Османбежица
Османбежица | |
---|---|
Поглед на Османбежица од падината на Лисец | |
Висина | 1.730 м |
Место | Македонија |
Венец | Голешница (Мокра) |
Прво освојување | непознато |
Најлесна патека | обележана патека од викенд-населба Мала Река |
Османбежица — врв и гребен на планината Голешница на планинскиот масив Мокра во централниот дел на Македонија. Всушност со името Османбежица се означува целиот предел кој напречно го пресекува главното било во средишниот дел на протегањето на Голешница, веднаш непосредно до нејзиниот највисок врв Лисец од кој е одвоена со долот на потокот Стредок (преслап Пржал). Поточно, врвот и гребенот на Османбежица претставуваат огранка која се испушта од северната падина на Голешница и непрекинато се протега во северен правец поврзувајќи ја со Корички (Коритски) Камен, Тисовички Врв и големата огранка-гребен Дрмос со кој веќе непосредно се спојува со планината Китка. На исток е одделен со врвот Лисец, а на запад со врвот Сипачан, а по целата источна падина се протега долот на Мала Река. Најголемата надморска височина изнесува 1730 метри. Од север започнуваат котите со височина 1584 и 1719 метри, додека на југ по највисоката точка во правец кон селото Долно Јаболчиште, продолжуваат котите 1584, 1378, 1298 и 1264 метри. Целиот гребен е обраснат со многу густа букова гора, која во северните делови блиску до речното корито многу се сече за дрво за огрев, додека самиот врв, односно најголемата височина на гребенот од котата 1719 до 1730 метри е целосно гола и обрасната само со трева која се користи како пасиште на рекиот крупен добиток. По целиот гребен минува обележаната планинарска патека која води од викенд-населбата Мала Река (Борисово) до врвот Лисец, маркирана во рамки на планинарскиот предизвик „12 врвови“. Имајќи предвид дека според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров имињата на сите планини-огранки на масивот Мокра биле именувани според (личните) имиња на беглерите и агаларите кои ги присвоиле и имале во посед шумите и пасиштата на нив[1], така и името на целиот предел Османбежица најверојатно доаѓа од некојси Османбег кој бил поседник на шумата и пасиштата во оваа месност.
Галерија
уреди-
Поглед на Османбежица
-
Поглед на Османбежица
-
Поглед на Османбежица, обрасната со густа шума до самиот врв
-
Поглед на Османбежица на спуштање од Лисец, во позадината се гледа врвот Сипичан и поголем дел на масивот Мокра
Наводи
уреди- ↑ Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 346. ISBN 978-608-245-113-8.