Пепелјак

Поглед на дел од гребенот на Горни Пепелјак
Висина &100000000000023520000002.352 м
Место Македонија Македонија
ВенецКараџица (Мокра)
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекаобележани патеки од с.Патишка Река и с.Црн Врв за Салаковски Езера

Пепелјак — врв и гребен на планината Караџица на планинскиот масив Мокра во централниот дел на Македонија. Всушност, со името Пепелјак се именува еден голем гребен кој како огранка се испушта во меридијански правец север-југ, разделувајќи ги длабоките долини на Патишка Река на запад и долината во изворишниот дел на Маркова Река и селото Црн Врв на исток. Поради големата разгранетост целиот планински гребен се дели на два дела наречени Горни Пепелјак и Долни Пепелјак. Гребенот започува на југ веднаш над месноста Езериња каде се наоѓаат двете Салаковски Езера и висорамнината Убава, наспроти Остри Врв, каде се наоѓаат и неговите највисоки точки, котите 2.347 и 2.342 метри, по што се испушта кон север каде што на котата 2.155 метри се испуштаат Драчевски Рид кон исток и Влашко Поило на запад. Продолжува да се протега во северен правец каде под котата висока 2.002 метри се испуштаат Равша Парве кон исток и Етемов Рид со Ахметово Ѓубре на запад по што кај котата со височина од 1.717 метри започнува пределот на Долни Пепелјак кој се издигнува до 1.787 и 1.801 метар и потоа се спупшта на котата висока 1.691 метар над долот на потокот Рамна Река над селото Држилово. Целиот предел, а особено највисоките делови на гребенот, претставуваат карпи и раздробени камења од сипар со изразито сива боја како пепел, поради што најверојатно потекнува името на овој гребен и врв.