Фотиништа

село во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Фотинишча)

Фотиништа (дијалектно: Фотинишча; грчки: Φωτεινή, Фотини; до 1926 г. Φωτίνιστα, Фотиниста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Фотиништа
Φωτεινή
Фотиништа is located in Грција
Фотиништа
Фотиништа
Местоположба во областа
Фотиништа во рамките на Костур (општина)
Фотиништа
Местоположба на Фотиништа во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°32′N 21°20′E / 40.533° СГШ; 21.333° ИГД / 40.533; 21.333
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаВич
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно186
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 10 км источно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 650 метри.

Историја

уреди

Во текот на XV век, селото имало 77 глави на семејства[3]. Првото споменување на селото е од 1445 година под името Хутуништа. Во документи од 1530, 1545 и 1564 година е Хотуништа, додека во 1568 година како Хотоништа.

Во селото во 1800 г. била изградена црквата „Св. Мина[4].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Фотиништа,се состоело од 30 семејства со 100 жители Македонци[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Фотиништа имало 250 жители Македонци[5][7].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Македонци под врховенството на Цариградскста патријаршија и работело патријаршиско училиште[5][8]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 2 македонски семејства[9].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Фотиништа се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 15 куќи.[10]

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 29 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Фотини.[12] Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 11 деца од селото биле протерани како деца бегалци[13]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 119 жители.[14], додека во 1940 година селото броело 210 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 184жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 206 жители, во 1971 година имало 186 жители, во 1981 година имало 171 жител, додека во 1991 година имало 194 жители[15]. Денеска, населението на селото е 184 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 210 184 206 186 171 194 184 186
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Φωτίνιστα - Φωτεινή
  3. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-07-22. Посетено на 2016-03-13.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181
  9. Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.
  11. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 40.
  12. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-13.
  14. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-13.