Коритски Камен
Коритски Камен (Тисовички Врв) | |
---|---|
Поглед на Корички Камен од падината на Османбежица | |
Висина | 1.441 м |
Место | Македонија |
Венец | Голешница (Мокра) |
Прво освојување | непознато |
Коритски Камен (познат и како Корички Камен или Тисовички Врв) — врв и гребен на планината Голешница на планинскиот масив Мокра во централниот дел на Македонија. Се наоѓа на северната страна на падината на Голешница на пределот кој ги поврзува гребените Османбежица на југ и Дрмос кон Китка на север. По целите падини до самиот врв каде што се наоѓа голем камен-карпа во вид на корито (поради што можеби и го добил името) е обраснат со густа букова шума. Неговата положба е среднишна помеѓу Мумџица на запад, врвот Сипичан на југозапад, Османбежица на југ, Лисец на југоисток, Студена Вода на исток и Дрмос на север. Поради близината на селото Тисовица пределот околу него е познат и под името Тисовички Врв.