Црно Езеро (Шар Планина)
Црно Езеро — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.[1]
Црно Езеро | |
Површина | 34.820 м2 |
Должина | 320 м |
Ширина | 238 м |
Обем | 969 м |
Длабочина | 2,2 м |
Надморска висина | 2.164 м |
Планина | Шар Планина |
Црно Езеро на Ризницата |
Езерото се наоѓа во сливното подрачје на реката Маздрача на надморска височина од 2.164 метри и претставува второ најголемо езеро меѓу Шарпланинските езера. Истото има неправилен облик и е издолжено во насока северозапад-југоисток.[2][3]
Местоположба
уредиСе наоѓа во Брустовичкиот масив, на неговата јужна падина наспроти северната на која што заедно се наоѓаат Белото и Боговињското Езеро.[4] Езерото лежи на надморска височина од 2.120 метри во карпест басен на еден цирк - длабодолинка која се наоѓа на јужната страна Бориславец (Брустовец). Длабнатината (циркот) во кој се наоѓа Црното Езер на север е ограничена од врвот Бориславец, на запад и југозапад од гребенот на висорамнината и врвот Рудока, од исток со еден гребен кој е висок 2.540 метри, а јужната страна е карпеста и безводна. На јужната страна Црното Езеро е заградено со моренски бедем висок околу 6 метри.[3] До езерото може да се стигне по добро обележана планинарска патека која започнува од селото Ѓурѓевиште и продолжува кон врвот Рудока.
Одлики
уредиЦрното Езеро зафаќа површина од 33.520 м².[5] Долго е 248, а широко 185 со обем односно должина на бреговите од 825 метри. Длабоко е колку и Боговињското Езеро- 2,20 метри.[3] Се наоѓа на карпест басен со лесно достапни брегови, со мирни линии, со исклучок на северниот дел. Бреговите се ниски со исклучок на северниот брег каде се појавува стрмен отсек на кој има извор со вода и едно мало полуострово во вид на клин долго 40 метри.[3] На западниот дел се наоѓа една височинка на која е доградено бачило, па поради тоа езерото е изложено на таложење на животинскиот измет поради што, овој дел од езерото до неодеамна бил нечист и каллив. Голем дел на плитоците се уништени и обраснати со шамак и други растенија.[6] Во близина на езерото се забележуваат траги на затрупано езерце, низ чиј талог сега тече поток кој се влева во езерото.
Мерења во 2020 г.
уредиПред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 34.820 м2, длабоко е 2,2 метри, долго е 320 метри, широко е 238 метри и средна широчина од 108,6 метри. Должината на бреговата линија изнесува 969 метри и има коефициент на разгранетост од 1,47.[2]
Вода
уредиЕзерската вода е бистра со затвореносина боја.[3] Поради поголемата длабочината и каменесто дно од далеку езерото има потемна (црна) боја, заради што е и наречено Црно Езеро за разлика од поплиткото Бело Езеро со тињесто дно. Вода добива од крајбрежните извори и од врнежи и топење на снегот,[2] а ја губи со испарување и преку истоката наречена Матени (Матене) што се влева во реката Маздрача.[3][2] Во минатото езерото било подлабоко, но со продлабочување на истоката од страна на жителите на селото Калиште, со цел да зафатат повеќе вода за наводнување, нивото на Црното Езеро, слично како Боговинското Езеро е снижено, а длабочината намалена.[3] Поради сите овие одлики, ова езеро има голем туристички потенцијал.[7]
Галерија
уреди-
Поглед на Црното Езеро
-
Поглед на водите на Црно Езеро со гребенот на Рудока во позадина
-
Поглед на Црното Езеро од височина
-
Водите на Црното Езеро
-
Поглед на Црно Езеро
-
Поглед на Црното Езеро со гребенот на Рудока во позадина
-
Црно Езеро
-
Водите на Црно Езеро
-
Поглед на Црното Езеро
-
Глетка од Црно Езеро
-
Глетка од Црно Езеро и каменестиот масив на врвот Рудока во позадина
-
Глетка од Црно Езеро и околните гребени на Шар Планина
-
Црно Езеро
-
Водите на Црното Езеро
-
Глетка на североисточниот брег на Црното Езеро
Поврзано
уреди- Бело езеро
- Боговињско езеро
- Бориславец (Брустовец)
- Мало Црно Езеро
Наводи
уреди- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022. line feed character во
|title=
во положба 31 (help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 208.
- ↑ Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 56-57
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
- ↑ Горске очи - могућности туристичке валоризације - Оливера Радуловић
Надворешни врски
уреди- Црно Езеро (Шар Планина) на Ризницата ?