Салаковска Река
Салаковска Река — река во Македонија на планинскиот масив Мокра. Настанува со истекување од Салаковските езера[1] односно од истеката од Големото Салаковско Езеро кое е поврзано и се храни со вода од Малото Салаковско Езеро, високо под врвот Убава на огранката Салакова Планина на Караџица. Претставува десна и една од најзаначајните притоки, изворишни челенки на Кадина Река во нејзиното изворишно подрачје и горно течение. Во месноста Бразда, преку вештачки прокопан канал - бразда, дел од водите од Салакова Река се одливаат во сливот на Маркова Река во долот на Црн Врв. За ова постои предание според кое Крали Марко[2], како и на други места, така и тука со својата сабја тој процепувал карпи и планини и ја пропуштал водата. Според тоа предание, порано, всушност, водите на езерото истекувале преку Кадина Река во велешкиот Вардар, бидејќи издигнатата карпа им пречела да истечат во Скопско. Бидејќи му била потребна водата во изградбата на Марковиот манастир, тој ја процепил височината, направил преграда каде што истекувала водата во Кадина Река и дел од водата пуштил да тече во спротивен правец во Скопско[3]. Во коритото по течението на Салаковска Река се среќава ретката геолошко-хидрографска појава на „длабоки лонци“[4]. По краток тек со многу голем и брз пад, Салаковска Река се влева во Кадина Река, во долот наспроти Планинарскиот дом „Караџица“.
Салаковска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Кадина Река |
Особености на сливот |
Галерија
уреди-
Истеката на Салакова Река од езерата
-
Глетка од Салаковска Река
-
Глетка од Салаковска Река
-
Истеците на Салаковска Река од езерата
-
Мал водопад во изворишниот дел
-
Глетка од Салаковска Река
Наводи
уреди- ↑ „РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА "СЛИВ НА ВАРДАР - СРЕДНО ТЕЧЕНИЕ" ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 2010. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 29 јуни 2016.
- ↑ Ф. Трифуноски, Јован (1958). „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“ (српски). Филозофски факултет Скопје. стр. 183.
- ↑ Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 193. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ Стефанка Хаџи Пецова, Михаило Зиков, Пене Пенев, Душан Манаковиќ, Раде Дренковски, Илија Дроздовски, Вера Коробар, Бисерка Филипова, Стефан Бужаровски, Малинка Ристевска Јорданова (1999). Планинскиот масив Јакупица: истражување и вреднување на природното богатство. Студентски збор. стр. 54.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)