Караѓоз (село)
Караѓоз (грчки: Περίβλεπτο, Перивлепто)'[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Караѓоз Περίβλεπτο | |
---|---|
Координати: 41°17′N 24°24′E / 41.283° СГШ; 24.400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Бук |
Општ. единица | Бук |
Надм. вис. | 600 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 8 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 50 километри североисточно од градот Драма и на 11 километри западно од центарот на општината, Бук.
Селото се наоѓа на надморска височина од 600 метри.
Историја
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 260 жители Турци[4].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиВо 1940 година селото броело 265 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 221 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 187 жители, во 1971 година имало 57 жители, во 1981 година имало 21 жител, додека во 1991 година имало 27 жители[5]. Денеска, населението на селото е 8 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 265 | 221 | 187 | 57 | 21 | 27 | 39 | 8 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 32.