Зарич (грчки: Ψηλή Ράχη , Ипсили Рахи)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Зарич
Ψηλή Ράχη
Зарич is located in Грција
Зарич
Зарич
Местоположба во областа
Зарич во рамките на Драма (општина)
Зарич
Местоположба на Зарич во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°12′N 24°20′E / 41.200° СГШ; 24.333° ИГД / 41.200; 24.333Координати: 41°12′N 24°20′E / 41.200° СГШ; 24.333° ИГД / 41.200; 24.333
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000349000000349 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно215
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа на 25 километри источно од градот Драма и на 24 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 349 метри.

ИсторијаУреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Ипсили Рахи.[4]

ДемографијаУреди

До 1928 година во селото биле населени 803 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 803 жители, додека во 1940 година селото броело 1126 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 931 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 805 жители, во 1971 година имало 507 жители, во 1981 година имало 302 жители, додека во 1991 година имало 262 жители[6]. Денеска, населението на селото е 215 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1126 931 805 507 302 262 / 215
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

НаводиУреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  4. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 27.