Википедија:Геоекспедиции 2016
„Геоекспедиции“ |
Во текот на 2016 година се спроведени две геоекспедиции, со кои би биле опфатени следните предели:
- Мокра — тридневна експедиција во еден дел; и
- Шар Планина — повеќедводневна експедиција во повеќе делови.
Одржани геоекспедиции
уредиМокра
уредиГеоекспедицијата на најголемиот според површина планински масив Мокра сочинет од планините Јакупица, Караџица, Даутица се одржал со теренски посети во неколку наврати. Првата експедиција била одржана викендот на 22-24 април 2016, кога помала група предводена од Марио Шаревски се упатила пеш од железничката станица Ореше преку врвот Солунска Глава покрај изворите на Кадина Река, врвот Убава, гребенот Пепелјак, Драчевски Рид, Празна Торба, Марковиот Манастир и врвот на Водно над Скопје, ноќевајќи две ноќи со шатор во месноста Бабина Дупка и околината на с.Цветово. На пешачкиот поход од околу 78 километри се сликани повеќе забележителни врвови, гребени, месности, извори, реки, растителни видови.
Втората посета во рамките на експедицијата се одржала на 19 јуни 2016 година, кога Марио како учесник планинарската акција за посета на Салаковските езера на ПД „Трансверзалец“. Во рамки на посетата покрај Салаковските езера, биле искачени врвовите Убава и Црн Врв при што биле сликани и гребенот Пепелјак, Салаковска Река и повеќе други препознатливи предели на планината.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Мокра — планински масив | подобрена статија | |
2. | Пржал — врв | нова статија | |
3. | Кривул — растение | нова статија | |
4. | Кадина Река — река | подобрена статија | |
5. | Враца (Мокра) — висорамнина/карстно поле | нова статија | |
6. | Солунско Поле (Мокра) — карстно поле/висорамнина | нова статија | |
7. | Бегово Поле — карстно поле/висорамнина | подобрена статија | |
8. | Салаковски езера — леднички езера | подобрена статија | |
9. | Цветовска Река — река | нова статија | |
10. | Мало Салаковско Езеро — езеро | подобрена статија | |
11. | Големо Салаковско Езеро — езеро | подобрена статија | |
12. | Чеплеска Река — река | нова статија | |
13. | Салаковска Река — река | нова статија | |
14. | Голешница — планина/огранка | подобрена статија | |
15. | Лисец (Голешница) — врв | нова статија | |
16. | Празни Торба — месност/преслап | нова статија | |
17. | Каљаја — врв | нова статија | |
18. | Салакова Планина — планина/огранка | нова статија | |
19. | Бразда (Салаково) — месност/преслап | нова статија | |
20. | Мумџица — планина/огранка | подобрена статија | |
21. | Османбежица — врв/гребен | нова статија | |
22. | Голешница — планина/огранка | подобрена статија | |
23. | Китка — планина/огранка | подобрена статија | |
24. | Убава — врв | нова статија | |
25. | Остри Врв — врв | подобрена статија | |
26. | Каменити Брег — врв | нова статија | |
27. | Бајрак — врв/гребен | нова статија | |
28. | Пепелјак — врв/гребен | нова статија | |
29. | Сува Планина — планина/огранка | нова статија | |
30. | Коритски Камен (Тисовички Врв) — врв | нова статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на геоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Геоекспедиција на Мокра на Ризницата ?
Шар Планина
уредиПоради извонредно големата сложеност на потфатот за посета на многуте тешкопристапни предели на Шар Планина, геоекспедицијата се одржала со теренски посети во неколку наврати во текот на 2014, 2015 и 2016 година. Првите посети се одржале во 2014 година на 31 август кога биле посетени врвот Рудока и Црното Езеро и на 28 септември кога бил искачен врвот Плат. Првата посериозна експедиција била одржана на 7 јуни 2015 кога Марио Шаревски заедно со уште неколкумина мештани и планинари од планинарските друштва „Трансферзалец“, „Љуботен“ и „Македон“ ги посетиле и искачиле Доброшки и Езерски Врв и ги сликале Горното и Долното Доброшко Езеро и реката Габровница.
Најголемиот потфат за посета и сликање на предели по целото протегање на Шар Планина е изведен во периодот од 3-12 јули 2015 година, кога Марио заедно со уште 15 планинари во рамки на „Западната македонска трансферзала“ органзирана од ПД „Трансферзалец“ пешки и со преноќување во шатори го поминале целиот срт на протегање на Шар Планина на трасата на трансферзалата почнувајќи од врвот Љуботен па сè до Охрид односно охридското село Црвена Вода. При оваа експедиција се сликани голем број на врвови, езера, огранки, падини, висорамнини и места на Шар Планина.
На 4 октомври 2015 година во рамки на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“ каде како еден од организаторите се јавува и Марио биле посетени доста непристапните врвови Голема и Мала Враца со Горното и Долното Врачанско Езеро, до кои воопшто не постои обележана патека. Во 2016 година, кога официјално бил претставен вики-проектот Геоекспедиции, на 26 јуни, во рамки на велосипедскиот маратон „Шарски води“ беа извозени над 90 километри на потегот од Попова Шапка до селата Дуф и Вруток по целата источна падина на
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Шар Планина — планина | подобрена статија | |
2. | Љуботен (планински врв) — врв | подобрена статија | |
3. | Пирибег — врв | нова статија | |
4. | Плат (планински врв) — врв | подобрена статија | |
5. | Скакаличко Езеро — езеро | нова статија | |
6. | Кривошиско Езеро — езеро | подобрена статија | |
7. | Езерски Врв — врв | подобрена статија | |
8. | Езерска Чука — врв | подобрена статија | |
9. | Долно Доброшко Езеро — езеро | подобрена статија | |
10. | Горно Доброшко Езеро — езеро | подобрена статија | |
11. | Караниколичко езеро — езеро | подобрена статија | |
12. | Доброшки Врв — врв | подобрена статија | |
13. | Титов Врв — врв | подобрена статија | |
14. | Црно Езеро (Шар Планина) — езеро | подобрена статија | |
15. | Рудока — врв | подобрена статија | |
16. | Мал Турчин — врв | подобрена статија | |
17. | Горно Врачанско Езеро — езеро | подобрена статија | |
18. | Долно Врачанско Езеро — езеро | подобрена статија | |
19. | Церипашина — врв | подобрена статија | |
20. | Планинарски дом „Смрека“ — планинарски дом | нова статија | |
21. | Боговињско Езеро — езеро | подобрена статија | |
22. | Маздрача — река | нова статија | |
23. | Голема Враца — врв | подобрена статија | |
24. | Мала Враца — врв | нова статија | |
25. | Дефско Езеро — езеро | подобрена статија | |
26. | Челепински Врв — врв | нова статија | |
27. | Езерска Река (Шар Планина) — река | нова статија | |
28. | Боговињска Река — река | подобрена статија | |
29. | Куќиногледски Врв — врв | нова статија | |
30. | Трапезица — врв | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на геоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Геоекспедиција на Шар Планина на Ризницата ?