17 јануари (главна страница 2011)

1377  Папа Григориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.
1562  На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција.
1773  Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Антарктичкиот круг.
1939  Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.
1945  Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска
1961  По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“.
1995  Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6,433 лица.
1996  Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.

Родени:

1504  Папа Пиј V, римски папа.
1706  Бенџамин Франклин, американски политичар и дипломат, работник, печатар, филозоф и државник.
1899  Ал Капоне, американски гангстер.
1924  Благоја Талески, македонски државник.
1942  Мохамед Али, американски боксер.
1962  Џим Кери, канадски глумец.
1966  Љубчо Георгиевски, премиер на Република Македонија (1998-2002).

Починати:

395  Теодосиј I, римски цар.
1468  Скендербег, албански национален херој.
1598  Фјодор I, руски цар.
1864  Марко Павлов, првиот дипломиран македонски лекар.
2010  Михалис Папаконстантину, грчки политичар.
2008  Роберт Фишер, американски шаховски велемајстор.