Николаевска Област
(Пренасочено од Николаевска област)
Николаевска Област Миколаївська область | |
---|---|
Знаме | |
![]() | |
Местоположба | |
![]() | |
Информации | |
Админ. центар: | Николаев |
Официјални јазици: | Украински |
Површина: | 24 598 km² |
Население: | 1 173 770 (01.12.2012) |
Број на реони: | 19 |
Регистерска ознака: | ВЕ |
Областен управител: | Олексиj Савченко |
Николаевска Област (украински: Миколаївська область; исто така се нарекува Николаевшчина - украински: Миколаївщина) е област (покраина) во јужниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Николаев.
Географија Уреди
Николаевска Област има вкупна површина од 24.598 км2. На запад се граничи со Одеската Област, на север со Кировоградската Област, на југ со Херсонската Област, а на исток со Днепропетровската Област. Во областа има 822 села и 9 градови. Најголемата река: Јужен Буг, други значајни реки во областа се: Ингулец, Ингул, Березан.
Демографија Уреди
Според пописот на населението во 2001 година, во Николаевска Област живеат најмногу Украинци (81,91%), а останатите се Руси (14,06%), Молдавци, Белоруси, Ерменци, Евреи.
Надворешни врски Уреди
- Службена страница (украински) (руски) (англиски)