Горно Доброшко Езеро
Горно Доброшко Езеро — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.[1]
Горно Доброшко Езеро | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Површина | 1.006 м2 |
Должина | 46,7 м |
Ширина | 32,6 м |
Обем | 125 м |
Длабочина | 1,5 м |
Надморска висина | 2.314 м |
Планина | Шар Планина |
Горно Доброшко Езеро на Ризницата |
Езерото се наоѓа во сливното подрачје на реката Габровица на надморска височина од 2.314 метри.[2]
Заедно со Долното Доброшко Езеро ги сочинуваат Доброшките Езера. Езерото претставува најсеверно и највисоко постојано ледничко езеро на Шар Планина.[2]
Одлики
уредиИмето го добиле по селото Доброште, кое се наоѓа веднаш под нив на самото подножје на планината.[3] Се наоѓа на 2.440 метри надморска висина, во вдлабнатина (цирк) веднаш во подножјето на Езерски Врв. Долго е 32, а широко е 50 метри, додека вкупната должина на неговите брегови изнесува 125 метри.[4] Длабоко е преку 1,5 метри. Има површина од 1.200 м².[5] На средината на северниот брег има мало вдлабнување во вид на полуостровче, кое на тркалезниот облик на целото езеро му дава изглед на срце или јаболко.
Се наоѓа на карпест басен, речиси без никакво зеленило. По дното забележлив е наносот. Езерото е постојано, не пресушува, но преку летото опаѓа за половина метар, бидејќи пресушуваат поточињата што се влеваат во него.[6] Се одликува со многу бистра и студена вода, чија проѕирност се должи на протечноста на водата која се влева и истекува од него како и од каменестата околина и дно. Веднаш над него извира и низ него протекува изворишниот дел на потокот наречен Езерска Река која е изворична челенка од која се составува реката Габровница. На ливадата веднаш до самото езеро, се поставуваат шаторите од кампот за првото ноќевање на Западната македонска планинарска трансферзала „Љуботен - Охрид“.
Мерења во 2020 г.
уредиПред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 1.006 м2, длабоко е 1,5 метри, долго е 46,7 метри, широко е 32,6 метри. Езерската вода се храни со топењето на ледниците и околните извори, додека се празни со испарување.[2]
Галерија
уреди-
Глетка на Горното Доброшко Езеро
-
Водите на Горното Доброшко Езеро
-
Глетка на Горното Доброшко Езеро
-
Доброшките Езера со Доброшки Врв во позадината
-
Поглед на Доброшките Езера
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022. line feed character во
|title=
во положба 31 (help) - ↑ Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
- ↑ Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 208.
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 50
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
Надворешни врски
уреди- Горно Доброшко Езеро на Ризницата ?