Википедија:Огласна табла за администратори

(Пренасочено од ВП:БАВ)


Однесување на корисникот Виолетова

Станува збор за статијата Филип Петровски. Корисникот Виолетова избриша реченици кои директно се цитирани од списанието „Фокус“ велејќи дека цитираната статија ја немало на интернет. Откако на нејзината разговорна страница и објаснив дека е најдобро да побара од корисникот ГП, кој ја напишал содржината, по мејл да ѝ испрати скенирани страници од „Фокус“, повторно ревертираше со истото објаснување дека статијата од Фокус ја нема на Интернет. Како шлаг на тортата, своерачно ја заклучи статијата иако е вмешана страна во спорот. Вакво несериозно однесување од администратор ретко имам видено. Молам за трето мислење.--Retrohead (разговор) 18:58, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

И стварно не знам како овој коментар има врска со поднесеното барање. Молам прво прочитај го спорот па дај мислење.--Retrohead (разговор) 19:04, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Навистина сум изненаден поради бришењето на моето уредување, поради две причини: прво, во него немаше ништо спорно, навредливо итн., туку станува збор за наведување факти; второ, уредувањето беше поткрепено со соодветен извор, а тоа е списанието „Фокус“. Не знаев дека единствениот критериум за вклучување на некој извор е него да го има на интернет. На пример, што ако цитирате некоја книга (да речеме, Историја на македонскииот народ), која е во печатена форма, т.е. ја нема на интернет? И во тој случај, уредувањето ќе биде избришано, зашто изворот го нема на интернет? Не сум некој искусен уредувач, ама ова навистина не го разбирам. Всушност, малку сум разочаран, зашто на овој начин ми се намалува мотивацијата да продолжам со уредување, зашто некои администратори си земаат преголема слобода. Поздрав. ГП (разговор) 19:15, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Се работи за измени наравени од мене. Линковите се непостоечки, и се избришани и/или заменети со други постоечки, а некаде беа користени како потврда линкови од блог. Спорната реченица избришана од статијата не само што е нерелевантна за статија за биографија, туку и нема соодветен линк, освен пишан текст во Фокус во кој е пренесено од анкетени лист доставен до Антикорупциската комисија. Го опоменав корисникот Retrohead да не ги враќа промените и да види што сè враќа, но откако двапати ги врати измените, ја заклучив статијата, за да нема уредувачки војни. Поздрав - Виолетова (разговор) 19:19, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Видете Виолетова, штом сте вмешана страна во спор, ќе побарате друг администратор да делува. Ова твоето е „кадија те тужи, кадија ти суди“. Второ, товарот е врз тебе да обезбедиш консензус за промените бидејќи ти ги иницираш. Вака да си направиш како ти чини па да заклучиш статија е детски и крајно несериозно.--Retrohead (разговор) 19:42, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Со смирени глави. И да згрешила Виолетова, човек е се случува. Вратете ја статијата на последната стабилна верзија и промените да се дискутираат на разговорната страница. Направи проблеми и недоразбирања и со други корисници. Колку што разбрав Виолетова бришела реченица која не може никако да се провери, а ГП си сфати него го ревертирала. Ве молам да не се расправате за глупости и избегнувајте теми кои може лесно да не исполитизираат. Веќе пишав еднаш за ова. --Никола Стоіаноски 19:47, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Заклучување страница се прави заради избегнување на уредувачка војна. Консензус за секои промени не треба да се обезбедува, инаку Википедија не би можела да се надградува, ниту текстовите ќе бидат веродостојни - Виолетова (разговор) 19:48, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Ако нешто е оспорено, да, ќе се бара консензус.--Retrohead (разговор) 19:50, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Апсолутно.--Никола Стоіаноски 20:00, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
  • Како што можев да разберам од напишаното на сите вмешани страни и како што ја проверив историјата на страницата „Филип Петровски“, моето мислење е следно: 1. добро е што страницата е заклучена за уредување додека не го разрешиме тоа тука, иако можеби е добро да се користи и самата страница „Филип Петровски“, бидејќи се работи за внес на нова содржина во постоечката статија; 2. секоја врска поврзана со личноста треба да се внесе во релевантната страница, бидејќи ова не е автобиографија, па авторите си пишуваат сами статии, туку е енциклопедиска содржина, која се уредува од сите објавени извори, пишани или електронски; 3. Виолетова требало да го извести ГП за отстранувањето на уредувањата или требало да побара доказ во самиот момент на отстранување на содржината; 4. Далчо смири ги страстите и коментирај разумно и аргументирано. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:50, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Без разлика кој ги внел тие податоци, не се сеќавам дека сме известувале корисник дека неговите информации се ревертирани. - Виолетова (разговор) 19:57, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Неоправдано се отстранети, тоа е проблемот. Ако го нема списанието на интернет, купи го во продавница, побарај го од лице кое го има, но не бриши ако не можеш веднаш да го најдеш.--Retrohead (разговор) 20:02, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Јас не гледам дека се неоправдано отстранети. Прво, покажи ми во чија биографија на македонски политичар постојат такви податоци (јас не најдов, иако сите даваат изјави за сопственост и приватни фирми до Антикорупциската комисија)? Тој дел е значи нерелевантен. Второ, побарав он-лајн верзија за тие информации - такво нешто не постои. Поздрав - Виолетова (разговор) 20:16, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Штом е објавен во политичко списание нормално дека е релевантен. Ако најдеш за некој друг слободно дополни, никој не те спречува.--Retrohead (разговор) 20:20, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
А тоа што тебе не ти се допаѓа и што не постои на друго место, еве ти вики литература за читање: en:Wikipedia:Other stuff exists и I don't like it--Retrohead (разговор) 20:22, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Жане, тоа што никој друг не напишал во статија за друг политичар вакво нешто не значи дека постојат. Пишувам биографии за велосипедисти каде што се користат сите можни извори. Воедно, при пишување на селата, често користам списанија, весници, книги, кои не се објавени на интернет, а дури и усни кажувања, при што се цитира човекот кој го кажал тоа, што се смета за извор. Така што, изворот е релевантен и е потребно да се внесе во статијата, но ве повикувам дискусијава за точниот извор да се префрли во разговорната страница. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:27, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Retrohead, не би било лошо и самиот да ги проучиш страниците што ги постираш.
Тони, никаде не реков дека извор од пишан медиум не е релевантен, туку дека тие податоци се нерелевантни за статијата. Поздрав - Виолетова (разговор) 20:33, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]
Како тоа имотна состојба е нерелевантна? И за Бил Гејтс ќе бришеме колку пари и имот има?--Retrohead (разговор) 20:34, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

>Отворив тема за дискусија на соодветната разговорна страница на личноста, искажете ги аргументите таму, па ќе се одлучи. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:38, 2 мај 2017 (CEST)[одговори]

Однесување на корисникот Рашо мк

Дојдов на Википедија да придонесам со ажурирање на состојбите т.е да ги променам податоците во врска со Скопскиот аеродром. Се обидов да направам некои измени т.е да го сменам името од Александар Велики во Меѓународен аеродром Скопје но истите беа одбиени од Рашо мк. Забележав дека администраторот спречува да се промени името и на англиската Википедија. Како објективен македонец кој ја сфаќа сериозно науката и Википедија, сметам дека секој администратор треба да биде пред се ОБЈЕКТИВЕН а потоа слободоумен и да почитува факти и закони без да му се одземе правото да биде националист/ултра патриот. Сите сме повеќе или помалку патриоти но Википедија е место за точни информации а не за наши желби и приказни. Искрено, екстремниот национализам на македонската Википедија е една од главните причини поради која избегнувам да придонесувам на истата, значи добронамерно ви давам критика (не само кон Рашо туку и кон потенцијалните останати националисти), научете да бидете објективни дури и кога целото ваше битие вреска од субјективност. .Macedonicus (разговор) 15:06, 7 февруари 2018 (CET)[одговори]

Извини да те прашам нешто, кај го виде ти екстремниот национализам? Ова да ги сфатам како навреда и личен напад кон целата македонска Вики-заедница? Стварно ми падна во очи овој „опис“ на нашата заедница, која ако не си доволно информиран, е мала и се труди во секој поглед да го следи развојот на останатите големи проекти и не заслужува вакви карактеризации во никој случај. Се најдобро--Никола Стоіаноски 10:30, 8 февруари 2018 (CET)[одговори]
Одговорено е на мојата страна на разговор. А воедно и засегната страница има разговорна страница, па тоа таму се решава. --Рашо  15:17, 7 февруари 2018 (CET)[одговори]
@Macedonicus: @Raso mk: Навистина не го гледам твоето мислење за национализам на нашата Википедија, особено погледнувајќи ги останатите балкански изданија на истата Википедија, но добро, секој си има право на свое мислење. Рашо веќе ти одговорил и на неговата страница, а мислам дека се работи за прва промена и работава можела да се реагира на самата страница на разговор на статијата. Нормално дека штом ја имаме одлуката во која е наведено преименувањето може и треба да се промени името на статијата. Употребувајќи медиумски написи за вакви работи лично не претпочитам и не треба да се користат. И на крај, коментирање за некого според неговата корисничка страница и употреба на големи букви при пишување се смета да некоректен однос кон личноста од која се жалиш. --Ehrlich91 (разговор) 21:10, 7 февруари 2018 (CET)[одговори]
@Ehrlich91: @Raso mk: Директен линк од сајтот на Владата не е медиумски напис, поофицијално од тоа не може да биде. Медиумски напис би било да ставам линк од Курир или Фокус. Дали сум некоректен или коректен, не знам, само споделив како јас и многу други ја перципираат македонската Википедија и зошто не ја земаат за релевантен извор на податоци, вие (администраторите) сте десетина души, ние (читателите и крајните корисници) сме многу повеќе и мислам дека кога даваме критика за субјективизам и национализам тоа го даваме добронамерно. Одговорноста да креирате квалитетни и објективни содржини која ја имате вие е огромна, и тука не треба да има простор за субјективизам и лични ставови. Не ме интересира какви содржини имаат Балканските википедии, јас се интересирам за македонската, впрочем национализмот и филуваните приказни кај нашите содржини се директна последица на балканскиот национализам и потребата за реципроцитет. Јас не мислам дека треба да бидеме исти како останатите туку подобри, но тоа е сепак само мое мислење, ваше е да си одредувате политики на работа и да одлучувате што е дозволено а што не. Macedonicus (разговор) 09:32, 8 февруари 2018 (CET)[одговори]
Незнам само зошто ја „тупите“ толку, кога сме имале слични случаи и во минатото, ако не се лажам со новите министри... Значи, како практика ни е додека не излезе некој податок во Службен весник, може да стои старото име, доколку некој го оспорува тоа... И доста со избрзани коментари околку тоа кој бил поголем националист (што не гледам ништо страшно во тоа)--Тиверополник (разговор) 09:49, 8 февруари 2018 (CET)[одговори]
Момци, се обидував да не коментирам. Не се чувствувам навреден. Ултра патриот е сепак патриот, па макар и хардкор и подобро е од тој од спротивната страна на спектарот. Ама видете, така ме нарекува некој кој себеси се нарекува Мацедоникус. Позз--Рашо  10:17, 8 февруари 2018 (CET)[одговори]
  • За да стапи еден законски акт во сила треба да биде објавен со Службен весник. Основен принцип на правото во Македонија. Чекајте, нека се објави во Службен весник и ќе го смениме насловот (којс поред мене е бљак).--Никола Стоіаноски 10:27, 8 февруари 2018 (CET)[одговори]

Масовно создавање на статии за години

Почитувани администратори, во текот на последните два дена забележав масовно создавање на празни статии за години од повеќе IP-адреси. Вчера блокирав една IP-адреса на 2 часа и започнав со бришење на статиите, но денес гледам дека повторно се создавани истите статии од друга IP-адреса и истата ја блокирав бесконечно. Ќе ве замолам да ги надгледувате скорешните промени и внимавате да не се појави истиот проблем повторно. Ви благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 08:53, 15 мај 2018 (CEST)[одговори]

P.S. Успеав да ги избришам сите статии уредени од три различни IP-адреси со помош на алатката за групно бришење и го променив блокот на 2 часа.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:03, 15 мај 2018 (CEST)[одговори]

I need help reviewing a Global RFC

Dear admins, I am preparing a Global Request for Comments about financial support for admins that might be relevant for you .

Can you please review the draft and give me some feedback about how to improve it? Thank you.

MassMessage sent by Micru on 20:00, 7 јуни 2018 (CEST)[одговори]

Прикачување на слика

Zdravo,

sakam da prikacam slika na Ротаракт Клуб Битола Широк Сокак, т.е логото на организацијата но тоа никак не можам да го направам...Помош?—Претходниот непотпишан коментар е додаден од BitolaMakedonija (разговорпридонеси) 23:01, 11 октомври 2018

Здраво. Пробајте на следната врска. Сè најдобро--Никола Стоіаноски 11:44, 12 октомври 2018 (CEST)[одговори]

New Wikimedia password policy and requirements

CKoerner (WMF) (talk) 22:21, 6 декември 2018 (CET)[одговори]

објавата за Селен

почитувани, во подзаглавјето Индикаторни растителни видови кај објавата за елементот Селен има чудни реченици и називи како: Перо принцот??? итн. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 46.217.48.210 (разговор) 17:00, 24 јули 2020

Корекција на статијата за Игор Крајчев

Почитувани ве молам за корекција на статијата за Игор Крајчев во делот каде се вели дека бил назначен за директор од редовите на СДСМ. Тоа е ноторна лага. Јас никогаш не сум бил член на СДСМ за да бидам избран од нивните редови. Ве молам најитно да се отстрани тој елемент Со почит, Игор Крајчев —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 185.100.245.247 (разговор) 23:43, 22 декември 2020

Needing attention

https://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:Administrators%27_noticeboard/Incidents#About_user_Jingiby —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 77.28.169.134 (разговор) 20:28, 12 април 2021

Пријава на корисници

Сакам да ги пријавам уредниците Sashko1999 (разговор · придонеси · избришани придон. · дневници · дневн. на филтр. · блокирај · дневн. на блок.) и Jingiby (разговор · придонеси · избришани придон. · дневници · дневн. на филтр. · блокирај · дневн. на блок.) за вандализирање на статијата Бугари. Покрај вандализирањето мислам дека имам основна причина за сомнеж за нивен Team Tagging на истата статија. Двајцата ги бришат моите уредувања кои се потврдени од Бугарски автор и двајцата се правдаат во отопивукавањата дека тоа го прават според разговорот со мене (со цел да ва намамат вас да не го гледате разговорот) - во разговорот нити се дошло до таков консензус нити сум прифатил такво еднострано уредување на статијата. А како што гледам не еднаш туку десетици пати се и двајцата опоменати да не бришат цитирани извори. Како дополнителен проблем ве молам разгледајте ја можноста да се стави забрана за цитирање и линкување на сајтот Крораина (кој е прекуцуван сајт а не оригинални книги и токму во оваа статија, уредникот Sashko1999 (разговор · придонеси · избришани придон. · дневници · дневн. на филтр. · блокирај · дневн. на блок.), првично го девалвираше мојот извор посочувајќи дека јас самоволно сум ја уредувал статијата со зборовите „текстот е отстранет пред се затоа што оваа констатација не постои во изворот кој е наведен, таа е донесена и напишана самоволно од Forbidden History, еве ја книгата која е посочена како извор па слободно проверете. http://macedonia.kroraina.com/da/index.html“ - на што му укажав дека неговиот извор (крораина е манипулативно прекуцан) е нерелевантен - книгата која ја цитирав ја има на Google Books на страна 106 и го пишува токму она што е цитирано од моја страна. Ве молам за санкции бидејќи веќе наликува на уредувачка војна. Ви благодарам, Forbidden History (разговор) 07:53, 17 мај 2021 (CEST)[одговори]

Здраво на сите. Предметниот уредник се обидува да ја смени стабилната од години верзија на статијата „Бугари“, но без да има согласие за целта на страницата за разговор. За таа цел, тој води уредничка војна со двајцата споменати по-горе уредници. Промените што тој се обидува да ги наметне се пристрасни и се надвор од главната тема на статијата Бугари. Обидува се да прокара тенденција да се изедначат современите Бугари со протобугарите кои се исчезнти во средниот век, обидувајќи се да намете прека врска врз основа на јазичната сличност на имињата, што не е сериозно од научна гледна точка. Исто така ги меша протословените со современата бугарска нација, кои иако се преко етногенетски поврзани, не се идентични. Додава слики кои не се директно поврзани со темата на статијата. Мислам дека тој само се обидува просто да ја вандализира и да ја претвори во форум, а не во енциклопедиска статија. Мислам исто дека има одредена сума расизам и бугарофобија во неговите редакции, што е неприфатливо. Благодарам. Jingiby (разговор) 08:32, 17 мај 2021 (CEST)[одговори]
Молам и овие напади кон мене на расизам и т.н. бугарофобија да се земат во предвид кон санкционирањето на овие уредници. Ви благодарам Forbidden History (разговор) 09:07, 17 мај 2021 (CEST)[одговори]
Се извинувам ако ова се сфати како личен напад, но ваква е мојата проценка за додавката кон статијата, а не за редакторот. Jingiby (разговор) 09:27, 17 мај 2021 (CEST)[одговори]

@Forbidden History, Sashko1999, и Jingiby: Пријавата ја префрлив на оваа страница со наслов „Пријава на корисници“ затоа што отсекогаш тука сме ги разгледувале ваквите барања до администраторите.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:21, 17 мај 2021 (CEST)[одговори]

Се извинувам, прв пат сум ставен во ситуација да пријавувам корисници. Ти благодарам за преместувањето. Forbidden History (разговор) 10:49, 17 мај 2021 (CEST)[одговори]

Здраво, сакам да кажам дека оваа пријава е апсолутно безпредметна, ние во разговор веќе го решивме прашањето за тој дел од статијата, администраторот се согласи и ги прифати моите измени, но уредувачот Forbidden History повторно го вметна истиот текст кој претходно му беше избришан. Значи ако има некаков вандализам, тој сигурно не е од мене, туку од уредувачот Forbidden History. Еве гледам дека администраторот Ehrlich91 ги има прегледано најновите измени за тој дел од статијата и ги има прифатено, што значи дека тој не ги одобрува измените на уредувачот Forbidden History. Благодарам. --Sashko1999 (разговор) 15:21, 18 мај 2021 (CEST)[одговори]

Немој да манипулираш. Нити сум се согласил со тебе во разговорт нити е донесен консензус. Се согласив да го употребиш терминот прабугари, се согласив да ги тргнеш веб страните кои ги користев како навод (иако се релевантни за тоа што беа цитирани). А Ehrlich91 ги прегледа твоите 15 промени а не мојата. И дадов коментар во разговорот дека ќе чекам да ги звршиш па да реагирам и поставам мои измени. Вандализирање е бришење на цитирани написи од книга. Тоа го направи два пати исто како и Jingiby. Така да Админите ќе одредат дали е беспредметна мојата пријава или не е. Forbidden History (разговор) 09:01, 19 мај 2021 (CEST)[одговори]

Кој е статусот со оваа пријава за вандализам? Дали е донесена одлука за постапката на овие двајца уредници? Ви благодарамForbidden History (разговор) 12:07, 3 јуни 2021 (CEST) @Kiril Simeonovski, Дали може некое инфо до каде е статусот на мојава пријава? Ви благодарам, Forbidden History (разговор) 18:11, 22 јуни 2021 (CEST)[одговори]

Мислењата на адмнистраторите во врска со пријавата и конечната одлука ќе бидат објавени на оваа страница.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:49, 22 јуни 2021 (CEST)[одговори]
4 месеци се поминати од мојата пријава на овие двајца корисници. Дали е донесена некаква одлука за нивниот однос? Ви благодарам Forbidden History (разговор) 21:11, 12 септември 2021 (CEST)[одговори]

Пријава на корисникот Протогер

Сакам да го пријавам корисникот Протогер за дрска навреда кон Македoнските борци за слобода, а со тоа и целиот македонски народ и историја, направено на оваа | разговорна страна, каде сите нас особено македонските борци за слобода после 1944 ги нарекува ШУМКАРИ и дека тој дава дозвола да се фалсификуваат статиите за нив, но не и за комитите. Ви благодарам, Forbidden History (разговор) 19:01, 4 ноември 2021 (CET)[одговори]

Сите ние, фала Богу, не потекнуваме од комунистички герилци со нејасно минато. Барем повеќе е напишано за војводите и се со проверливи извори. Тоа е тоа. Поздрав! --Протогер (разговор) 07:48, 5 ноември 2021 (CET)[одговори]
@Протогер: Јас сега го читам разговорот и така можеш да си разговараш со твои пријатели, а не на јавен простор. Така што, те опоменувам дека на следен ваков испад ќе бидеш блокиран. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 10:01, 5 ноември 2021 (CET)[одговори]

Санкционирање

Здраво Ehrlich91, покрај навредите на национална основа, уредникот Протогер прекрши уште најмалку две правила на Википедија и затоа го актуелизирам повторно прашањетo за негово санкционирање и забрана да уредува на Википедија на македoнски јазик (кој патем не го ни знае доволно). Покрај навредите на национална основа и навредите кон македонската историја, го пријавувам и за вандализирање Википедија:Вандализам на страницата Велко Скочивирски, бидејќи повеќе пати брише цитирани извори, кои не дозволува да се вметнат и го пријавувам за прекршување на правилото за тројно враќање Википедија:Правило на тројно враќање, сето ова доведе до уредничко војување. Ве молам да ги разгледате неговите активности на страната Велко Скочивирски, Ви благодарам, Forbidden History (разговор) 10:02, 7 ноември 2021 (CET)[одговори]

@Ehrlich91:, Конечно не се согласувам. Видете го Разговор:Велко Скочивирски, таму јасно сум изјавил аргументи за моето мислење и јас придонесов за подобрување на статијата, додека Корисник:Forbidden History тенденциозно го манипулира сето тоа. --Протогер (разговор) 10:25, 7 ноември 2021 (CET)[одговори]
Статијата уште не сум ја проверил и стои со таков статус, бидејќи треба да се посветам на нејзе. Најпрвин ќе ја разгледам, па потоа ќе кажам мислење. --Ehrlich91 (разговор) 17:05, 7 ноември 2021 (CET)[одговори]

Global ban proposal for Musée Annam

Apologies for writing in English. Помогнете со преводот на вашиот јазик There is an on-going discussion about a proposal that Musée Annam be globally banned from editing all Wikimedia projects. You are invited to participate at Requests for comment/Global ban for Musée Annam on Meta-Wiki. Ви благодариме! NguoiDungKhongDinhDanh (разговор) 15:22, 27 декември 2021 (CET)[одговори]

Избришана објава

Почитувани, зошто е избришана објавата за Проф. д-р Јосиф Тосевски? Дали е прекршено некое правило? Можете ли да ме упатите што треба да направам за да се врати објавата. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 62.162.130.217 (разговор) 11:18, 12 јануари 2022

Избришана објава

Почитувани, зошто е избришана објавата за Проф Д-р Јосиф Тосевски? Дали е прекршено некое правило? Може ли да ме упатите што треба да направам да се врати. Однапред благодарам. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од Tosevski123 (разговорпридонеси) 11:42, 12 јануари 2022

Бришење на страница

Почитувани администратори, две мои страни беа избришани, ок сваќам си ја вршите работата, межѓутоа може ли на некој начин да ми се образложи зошто мојата статија е избришана, неке било какво објаснување, а не само твојата страна е избришана —Претходниот непотпишан коментар е додаден од Equestian (разговорпридонеси) 21:43, 21 март 2022

Correcting file extensions

Hello!

These are files whose file extension (.jpg) doesn't match their MIME (image/png) and they hence need to be moved:

Thanks. Jonteemil (разговор) 00:20, 10 јули 2022 (CEST)[одговори]


Случајна грешка и мое трајно блокирање

Здраво пред неколку дена сум блокиран на неодредено време, зошто додека сум едитирал и креирал нови страници не сум ги приметил известувањата дека правам грешка па ми ги избришаа сите создадени страници и сите едитирања од мене на веќе создадени страници, а поради лоша интернет конекција пораките не ми ги отвораше системот и принудно ги игнорирав, значи без да имам лоша намера грешев, а и нов член сум така да затоа и ме зачуди ваквото строго блокирање, поднесов барање за разгледување на мојот блок веднаш, но се уште ништо се нема сменето, ќе ве молам за помош околу мојот проблем. Meglen MK (разговор) 15:16, 6 септември 2022 (CEST)[одговори]

Please remove rights from globally banned user

Thanks! AlPaD (разговор) 11:17, 11 септември 2022 (CEST)[одговори]

Марионетство

@Ehrlich91, Kiril Simeonovski имам силна причина да верувам дека уредникот АлександарЧетник е втор профил на уредникот Sashko1999. Погледнете ги активностите на двата профила и секако погледнете кај мене на Разговорна страна како Александар ми поставил прашање, па потоа се заборавил и како Сашко го едитирал. Истото се случува и на статиите за селата кои ги уредувал и Александар а потота како Сашко. Барам да се разгледа ова прашање, бидејќи уредникот Сашко е и порано пријавуван од моја страна за вандализам. Но, ова ги поминува сите правила на Википедија и ве молам да се разгледа случајот и да се банираат сите IP адреси од кој овој уредник се поврзува.

И секако да ги известите и останатите јазични википедии. Ви Благодарам. Forbidden History (разговор) 18:15, 6 октомври 2022 (CEST)[одговори]

Тој профил не е мој, немам потреба од втор профил, бидејќи веќе си имам еден. Ама го познавам човекот кој го раководи тој профил и затоа му помагам во некои негови уредувања, нешто кое не се коси со ниту едно правило на Википедија. Sashko1999 (разговор) 18:34, 6 октомври 2022 (CEST)[одговори]
Во што се состои твоето помагање, седна да му куцаш зборови во Разговорна страна кај друг уредник? Премногу ниско да кажеш и да се вадиш со вакво нешто.
Инаку да и тоа се коси со правилата на Википедија се вика организирано напаѓање и работење. Така да ти благодарам што си призна уште еден прекршок. Мислам дека веќе е јасно дека покрај старите предупредувања за вандализам, за негирање на македонска историја, марионество и организирање Team не едно веќе кршиш 4 правила! Forbidden History (разговор) 18:58, 6 октомври 2022 (CEST)[одговори]
Ха-ха-ха.
Доколку мислиш дека сме истите личности, повели да се сретенеме во живо ако си од Скопје. Сашко ми е мој добар другар и ми помага околу едитирање.
Дали може да ми кажеш каде постои правилото на википедија за "негирање на македонска( заборави да го членуваш зборот) историја?
Ќе те замолам следен пат да ги членуваш зборовите и да не го негираш македонскиот јазик.
Ти благодрам. АлександарЧетник (разговор) 21:20, 6 октомври 2022 (CEST)[одговори]
Ширењето на бугарската пропаганда врз официјална државна историја е кршење правило. Оди на бугарската википедија да уредуваш секаде каде што не се признава македонскиот јазик, не да извитоперувате со твојот втор профил Сашко. Фатен си на дело во живо! Ти толку да знаеше македонски јазик немаше да имаш потреба да се корегираш самиот себеси од другиот профил. Си има админи се е на виделина. Forbidden History (разговор) 08:22, 8 октомври 2022 (CEST)[одговори]
Кој ви дозволил да пишувате на Википедија македонски? Сашко како негатор на македонската историја, а вие како негатор на македонскиот јазик не треба да имате дозвола за пишување.
,,Така да ти благодарам што си призна уште еден прекршок." ( Така да -> Така што )
Би те советувал доколку не го познаваш македонскиот јазик, да започнеш да пишуваш статии на српски.
Ти благодарам. АлександарЧетник (разговор) 22:02, 6 октомври 2022 (CEST)[одговори]
Значи заклучокот е дека јас не кршам ниту едно правило, ама затоа Forbidden History го крши правилото за правилно пишување на македонскиот јазик. Така што мислам дека тој треба повеќе да се позанимава со македонскиот јазик, а помалку со безпотребни пријавувања на Википедија. Sashko1999 (разговор) 22:21, 6 октомври 2022 (CEST)[одговори]
Заклучокот ќе го донесат админите. Прочита погоре од едниот профил еве и на другиот...да ти одговорам. Ако ти е толку важен макеоднскиот јазик, ќе го бранеше на бугарската википедија. Ама, не е така-туку сосема обратно е, ти овде си дојден со друга цел да манипулираш со македонската историја и да ја вртиш на бугарска воденица. Па сега и екипа си основал дечкото. Тоа е кршење правила. Вандализирање е исто така кршење правила. Марионество е исто така кршење правила...
Ова ли е граматички точно напишано од твојот друг профил "Кој ви дозволил да пишувате на Википедија македонски?".... Админите се овде да ги забранат ваквите уредници кои со подли и заднински намери пробуваат да едититраат и да извртуваат историски факти и кои не се придржуваат до нормите и принципите на википедија. А за граматика си има посебен админ кој ја корегира во самите статии. Не може секој да си дозволи човек како тебе, да му корегира дури и во разговорни страници на другиот профил... :) Forbidden History (разговор) 08:29, 8 октомври 2022 (CEST)[одговори]
Точно, заклучокот ќе го донесат админите. Јас сум овде веќе 7 години и на твоја жалост ќе ме гледаш уште долго, а ќе гледаш и се повеќе мои истомисленици. Патем, не е макеоднски, туку е македонски јазик. Мислам дека ти треба сериозно описменување на тебе. Sashko1999 (разговор) 13:54, 8 октомври 2022 (CEST)[одговори]
Барем јас немам 4 корекции на својот текст. Сум згрешил во куцање и сега што. Да ги искорегирам, ќе ти помине главоболката? Ти можеш и 50 години да имаш профил на вики, што си сработил од него и со него е друга работа. А, си постојат и санкции и казни исто така... Forbidden History (разговор) 20:19, 8 октомври 2022 (CEST)[одговори]
Јас немам докази за марионетство, но знам дека корисникот @АлександарЧетник веќе го опоменав за неговото однесување со внес на податоци. @Sashko1999, многу е побитно кој како пишува на самите статии и со што придонесува на самата Википедија, отколку во разговор. @Forbidden History Ќе ја следиме состојбата и одлуката за нив би зависела од нивните дејствија на Википедија. --Ehrlich91 (разговор) 15:58, 13 октомври 2022 (CEST)[одговори]
Јас ќе се согласам со било каква ваша одлука, бидејќи Ве почитувам како администратори. Но, би сакал да добијам одговор зошто некој би ја посетувал мојата разговорна страница, за да му корегира текст на некој друг уредник?
Зарем не е добра санкција да му се даде забрана да уредува статии поврзани со историјата на балканските земји (бидејќи и до сега има правено прекршоци и не бил санкциониран). Благодарам Forbidden History (разговор) 19:01, 15 октомври 2022 (CEST)[одговори]

Page protection for User talk:Bjankuloski06 and archives

Target of an LTA (en:wp:LTA/GRP). Apologies for writing in English. Leonidlednev (разговор) 20:33, 11 мај 2023 (CEST)[одговори]

New special page to fight spam

Помогнете со преводот на вашиот јазик

Hello, We are replacing most of the functionalities of MediaWiki:Spam-blacklist with a new special page called Special:BlockedExternalDomains. In this special page, admins can simply add a domain and notes on the block (usually reasoning and/or link to a discussion) and the added domain would automatically be blocked to be linked in Wikis anymore (including its subdomains). Content of this list is stored in MediaWiki:BlockedExternalDomains.json. You can see w:fa:Special:BlockedExternalDomains as an example. Check the phabricator ticket for more information.

This would make fighting spam easier and safer without needing to know regex or accidentally breaking wikis while also addressing the need to have some notes next to each domain on why it’s blocked. It would also make the list of blocked domains searchable and would make editing Wikis in general faster by optimizing matching links added against the blocked list in every edit (see phab:T337431#8936498 for some measurements).

If you want to migrate your entries in MediaWiki:Spam-blacklist, there is a python script in phab:P49299 that would produce contents of MediaWiki:Spam-blacklist and MediaWiki:BlockedExternalDomains.json for you automatically migrating off simple regex cases.

Note that this new feature doesn’t support regex (for complex cases) nor URL paths matching. Also it doesn’t support bypass by spam whitelist. For those, please either keep using MediaWiki:Spam-blacklist or switch to an abuse filter if possible. And adding a link to the list might take up to five minutes to be fully in effect (due to server-side caching, this is already the case with the old system) and admins and bots automatically bypass the blocked list.

Let me know if you have any questions or encounter any issues. Happy editing. Amir (talk) 11:41, 19 јуни 2023 (CEST)[одговори]

Уредник Василко и неговите закани за Википедија на македонски јазик

Здраво на сите, ви пишувам за последната порака на уредникот Василко кој ја има оставено на мојата страница за разговор дека ќе ја пријавувал Википедија на македонски јазик на Мета поради „нашето однесување“. --Ehrlich91 (разговор) 20:10, 27 јуни 2023 (CEST)[одговори]

Според мене неговото пријавување кон Мета се чувствува повеќе како заканување отколку вистинско пријавување, не верувам дека ќе ја пријави Македонската Википедија но иако ќе ја пријави мислам дека ќе нема санкции или некој последици кон Македонската Википедија. Овој уредник има лоша историја со бришејќи потребни информации и дела заради нивните гледишта и се чувствувам дека треба да има последици на неговиот однос. Gurther (разговор) 21:00, 27 јуни 2023 (CEST)[одговори]

Податотеки за преименување

Hello and sorry for writing in English. Can any admin rename the files in Категорија:Податотеки за преименување. Their file extensions are incorrect. Jonteemil (разговор) 16:40, 29 јули 2023 (CEST)[одговори]

Смолвил (ТВ серија)

Здраво и се извинуваме за користењето на Google Translate. Ве молиме заштитете ја страницата Смолвил (ТВ серија). Вандализам од GRP долгорочен насилник. Ви благодарам - Antandrus (разговор) 00:48, 17 август 2023 (CEST)[одговори]

Jimbo's talk page

@Bjankuloski06:, @Carshalton: User talk:Jimbo Wales was created by GRP a month ago. Please do something about that, and check the speedy deletion category. Apologies for writing in English. --Leonidlednev (разговор) 06:37, 15 септември 2023 (CEST)[одговори]

Request for protection

Hi, sorry for writing you in English, I want to ask you to protect this talk page, since the user is not active here and the page is targeted by a long-term abuser (called GRP)! I had to suppress the last edits, being potentially libelous content (according to oversight policy)! I ping last active admin Bjankuloski06! Thanks :) --Superpes15 (разговор) 11:06, 1 октомври 2023 (CEST)[одговори]

 Ок Готово Thank you for pointing it out. Б. Јанкулоски (разговор) 11:11, 1 октомври 2023 (CEST)[одговори]

Continuous vandalism on this page by anonim(s?). Seems a protection is required. Thanks & sorry for English. I am smiling (разговор) 15:37, 21 ноември 2023 (CET)[одговори]

 Ок Готово by Корисник:Bjankuloski06, thanks! I am smiling (разговор) 13:43, 27 ноември 2023 (CET)[одговори]

Март

Please semiprotect Март against more vandalism by this WMF banned user. Thanks, Wutsje (разговор) 21:16, 28 ноември 2023 (CET)[одговори]

 Ок Готово Thanks for noting it.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:42, 28 ноември 2023 (CET)[одговори]

Not consistent content with insulting and incorrect statements

Dear Wikipedia representatives,

Some time ago I came up to a page that was previously known to me:

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%A6%D0%B8%D0%BF%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2

and I was unpleasantly surprised, even astonished by the content change. Namely, the page is dedicated to a Macedonian and Bulgarian revolutionary, known as Kosta Tsipushev, from the 19th and 20th century.

The Macedonian version of the page, that I have shared above, contains insulting and inaccurate information. It is not consistent with the Bulgarian and the English version given here:

https://en.wikipedia.org/wiki/Kosta_Tsipushev

https://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%A6%D0%B8%D0%BF%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2

The Macedonian version seems to be heavily politically and ideologically biased and contains statements like: "bulgarian fascist servant", "traitor of the Macedonian resistance", "Bulgarian spy". Those are heavy accusations and are not supported by any means of any valid objective source giving such an evidence. Even the source the admins of the page use (Angel Dinev -„Политичките убиства во Бугарија“ ) to justify their writing does not mention any espionage activity.

I tried to correct it and debate with the content editors but they then constrained the access to the page so that it could not be edited.

I would kindly ask you to somehow react to those violations and to free the page for further editing.

Best Regards,

Konstantin Dzhekov Kdzekov (разговор) 23:53, 26 декември 2023 (CET)[одговори]

Покрај тоа што овој уредник прекрши неколку википедија правила, тој продолжи со лични навреди кон уредници, кон македонскиот народ па и со закани кон хакнување на страната. Да почнам со ред.
1. Најпрво го прекрши вики правилото за вандализам, по што беше опоменат од @Ehrlich91 но си продолжи со истиот наратив.
2. па потоа со правни закани, кршејќи го и ова правило - цитат на неговите закани ("Се обраќам кон вас што сте ја ставиле последната содржина на странава. Доколку не ја тргнете содржината ќе покренам тужба.")
3. тој продолжи во негов стил но сега прекршувајќи и друго правило со напад кон уредниците кои уредувале на статијата - цитат ("Можете ли тоа да си го претставите, малоумници едни?!")
4. па потоа со закани и исмевање на македонскиот народ и официјалната историографска фела и наука (го цитирам: "Можете ли тоа да си го претставите, малоумници едни?! Се декларирал како Бугарин, и тоа му го зимате за грев. Па сите се декларирале како Бугари во тоа време, сите што сте ги спомнале погоре. Писмени ли сте, сте прочитале ли нешто повеќе од фалсификувана историја?")
5. за да од вчера уште еднаш се закани доколку овде не бил решен спорот во негова-бугарска полза тој ќе превземал акција страната да биде хакната) - тоа може да се прочита овде. Цитат ("Најотворено ви кажувам дека доколку не го промените начинот на којшто сте го пишале текстот и доколку не се промени текстот воопшто, страната ќе биде симната (hack-ната).")
6. Покрај се ова тој крши уште едно правило, а тоа дека тој бил негов близок роднина, пто веднаш станува јасно зопто е овде дојден и со каква цел - цитат "Коце Ципушев не е бугароман, туку македонски бугарин. Тоа никој не го крие, и си го знаеме многу добро ние што сме упатени или блиски."
Молам уредников да биде санкциониран и да му се забрани уредување на македонската википедија. Ви благодарам Forbidden History (разговор) 16:58, 27 декември 2023 (CET)[одговори]
Само што бев предмет на нова навреда од уредникот - цитат:
"Токмак еден! Бизону! Зарем “Спомени“ на Христо Татарчев и “Автобиографија“ на Григор Прличев се бугарскли фејк глупости ?! Ти си срам и изрод на македонскоиот народ, ти и таквите како тебе прават раздор и ги кочат работите да мрднат, пред се политички, па после и во другите сфери."
И само да додадам, покрај 5те книги кои ги цитирам за изродот, предавникот и крвникот на македонците Коце Ципушев, имам уште да додадам книги и автори. Секако да нагласам дека во дел од документите кога е создавана оваа држава Македонија, по која плука уредников, токму Коце Ципушев е посочен како фашистички соработник и предавник. Во такви државотворни документи да си влезен со име и презиме како предавник, е доволен показател зошто токму неговото име е издвоено во таа топ листа на предавници. Forbidden History (разговор) 20:34, 27 декември 2023 (CET)[одговори]
@Kdzekov Јазичните изданија на Википедија не се исти, ниту ќе бидат исти, бидејќи се разликуваат изворите кои ги користат и особено историографијата на јазикот кој го користи таа Википедија. Уредникот @Forbidden History ти објасни со извори зашто е тоа така напишано. Бидејќи целта на ова ти е само оваа статија, при што користиш навреди и некакви закани, ова нека ти биде последна опомена, пред да бидеш санкциониран. --Ehrlich91 (разговор) 10:50, 30 декември 2023 (CET)[одговори]

Request

Sorry for english, please protect Ерусалим: persistent vandalism by WMF-banned user. I ping last active sysop @Bjankuloski06:. Thanks, --Mtarch11 (разговор) 04:38, 2 април 2024 (CEST)[одговори]

LTA spam on my userpage

Hello, dear colleagues! I would like to ask if you could delete my userpage on this project. It is targeted for a while by a long-term abuser Velimir Ivanovic (banned globally). I would also suggest preventive protection of the page for 1 year, if possible. Thank you in advance and greetings from the Serbo-Croatian project! – Aca (разговор) 21:22, 16 август 2024 (CEST)[одговори]

отстранете ја забраната за уредување на Marvel Comics

.....треба да се направи update на филмовите,лично јас ги направив табелите со целата филмографија на Marvel,не знам кој стави забрана но ве замолувам да се отстрани забраната. NadyBarbieGirl (разговор) 02:56, 19 октомври 2024 (CEST)[одговори]

@NadyBarbieGirl  Ок Готово --Ehrlich91 (разговор) 14:44, 19 октомври 2024 (CEST)[одговори]