Бук
Бук (грчки: Παρανέστι, Паранести; до 1927 г. Μπούκια, Букија[2]) — село во општината Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Бук Παρανέστι | |
---|---|
Координати: 41°16.0′N 24°30.5′E / 41.2667° СГШ; 24.5083° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Бук |
Општ. единица | Караџаќој |
Надм. вис. | 180 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 629 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 39 км североисточно од градот Драма и северозападно од Скеча во подножјето на јужните Родопи на левиот брег на реката Места. Селото лежи на главниот патен пат кој ги поврзува градовите Драма и Скеча, а исто така поминува и железничката линија која ја поврзува Западна Тракија со остатокот на Грција.
Селото се наоѓа на надморска височина од 124 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото е евидентирано во XV век како Буково како чисто муслиманско[3]. Во деталниот регистар на санџакот Паша од 1569-70 година селото било регистрирано како Бабук без население и годишен приход од даноци од обработливата земја во износ од 600 акчиња[4].
Селото Бук во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 жители Турци[5]. Според статистиката на Анастас Разбојников, во XIX век Бук било македонско-муслиманско (помачко) село, кое имало 100 куќи во 1830 година, 120 - во 1878, 150 во 1912 и 1920 година[6].
По започнувањето на Балканските војни, од селото едно лице бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[7].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според грчката статистика од 1913 година во селото живееле 935 жители[8] Во 1920 година во селото биле регистрирани 406 жители.[9]
По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година мето на селото било променето во Паранестион.[10]
Демографија
уредиДо 1928 година во селото биле населени 16 грчки семејства со 54 бегалци од Турција.[11] Во 1928 година селото броело 798 жители, додека во 1940 година селото броело 1168 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 822 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1244 жители, во 1971 година имало 685 жители, во 1981 година имало 522 жители, додека во 1991 година имало 597 жители[12]. Денеска, населението на селото е 1256 жител според пописот од 2001 година.
Име | Име | Ново име | Ново име[13] | Опис[14] |
---|---|---|---|---|
Чатал | Τσατάλ | Дихалорема | Διχαλόρρεμα | река |
Бајрам Тепе | Μπαϊράμ Τεπέ | Ипсома Фостериди | Ύψωμα Φωστερίδη | врв на Боздаг на З од Лишен (875 m)[15] |
Чал Тепе[14] | Τσάλ Τεπέ | Ипсома Каликруну | Ύψωμα Καλλικρούνου | врв на Боздаг на СЗ од Лишен (616,6 m)[14] |
Дузлерија | Ντουζλέρια | Омалон | Όμαλόν | |
Пастрова[14] | Πέστροβα | Вуколикон | Βουκολικόν | река на Боздаг на З од Бук (Бујук Дере)[14] |
Стамбул Бугаз[14] | Σταμπούλ Μπουγάζ | Стена | Στενά | врв на Боздаг на З од Бук (658 m)[14] |
Бујук Дере[14] | Μπουγιούκ Ντερέ | Мегало Рема | Μεγάλο Ρέμα | река на Боздаг на З од Бук (Пастрова)[14] |
Јакопаза[14] | Γιακούπαζα | Ливадија | Λιβάδια | месност на Боздаг на З од Бук и на Ј од Караѓоз[14] |
Караѓоз[14] | Καραγκιόζ | Мавромати | Μαυρομάτι | река и врв на Боздаг (1054,6 m) на СЗ од Бук на којашто е селото Караѓоз[14] |
Генез | Γενέζ | Кокинорема | Κοκκινόρρεμα | река на Боздаг на СЗ од Бук на којашто е селото Кузмали[14] |
Чибла | Τσίμπλα | Ипсома Карали | Ύψωμα Καραλή | врв на Боздаг на З од Караѓоз (910 m)[15] |
Чибла | Τσίμπλας | Рема Карали | Ρέμα Καραλή | река |
Кузмали[14] | Κούζμαλι | Ерепија Анилиу | Ερείπια Άνηλίου | поранешно село на Боздаг на З од Караѓоз[14] |
Камбуру[14] | Καμπούρου | Камбурис | Καμπούρης | врв на Боздаг (706 m) на СЗ од Бук[14] |
Кангелија[14] | Καγκέλια | Кангели | Καγκέλι | месност на Боздаг на СЗ од Бук[14] |
Субаши[14] | Σούμπαση | Неромана | Νερομάννα | месност на Боздаг на СЗ од Бук[14] |
Пашова | Πάστοβα | Цакалос | Τσάκαλος | возвишение на Родопите на С од Бук (357 m)[15] |
Мезарликија | Μεζαρλίκια | Мнимата | Μνήματα | месност на Боздаг на СЗ од Бук и на З од Драчишта[14] |
Чаири | Τσαΐρι | Ливадија | Λιβάδια | месност |
Дермен | Ντερμέν | Рема Идромилон | Ρέμα 'Υδρομύλων | река И од Зарич[15] |
Апостолов Баир[14] | Μπαΐρι Αποστόλου | Плагиес Апостолу | Πλαγιές Αποστόλου | месност на Боздаг на СЗ од Драчишта[14] |
Чаир | Τσαΐρ | Ливади | Λιβάδι | месност на Боздаг на СЗ од Драчишта[14] |
Копутчук | Κοπουτσούσκ | Ликорема | Λυκόρρεμα | река |
Кашла[14] | Κισλάς | Кастро | Κάστρο | врв на Боздаг (680,5 m) на СЗ од Бук и на С од Ќучукќој[14] |
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.168 | 822 | 1.244 | 685 | 522 | 597 | 1.256 | 625 | 629 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπούκια -- Παρανέστιον
- ↑ Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 83.
- ↑ Стојановски, Александар (2007). Турски документи за историјата на Македонија. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Сер и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе: Државен архив на Република Македонија. стр. 72. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
- ↑ Разбойников, Анастас и Спас Разбойников, Населението на Южна Тракия с оглед на народностните отношения в 1830, 1878, 1912 и 1920 година, София 1999, с. 326
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 103 и 832.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-03.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија, том 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. стр. 139. ISBN 9989-9819-4-9. OCLC 44748962.
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 89.
- ↑ „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 12. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 3): 20. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 14,00 14,01 14,02 14,03 14,04 14,05 14,06 14,07 14,08 14,09 14,10 14,11 14,12 14,13 14,14 14,15 14,16 14,17 14,18 14,19 14,20 14,21 14,22 14,23 14,24 14,25 14,26 14,27 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 Lekáni GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)