за критетиуми за одземање администраторски и други права

Во моментов ги средувам статиите за номинирање за добивање на оценувачки права. Добро би било кога постапката за одземање на администраторските права би ја уредиле слично како и постапката за добивање на истите права. Нека послужи оваа страница само како почетна дискусија.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:13, 10 септември 2010 (CEST)[одговори]

Мое мислење е дека би било правилно прво да ги исконтактираме, преку меил на пример, па да ги прашаме имаат ли време и желба да се ангажираат на Википедија или не, со нагласок дека ако немаат - постои предлог да им се одземе администраторското право. Бидејќи овде не се работи за прекршени права, па да им се одземе администраторското право без да бидат прашани, односно ова би било некако насилно. --Виолетова (разговор) 08:36, 11 септември 2010 (CEST)[одговори]
Апсолутно, така и реков првично ако може да искажат и самите тие уште подобро е. Овој предлог го ставаме за да се разгледа и оваа администраторска можност на мк Википедија, да се договориме како ќе функционира и како би одел процесот. Не мора да им ги одземеме правата на корисниците ако не сакаат или ако не се договориме. Само разговор за почеток.--Никола Стоіаноски 13:28, 11 септември 2010 (CEST)[одговори]
На ен.вики нема процедура за одземање на администраторски права заради неактивност, туку само според барања на други корисници. Можеби подобро би било да се побара од самите админи да се откажат од нив? --Милош (разговор) 14:14, 11 септември 2010 (CEST)[одговори]
Барав вчера на англиската, но таму средена им е само списокот на поранешни корисници. Поради кои причини им ги зеле не знам, но има некои груби критериуми, но тие критериуми не се за ниту еден админ на нашата Википедија. Јас само еден знам од овие администратори и не е лошо некој ги познава да се распраша. Исто така, треба да се договориме кои критеримуи би биле за одземање на администраторски, бирократски, проверувачки и оценувачки права. Мора да ги заокружиме овие административни работи. Поз--Никола Стоіаноски 14:37, 11 септември 2010 (CEST)[одговори]
Администраторската позиција на Википедија - и сигурен сум дека сите ќе се сложите со мене - е нешто што треба да се заслужи. Треба многу повеќе од тоа за таа да остане во нечија сопственост. Би било бесмислено да објаснувам зошто покрај името на авторот на оваа порака би било и премногу да се напише обичен уредувач: одвај неколку поправки во текот на една година и само повремени посети на Википедија за време на истиот период не е нешто што би требало да стои во резимето на еден нејзин администратор. Особено ако истиот и не е сигурен дека неговата иднина предвидува каква и да е промена. Во случај тој одново да најде време за Википедија - ветува дека повторно ќе го заслужи администраторскиот статус. Дотогаш - доброволно се откажува од него. Ми беше привилегија и задоволство што барем некое време - (се надевам дека истово го мислат и оние покрај кои имав чест да работам) - со причина бев администатор на македонската Википедија. Благодарам за многу нешта, --Виктор Јованоски (разговор) 21:48, 11 септември 2010 (CEST)[одговори]
Сметам дека најдобро би било и останатите администратори доколку можат да се пронајдат, да го дадат истиот одговор како оној на Виктор. Стварно нема да биде во ред доколку без нивно знаење им се одзеде административниот статус, и покрај тоа што лично јас верувам дека тие никогаш нема да се вратат повторно на македонската википедија. --Тиверополник (разговор) 22:13, 11 септември 2010 (CEST)[одговори]
Сепак, малку читнав на англиската вики, но не наидов барем засега на нашиов проблем. Видете како босанската преку гласење автоматски им го одзима админот, без оглед на тоа што повторно не е исто со нашиот проблем. Според мене, би можело да дадеме определен рок за изјаснување на т.н. неактивни администратори (доколку се најдат), а по ова би можело да поминеме на гласење и со определен број на гласови, да им се одзеде статусот. Ова би било најлесниот начин. --Тиверополник (разговор) 22:59, 11 септември 2010 (CEST)[одговори]
Колку што гледам, Комита има оставено меил на неговата корисничка страница, (e-mail: komitapetrov(а)gmail.com ), а guitardemon666 нема оставено меил, ама се изјаснил во март месец годинава: »Guitardemon666 е на долг викиодмор и ќе ѝ се врати на Википедија веројатно никогаш.« Ivica83 е речиси редовен на Викисредбите, иако не е редовен овде, значи не е проблем да се најде. И така ќе бидат сите известени и ќе се изјаснат. --Виолетова (разговор) 23:20, 11 септември 2010 (CEST)[одговори]
Прво многу ми е драго што Виктор се изјасни и ни ја олесни дискусијата. Без негово изјаснување немаше ништо да направиме, а истово важи и за останатите админи. Колку што јас разгледав, ако некој админ се откажал од правата може да си ги врати назад и тоа полесно одошто првиот пат, така што Виктор може да смета секогаш на нас што се однесува за проектите на Викимедија. Второ се сложувам и со Виолетова и со Тиверополник. Освен Гитардемон, другите лесно ќе ги исконтактораме и ќе ги дознаеме нивните мислења. Босанскиот пример е добар, но ние може да го модифицираме. Горе долу сите знаеме кои се критериумите за одземање на админските права (вулгарен, штетен за Вики-заедницата, злоупотреба на алатки и сл) па останува да ги собереме сите критериуми за одземање на правата во вид на листа и да направиме посебен дел каде ќе ја обработи темата за доброволно предавање на правата и нивно повторно враќање. Мислам ова е сè што треба да се стори. Поздрав --Никола Стоіаноски 00:27, 12 септември 2010 (CEST)[одговори]

Јас ќе го прашам Ивица, кој што присуствува на Вики средбите, а и да ве потсетам е еден од основачите на македонската Википедија. Инаку, не сум сигурен дека разбирам која е целта на одземањето на правата. Слично ми е како да ги бришеме уредничките налози на уредниците што не уредуваат редовно. Значи, повторно прашањето: На каков начин ова и помага на македонската Википедија? Инаку, бришењето на администраторски права може да го направи само стјуард. --FlavrSavr (разговор) 11:02, 12 септември 2010 (CEST)[одговори]

Моето размислување е слично на тоа што го кажа FlavrSavr. Јас само би додал дека ако човек сам се откаже (поради неактивност) тоа е во ред - тоа мислам дека треба да е негов избор. Вака може да дојдеме во ситуација ние, кои само во последниве години сме активни, да одлучуваме за луѓе кои можеби имаат многу поголемо влијание врз развојот на Википедија на самиот почеток, а при тоа да не сме запознаени со тоа. Тоа може да биде навредливо (прочитајте ја пораката на Виктор Јованоски).
Поздрав,
--Wikimk (разговор) 11:34, 12 септември 2010 (CEST)[одговори]
Главна цел сега за сега ни е да ги предложиме и направиме критериумите за одземање на правата (админски, бирократски, оценувачки и проверувачки), бидејќи сите Википедии го имаат ова а кај воопшто не. Мислам ова е едно од последните поголеми административни работи на Википедија. Заедно со ова ги наведов и неактивните админи, но не значи дека ќе ги гласаме, туку да ги прашаме дали да ги ставаме во листа на админи или не. Главното се сепак критериумите и да направиме статија Википедија:Одземање администраторски права. --Никола Стоіаноски 11:56, 12 септември 2010 (CEST)[одговори]
Да, во право си. Ивица се враќа денес од одмор, ќе го прашам дали да го сметаме за админ. --FlavrSavr (разговор) 13:04, 12 септември 2010 (CEST)[одговори]

Оваа расправа е штетна за википедија и вики заедницата вака како што се води. Треба прво да се поведе расправа за критериумите за одземање на администраторските права, за да може да се дефинираат истите. Дури потоа да се цени, повторно низ расправа за секој случај поединечно, дали некој ги исполнува истите, и доколку ги исполнува јасно би следело одземање на истите. Начинот како е започната оваа расправа наведува да се запрашаме кои се вистинските мотивите за поведување на истата, доколку ги имало? Дали се размислувало за можните негативни последици врз заедницата? Јас сум за тоа доколку некој е штетен за заедницата да му се одземат администраторските права, но според мене никако неактивноста не може да биде критериум за одземање на тие права. Сите кои беа наведени на почеток од оваа расправа се заслужни за развојот на википедија на македонски јазик и јас лично имам најдобри зборови за нив, дале максимум од себе за да се развие википедија на македонски јазик. Доколку учесниците во оваа дискусија издејствуваат барем на еден од нив да им се одземе администраторското право поради нивната неактивност одреден период тогаш јас прв ќе се додадам на таа листа. Жалам што Виктор читајќи ја оваа расправа беше доведен во незгодна ситуација, но верувам дека има милијарда начини да и помогне на заедницата, а активното уредување е само еден од начините да го стори тоа и не е лимитирано со временски континиум. Администраторите како и било кој од уредувачите не се машини па континуирано да исполнуваат некоја норма. Википедија не е платен проект, па за награда да се бара континуирана активност. Уште еднаш повторувам, според мене воопшто не смее дисконтинуирана активност во уредувањето да биде критериум за одземање на администраторски права на било кого, прво треба да има дефинирани критериуми за одземање на администраторски права, после тоа за секого поединечно заедницата да цени дали ги исполнува тие критериуми или не.--brest (разговор) 09:11, 13 септември 2010 (CEST)[одговори]

Целосно се согласувам со brest. Според мене, нема потреба да се одземаат адмистраторските права на неактивни администратори. Ова е нешто што во никој случај нема да и помогне на Википедија, туку само може да и наштети. --Стан (разговор) 12:36, 13 септември 2010 (CEST)[одговори]
Оние кои сметаат дека треба да се отстранат, може прво да си одговорат на едно едноставно прашање: Со што тоа ќе и помогне на Википедија? --Стан (разговор) 12:39, 13 септември 2010 (CEST)[одговори]
Да може чудно е започната дискусијава. но никој не зел админски права до сега и нема да одземе додека не завршиме со расправата. Дајте предлози да ги составиме критериумите, зошто ако имаше добра статија на англиски ќе ја преведевме до сега. Не мора да одземаме права никому, заборавете на тоа, ќе дискутираме за критериумите. --Никола Стоіаноски 13:24, 13 септември 2010 (CEST)[одговори]
Според мене нема смисла посебни критериуми. Сите обиди да се направи тоа на англиската Википедија доведоа до "failed proposal".
Ако има проблем со одреден администратор:
1. се прави обид да се реши со дискусија директно со него, и ако сепак работите не се подобруваат,
2. може да се направи заедничка дискусија, ако работите не се подобруваат
3. со гласање дали да се "предложи" за отстранување на правата.
4. Ако мнозинството гласа за отстранување (> 50%), се подготвува барање до стјуардите, како се овозможи администраторот да се заштити.
5. Стјуардите одлучат дали да му се земат правата или не.
Белешка: Во некои Википедии директно си пушта барање до стјуардите за отстранување.
Поврзано: Wikipedia talk:Community de-adminship/Draft RfC
--Стан (разговор) 13:58, 13 септември 2010 (CEST)[одговори]
Видов дека некои предлози им пропаднале, но не знаев дека се сите. Ако таму не успеало ништо тука нема воопшто да се случи. Како е на бугарската по ова прашање? Или и таму нема нешто вакво? Ако не, значи дискусијава е завршена бидејќи сум ја отворил без потреба :) --Никола Стоіаноски 14:03, 13 септември 2010 (CEST)[одговори]
Википедија: Предлози за администратори: Во историјата на Бугарската Википедија има само еден случај на суспендирани на права на активен администратор (во 2005 година). Тогаш стана со просто гласање (мин. 75-80%) (по дискусија) - 100% гласаа "за". Има и еден друг обид (активен администратор), кој беше неуспешен. Сите обиди да се отстранат права поради неактивност беа неуспешни. Критиерии за отстранување на администраторски права во бугарската Википедија нема, се се случува со гласање ("за" > 75%) . Се е прашање на проценка, предлог, дискусија и гласање. --Стан (разговор) 15:20, 13 септември 2010 (CEST)[одговори]
Аха, значи на тој начин оди процесот. Значи може истиот и за кај нас да се воведе, исто како за доделување на правата. Мислам сите корисници се сложуваат на овој начин, но не беше лошо што се отвори оваа дискусија. Јас мислев ќе правиме посебна статија за ова, ама по сè изгледа нема потреба. Како и да, мислам дискусијава е завршена, нема потреба од одземање на правата и правење посебни критериуми. Не бев сигурен за овој процес па затоа и предложив дискусија. --Никола Стоіаноски 15:32, 13 септември 2010 (CEST)[одговори]
Тука некаде сум и јас со ставот - администратор може сам да се откаже од правата доколку смета дека не може да и помогне на Википедија. Скоро секој поминува низ период на заситување од Википедија, некој се враќа порано, друг подоцна :) --Милош (разговор) 01:00, 14 септември 2010 (CEST)[одговори]

Како да ја потврдам дозволата за користење на слики од страна на повеќе автори на фотографии?

Како да ја потврдам дозволата за користење на слики од страна на повеќе автори на фотографии?

Уф, тоа е една малку сложена процедура. Еве ти линк. Пробај прочитај, ако се снајдеш обиди се. позз--Р ашо  19:44, 12 септември 2010 (CEST)[одговори]

Зошто пишувате глупости за историјата, а кога напишам вистината, вие не ја согласувате?

Зошто пишувате глупости за историјата, а кога напишам вистината, вие не ја согласувате?

Зошто???

Промени во исчекување.. 6 месеци

Колку време треба да се чекаат промените во исчекување и кој може да ги одобри?!

Промените ги одобрува некој кој има оценувачки права (види список на уредувачи кои имаат оценувачки права). Доколку сметате дека премногу се чека за оценка може да поставите барање тука, на разговорната страница на самата статија или пак директно на корисничката разговорна страница на некој од оценувачите.--brest (разговор) 12:17, 24 септември 2010 (CEST)[одговори]

Everybody's Fool

Статијата е насловена Everybody's Fool, а во неа се зборува за Going Under. Но има промени кои се точни. Ве молам проверете ги. Исто така има и статија насловена Everybody's fool, во која се зборува за истата песна. Но правилната статија би требало да биде насловена Everybody's Fool (со големо F).

 Ок Готово сега видов и веднаш проверив. Поз--Никола Стоіаноски 12:38, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

Infobox Song

Нашиот шаблон за Infobox Song е без боја и мислам м дека не изгледа убаво. Затоа ако може некој од поискусните уредувачи да го направи син (како на англиската википедија).

Прекршување авторски права

Колку време е потребно за еден средно статистички администратор на македонската Википедија да избрише една слика, која очигледно прекршува авторските права? Доволни ли се 17 дена, или треба да се почека година-две? --Стан (разговор) 16:40, 15 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Ги молам администраторите да ги разгледаат последните промени во оваа статија. Администраторот Raso mk изврши голем број нарушувања на правилата на Википедија, неприфатливи за администратор во која и да е Википедија. Ве моалм за мислење за ова прашање пред да го предложам за отстранување на администраторски права поради злоупотреби.

I'd like to ask the administrators to review recent developments in this article. The administrator Raso mk made ​​a number of violations of the rules of Wikipedia, unacceptable for administrator in any Wikipedia. Please review the matter before I propose him for administrator rights removal because of the violations. --Стан (разговор) 22:29, 29 август 2011 (CEST)[одговори]

Наведете ги прекршувањата од страна на администраторот пред да Ве кандидирам за блокирање поради перманентно нарушување на мирот на оваа википедија (вандализам).--Р ашо  22:39, 29 август 2011 (CEST)[одговори]
The act of using the Wikipedia system and the power of editing to threaten or intimidate other editors is known as WikiBullying. I wasn't able to solve the multiple disputes with you, because you constantly revert my changes without a reasonable explanation and in some cases with even without an explanation at all. I tried to sole the issues at the talk page, with no results. Basically you remove facts supported by sources, and add your own opinion that's not fully supported by the sources or in some cases the sources claim something completely else, vandalize my edits, e.t.c. All this can be noticed from the todays editions of the article. That's why I'm asking for third opinion on the matters from the other administrators, before I escalate that problem to a Wikimedia mediators/stewards. The violations are pretty clear for a editor that knows well the Wikipedia rules. Regards! --Стан (разговор) 22:58, 29 август 2011 (CEST)[одговори]
And please, comment on content, not on the contributor.--Стан (разговор) 00:04, 30 август 2011 (CEST)[одговори]

Помина веќе една седмица откако е отворено ова барање и мислам дека е доволно и треба да ги извлечеме заклучоците и истото да го затвориме. За останатото поврзано со спорот може да се продолжи овде, а за подобрување на статијата на соодветната странциа за разговор.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:44, 12 септември 2011 (CEST)[одговори]

Барањето го затворив и според ставовите изнесени во него, го обележав како неуспешно.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:19, 14 септември 2011 (CEST)[одговори]