Каменити Брег
Каменити Брег | |
---|---|
Поглед на врвот и гребенот Каменити Брег над изворите на Кадина Река на Караџица | |
Висина | 2.318 м |
Место | Македонија |
Венец | Караџица (Мокра) |
Прво освојување | непознато |
Најлесна патека | обележани патеки од Бегово Поле и Враца за Салаковски Езера, веднаш над Јуручка Карпа |
Каменити Брег — врв и гребен на планината Караџица, односно почетна огранка на Салакова Планина на планинскиот масив Мокра во централниот дел на Македонија. Всушност, со името Каменити Брег се именува помал гребен кој како огранка се испушта во правец запад-исток/североисток, започнувајќи со највисоките коти 2318 и 2310 метри веднаш над изворите на Кадина Река во месноста Јурукова Карпа под јужната падина на самиот врв (гребен) и наспроти врвот на гребенот и долот Убава и продолжувајќи со котите 2011 и 1991 метри надморска височина, по што започнува густиот шумовит предел на билото на Салакова Планина. Веднаш во непосредно на северната падина под врвот Каменити Брег малку во северозападен правец е месноста Езериња во која се наоѓаат двете Салаковски Езера.