Донечка Област
Донечка Област Донецька область | |
---|---|
Знаме | |
![]() | |
Местоположба | |
![]() | |
Информации | |
Админ. центар: | Донецк |
Официјални јазици: | украински |
Површина: | 26 517 km² |
Население: | 4 378 073 (01.12.2012) |
Број на реони: | 18 |
Регистерска ознака: | АН |
Областен управител: | Олександр Куц |
Донечка Област (украински: Донецька область; исто така се нарекува и Донечшчина - украински: Донеччина) — област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Донецк.
Географија уреди
Област има вкупна површина од 26.517 км2. На запад се граничи со Запорошката и Днепропетровската Област, на север со Харковската Област, на југ со Азовско Море, а на исток со Луганската област и Русија. Во областа има 874 села и 52 градови. Најдолга река во областа е Сиверски Донец, а други значајни реки се и Миус и Лугањ.
Демографија уреди
Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Донечката Област го сочинуваат Украинците (56,87%), а остатокот го сочинуваат Руси (38,22%), Грци, Белоруси, Татари, Ерменци, Евреи и други.
Надворешни врски уреди
- Службена страница Архивирано на 19 јануари 2013 г. (украински) (руски)