Остри Врв
Остри Врв | |
---|---|
Поглед на Остри Врв од исток | |
Висина | 2,263 м |
Место | Македонија |
Венец | Караџица (Мокра) |
Прво освојување | непознато |
Најлесна патека | обележана патека од с.Патишка Река |
Остри Врв — планински врв на планината Караџица, на планинскиот масив Мокра во средишниот дел на Република Македонија, со следниве географски координати: 41o 45' 46'' северна географска широчина, 21o 20' 27'' источна географска должина. Неговата надморска височина изнесува 2.263 метри. Се наоѓа на средишниот дел на билото на планината Караџица, непосредно јужно над долината и селото Патишка Река, од каде води обележана планинарска патека за искачување. Врвот претставува многу висок и стрмен карпест отсек на гребен со ситен издробен камењар (сипар) над самата долина на север, додека кон југ неговата падина е тревната и се спушта на главното планинско било на Караџица. Со својот зашилен остар изглед Остри Врв преовладува и доминира прикажувајќи величествена („алпска“) глетка уште од далеку при самиот влез во длабоката долина на Патишка Река. Извонредно големата стрмнина и зашилениот остар изглед се најверојатно причината за неговото именување како Остри Врв. Непосредно на исток од него, на спротивната падина на долот се издигнува врвот Убава со двета Салаковски Езера од каде исто така може да се пристапи до Остри Врв.
Галерија
уреди-
Поглед на Остри Врв со снежни стреи и селото Патишка Река во позадината
-
Поглед на Остри Врв од запад
-
Поглед на Остри Врв од запад
-
Поглед на Остри Врв од Убава
-
Поглед на Остри Врв од Убава
-
Поглед кон Остри Врв
-
Поглед на Остри Врв (средина) и Убава (лево)
-
Поглед на Остри Врв и селото Патишка Река во позадината
Оваа статија планински врв во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |