Горно Врачанско Езеро


Горно Врачанско Езеро — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.[1]

Горно Врачанско Езеро

Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Површина 1.771 м2
Должина 59 м
Ширина 39,8 м
Обем 126 м
Длабочина 2 м
Надморска висина 2.190 м
Планина Шар Планина

Езерото се наоѓа превојот помеѓу Голема (2.582 метри) и Мала Враца (2.536 метри) на надморска височина од 2.190 метри.[2]

Местоположба и одлики

уреди
 
Глетка од Горното Врачанско Езеро

Заедно со Долното Врачанско Езеро ги сочинуваат Врачанските Езера. Се наоѓа на превојот помеѓу врвовите Голема и Мала Враца, веднаш на самото подножје под стрмната северна падина на Мала Враца. Ова езеро било безимено, но Душко Кривокапиќ го нарекол Горно, бидејќи се наоѓа на поголема надморска висина од Долното.[3]

Се наоѓа на 2.182 метри надморска висина. Езерото лежи во длабодолинка на североисточната страна на Белокаменскиот Гребен.[4] Басенот му е тркалест и карпест, со пречник од 40 метри. И покрај тоа што не е големо езерото има длабочина од околу 2 метри.[5] Поточно, Горното Врачанско Езеро зафаќа површина од 1256 м2 со должина и широчина од 40 метри, 126 метри должина на брегот и најголема длабочина од 2,10 метри.[6] Се одликува со голема бистрина на водата, која поради карпестата околина на езерото погледнато од повисоко на изглед често му дава сребрено сива боја, поради што за туристичко-промотивни цели тоа може да се именува и како Сребрено Езеро. Неговото дно на северниот тревнат брег е тињесто, додека на западниот карпест брег дното е каменесто, подлабоко и со побистра вода. Длабочината нагло се зголемува под високите карпи над западниот брег. Веднаш под самото езеро постои помало езерце со камено дно кое што е непосредно поврзано со директна истека на водата. Самото езеро е воедно и извор од кој истекува шарскиот поток наречен Тиха Вода кој протеку во долот помеѓу гребените на врвовите Голема и Мала Враца, го исполнува Долното Врачанско Езеро и како лева изворишна челенка се влева во реката Маздрача. Веднаш над самиот западен брег на езерото, на помалку од педесетина метри минува линијата на државната граница.

Мерења во 2020 г.

уреди

Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 1.771 м2, длабоко е 2 метри, долго е 59 метри, а широко е 39,8 метри.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. 2,0 2,1 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022. line feed character во |title= во положба 31 (help)
  3. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
  4. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
  5. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 59
  6. Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 208.

Надворешни врски

уреди