Салакова Планина е висока планина која се наоѓа во средишниот дел на Македонија, огранка на најголемиот планински масив Мокра.

Салакова Планина
Салаковска Планина
Поглед на Салаковска Планина
Највисока точка
Надм. вис.2310 м [1]
Истакнатост1194 м
Друго имеСалаковска Планина
Географија
Салакова Планина на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија
Матичен венецМокра (Караџица-Јакупица)
Искачување
Најлесен патсредна тежина на планинарење по обележана патека од Планинарски дом „Караџица“ до Салаковски Езера, лесно планинарење по обележана патека од с.Црн Врв и Бразда (Салаково).

Местоположба и протегање

уреди
 
Поглед на Салаковска Планина од месноста Бразда (Салаково)

Салакова Планина претставува огранка која се испушта кон североисток од главното било на планинскиот масив Мокра, во месноста каде се наоѓа пределот помеѓу Караџица и Јакупица непосредно во север-северозападен правец од врвот Солунска Глава, Бегово Поле и висроманината Враца. Се протега во правец југозапад - североисток, започнувајќи од месноста Јуручка Карпа каде се наоѓаат изворите на Кадина Река и висорамнината со врвот Убава и врвот Каменити Брег, а завршувајќи во месноста односно ридот Вртешка кој се наоѓа на утоката на Салаковска Река во Кадина Река, наспроти планинарскиот дом „Караџица“. Односно, крајот на Салакова Планина се одделува од почетокот на Караџица со еден длабок дол, којшто свртува малку околу Салакова Планина[2].

Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров запишал дека на југ-југозапад од градот Скопје и на пределот меѓу Прилепско, Велешко, Скопско и Кичевско се издига еден грамаден планински масив, наречен Мокра, при што најблиските планини, заради олеснување, ги нарекува со името скопски планини, каде што највисокото било во таа планинска група го составуваат Салакова Планина и Караџица, а највисокиот врв е Јакупица (Солунска Глава)[2]. Всушност, во рамки на целиот планински масив Мокра, Салакова Планина ја има средишната положба од каде се разгрануваат повеќе огранки во различни правци, односно еден клон како северозападно продолжение на Салакова Планина врви право наклонето на реката Треска, после паралелно со неа над самиот десен брег и ги поврзува тие планини со Водно и Сува Гора, а како југоисточно продолжение на истата Салакова Планина се солунските планини и натаму планината Голешница која го исполнува пространството помеѓу реките Тополка и Бабуна[2].

Природни одлики

уреди
 
Поглед на двете Салаковски Езера и протегањето на билото на Салакова Планина

Билото на Салакова-Караџица претставува еден остар и апсолутно гол гребен[2], додека падините под него се обраснати со многу густа листопадна букова, а во помала мерка и зимзелена борова шума. На подолните делови на падините се застапени дабова, јасикова, габерова и јаворова шума. Кон горниот дел на билото изобилува со тревнати пасишта. Во горниот дел на карпестиот гребен под врвот Убава во мал цирк постојат двете леднички Салаковски Езера од кои истекува Салаковска Река на која во месноста Бразда (Салаково) по вештачки пат е прокопан јаз, според народното предание од Крали Марко, по кој дел од водите се влеваат во долината на Маркова Река, додека остантите води по природното течение продолжуваат да течат и се влеваат во Кадина Река.

Планинарење

уреди

Салакова Планина поради своите природни убавини и одлики како што се двете леднички Салаковски Езера под врвот Убава се често посетувани од планинарите и планинарските велосипедисти за што постојат 2 обележани патеки. Една со средна тежина на планинарење по обележана патека од Планинарски дом „Караџица“ до Салаковски Езера, а втора за лесно планинарење и можност за пристап со џипови и планински велосипеди по обележана патека од с.Црн Врв и Бразда (Салаково).

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Топографска карта: лист Скопје 2-4 (Умово), размер 1:25 000, Военогеографски институт, 1973
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 19. ISBN 978-608-245-113-8.