Черновечка област
Черновечка област Чернівецька область Regiunea Cernăuţi | |
---|---|
Знаме | |
![]() | |
Местоположба | |
![]() | |
Информации | |
Админ. центар: | Черновци |
Официјални јазици: | украински |
Површина: | 8 097 km² |
Население: | 904 900 (2001) |
Број на реони: | 11 |
Регистерска ознака: | СЕ |
Областен управител: | Олександр Фишчук |
Черновечката област (украински: Чернівецька област) е една од 24-те области на Украина. Се наоѓа во западниот дел на земјата. Taa е дел од историската област Буковина. Граничи со Ивано-Франковската, Хмелничката и Тернополската област. На југ, Черновечката област граничи со Романија и Молдавија. Опфаќа површина од 8 097 км2. Во областа има 398 села и 11 градови.
ИсторијаУреди
- 1775-1918, територијата е дел на Австрија, а потоа на Австроунгарија, под името Кралство Галиција.
- Дел од Романија 1918—1939.
- Буковина, според договорот со Романија, влегува во Советскиот Сојуз (1940).
- Од 1940 година, под името „Черновечка област“, областа е дел на Украинската ССР.
- Од 1991 година, областа е дел на независна Украина.
ДемографијаУреди
Според пописот на населението во 2001 година, во Черновечката област живеат најмногу Украинци (75%), а останатите се Романци (12,5%), Молдавци (7,3%) и Руси (4,1%).