Дефско Езеро
Дефското езеро е мало ледничко езеро едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа на северозападната страна на месноста Бел Камен на пространа длабодолинка 2.112 m надморска висина. Долго е околу 150, а широко е околу 100 метри. Вкупниот обем му изнесува 450m и има површина од 13.000 m²[1] . Езерото нема притоки, па затоа неговата акумулација ја создаваат атмосферските талози. Кога нема врнежи езерото пресушува и на неговото дно расте трева[2]. Поточно, тоа се две езера наречени Горно, кое е помало и повеќе пресушува и Долно кое е поголемо, на северозападното подножје под врвот Мала Враца недаелку од изворите на реката Радика.
Дефско езеро | |
Површина | 13.000 м2 |
Должина | 150 м |
Ширина | 100 м |
Обем | 450 м |
Длабочина | 0 - 5 м |
Надморска висина | 2.112 м |
Планина | Шар Планина |
Галерија
уреди-
Поглед на Дефското Езеро од југозападниот брег обраснат со трева
-
Горното Дефско Езеро погледнато од врвот Мала Враца, значително пресушено
-
Мало Дефско Езеро
-
Дефско езеро
Наводи
уреди- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 53
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година