Мало Салаковско Езеро


Малото Салаковско Езеро претставува ледничко езеро на планината Јакупица во Македонија. Езерото е широко 30,5 метри, а долго 42,5 метри[1], а неговата максимална длабочина изнесува 2,5 метри. Со вода се храни од извор кој се наоѓа на неговата северозападна страна, како и од врнежи и преку топење на снегот. Водата ја губи со испарување и од истека, низ која водата истекува во мало поточе, кое пак дотекува до Големото Салаковско Езеро. Според најдеталните истражувања, Малото Салаковско Езеро се наоѓа на надморска височина од 2155 метри и зафаќа површина од 850 м2 при што има обем од 117 метри[2]. Најголемата длабочина на Малото Салаковско Езеро изнесува 2,50 метри, додека годишното колебање на нивото на водостојот изнесува 0,35 метри[2], што значи дека тоа има речиси постојано ниво без поголемо повлекување на водата во текот на целата година. Должинските параметери на Малото Салаковско Езеро изнесуваат во правците: југ-север 35 м, запад-исток 31 м, југоисток-северозапад 40,40 м, југозапад-североисток 31 м[2]. Езерото има провидност низ целиот профил[2], односно тоа има исклучително бистра вода. Температурата на водата измерена во 11 часот на 12.09.1979 изнесувала 10,9 °С[2]. Фактот што Малото Салаковско Езеро има постудена температура на водата се должи на тоа што тоа е подлабоко од Големото Салаковско Езеро, како и од блискиот извор веднаш до брегот. Езерото вода добива од врнежи, преку топење на снегот и од изворот кој се наоѓа на неговата северозападна страна, а ја губи преку испарување и истеката која се наоѓа на јужниот дел од езерото[2] и тече кон Големото Салаковско Езеро.

Мало Салаковско Езеро

Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Должина 42,5 м
Ширина 30,5 м
Длабочина ~2.5 м
Надморска висина 2.170 м
Планина Јакупица

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Stefanka Hadži Pecova, Mihailo Zikov, Pene Penev, Dušan Manakoviḱ, Rade Drenkovski, Ilija Drozdovski, Vera Korobar, Biserka Filipova, Stefan Bužarovski, Malinka Ristevska Jordanova (1999). Planinskiot masiv Jakupica: istražuvanje i vrednuvanje na prirodnoto bogatstvo. Studentski zbor.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Стојмилов, Александар (1998). „Леднички езера на Јакупица (Мокра Планина)“. Географски разгледи. 32-33: 11.

Поврзано

уреди