Големо Салаковско Езеро


Големо Салаковско Езероледничко езеро на планината Јакупица во Македонија. Езерото е широко 38,5 метри, а долго 46,4 метри, со најголема длабочина од 1 ,30 метри.[1] Има елипсоиден облик со најголема издолженост во правец југоисток-северозапад од 48 метри, додека неговата широчина во правец север-југ изнесува 38 метри. Големото езеро за разлика од Малото има помала длабочина, а истата изнесува 1,3 метри. Со вода се снабдува од притока која доаѓа од Малото Салаковско езеро, од врнежи како и од топење н снегот. Водата ја губи со испарување и од истека, од која истекува Салаковска Река (лева притока на Кадина Река). Според најдеталните истражувања, Големото Салаковско Езеро се наоѓа на надморска височина од 2150 метри и зафаќа површина од 1340 м2 при што има обем од 162,5 метри[2]. Најголемата длабочина на Големото Салаковско Езеро изнесува 2,35 метри, додека годишното колебање на нивото на водостојот изнесува 0,60 метри[2], што значи дека тоа има речиси постојано ниво без поголемо повлекување на водата во текот на целата година. Должинските параметери на Големото Салаковско Езеро изнесуваат во правците: југ-север 38 м, запад-исток 45 м, југоисток-северозапад 40 м, југозапад-североисток 48 м[2]. Езерото има провидност низ целиот профил[2], односно тоа има исклучително бистра вода. Температурата на водата измерена во 11 часот на 12.09.1979 изнесувала 12 °С[2]. Фактот што Големото Салаковско Езеро има потопла температура на водата се должи на тоа што тоа е поплитко од Малото Салаковско Езеро. Езерото вода добива од врнежи, преку топење на снегот и од притока која доаѓа од Малото Салаковско Езеро, а има должина од 12 метри, а водата ја губи преку испарување и истека која се наоѓа на североисточниот дел од езерото[2]. Тоа е всушност изворот на Салаковска Река, лева притока на Кадина Река[2].

Големо Салаковско Езеро

Карта

Должина 46,4 м
Ширина 38,5 м
Длабочина 1,30 м
Надморска висина 2.170 м
Планина Јакупица

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Stefanka Hadži Pecova, Mihailo Zikov, Pene Penev, Dušan Manakoviḱ, Rade Drenkovski, Ilija Drozdovski, Vera Korobar, Biserka Filipova, Stefan Bužarovski, Malinka Ristevska Jordanova (1999). Planinskiot masiv Jakupica: istražuvanje i vrednuvanje na prirodnoto bogatstvo. Studentski zbor.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Стојмилов, Александар (1998). „Леднички езера на Јакупица (Мокра Планина)“. Географски разгледи. 32-33: 14.

Поврзано

уреди