Челепински Врв
планински врв на Шар Планина
Челепински Врв | |
---|---|
Поглед на Челепински Врв непосредно од север | |
Висина | 2.554 м |
Место | Македонија |
Венец | Шар Планина |
Прво освојување | непознато |
Челепински Врв — планински врв на Шар Планина висок 2.554 метри. Се наоѓа во предлот наречен Челепино кој е сместен по сртот на главното шарпланинско било на кое се наоѓа границата меѓу Македонија и Косово, непосредно во западен правец над Боговињското Езеро. Самиот врв се наоѓа на карпест гребен чија надморска височина се движи помеѓу 2544 и 2487 метри. На север од него по сртот се наоѓа гребенот со врвовите Трапезица и Џинибег, додека кон југ продолжува и се поврзува со Рудока со разгранување кон Бориславец (Брустовец) на југоисток. Во негова близина постојат силен извор со двете Челепински езера.
Галерија
уреди-
Поглед на Челепинскиот Врв и источната падина на гребенот Челепино
-
Поширок поглед на Челепински Врв и гребенот Челепино
-
Поглед кон Челепино од Боговињското Езеро