Черкаска Област
(Пренасочено од Черкаска област)
Черкаска област Черкаська область | |
---|---|
Знаме | |
![]() | |
Местоположба | |
![]() | |
Информации | |
Админ. центар: | Черкаси |
Официјални јазици: | Украински |
Површина: | 20 900 km² |
Население: | 1 281 900 (01.08.2011) |
Број на реони: | 20 |
Регистерска ознака: | CA |
Областен управител: | Jуриj Ткаченко |
Черкаска област (украински: Черкаська область; исто така се нарекува Черкашчина - украински: Черкащина) е област (покраина) во централниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Черкаси.
Географија Уреди
Черкаска област има вкупна површина од 20.900 км2. На запад се граничи со Виничката област, на север со Киевската, на југ со Кировоградската, а на исток со Полтавската област. Во областа има 839 села и 16 градови. Најголемата река: Днепар, други значајни реки во областа се: Рос, Тјасмин, Планински Тикич.
Демографија Уреди
Според пописот на населението во 2001 година, во Черкаска област живеат најмногу Украинци (90%), а останатите се Руси (8%), Белоруси, Татари, Евреи, Молдавци, Ерменци.
Надворешни врски Уреди
- Службена страница Архивирано на 9 февруари 2015 г. (украински)