Враца (Мокра)

Врацакарстно поле и висорамнина на планинскиот масив Мокра. Се наоѓа непосредно од севереозападната страна како своевидно продолжение на Бегово Поле, на допирот на северната падина Јакупица и трите разгранувања Караџица, Шашковица и Елјагица кои всушност се испуштаат од Враца под северната страна на масивот од врвот Солунска Глава. Сместено е на надморска височина од 1900 метри[1]. Има должина од 1,5 километри, а широчина од 0,6 километри при што зафаќа вкупна површина од 2,0 км2[1]. На самиот источен крај на висорамнината каде се наоѓа најголемата кривина на патот од Бегово Поле кон Солунска Глава, има извор соѕидан во чешма каде се одвојуваат пешачките планинарски патеки кон Салаковски Езера и изворите на Кадина Река во месноста Јуручка Карпа.

Поглед на висорамнината и карстно поле Враца

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 105.