Фердинанд III (Свето Римско Царство)

Фердинанд III (германски: Ferdinand III, роден на 13 јули 1608 во Грац - починал на 2 април 1657 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство во периодот од 1637 до 1657 година, крал на Унгарија и крал на Хрватска (1625-1657), крал на Бохемија (1627-1657), надвојвода на Австрија (1637-1657).

Фердинанд III
Цар на Светото Римско Царство
Крал на Германија
На престол1637 –1657
Крунисување30 декември 1636
ПретходникФердинанд II
НаследникЛеополд I
Крал на Унгарија и Хрватска
На престол8 декември 1625 – 2 април 1657
Крунисување8 декември 1625, Сопрон[1]
ПретходникФердинанд II
НаследникЛеополд I
Крал на Бохемија
На престол21 ноември 1627 – 2 април 1657
Крунисување21 ноември 1627, Прага
ПретходникФердинанд II
НаследникЛеополд I
Надвојвода на Австрија
На престол15 февруари 1637 – 2 април 1657
ПретходникФердинанд II
НаследникЛеополд I
Роден(а)13 јули 1608
Грац, Австрија
Починал(а)2 април 1657(1657-04-02) (возр. 48)
Виена, Австрија
Почивалиште
СопружникМарија Ана Шпанска
Марија Леополдина
Елеонора Гонзага
Деца
ДинастијаХабсбуршка династија
ТаткоФердинанд II
МајкаМарија Ана Баварска
ВероисповедРимокатоличка црква

Рани години уреди

Фердинанд бил најголемиот син на Фердинанд II и неговата прва сопруга Марија Ана Баварска.

Управување уреди

По доаѓањето на престолот во 1637 година, Фердинанд се надевал дека ќе склучи мировен договор со Франција и Шведска, но Триесетгодишната војна продолжила уште 11 години. Во негово време бил потпишан Вестфалскиот договор со кој завршила Триесетгодишната војна.

Поради тешката ситуација од војната, Фердинанд во 1644 година им дозволил на германските владетели самостојно да ја водат својата надворешна политика. Преку овој потег Фердинанд сакал да стекне поголем број на сојузници, но ова од друга страна довело до слабеење на царската моќ.

Семејство уреди

На 20 февруари 1631 година Фердинанд III се оженил во Виена за Марија Ана Шпанска (1606-1646). Таа била најмладата ќерка на Филип II и Маргарита Австриска. Тие воедно биле први братучеди, бидејќи мајката на Марија Ана била сестра на таткото на Фердинанд. Заедно имале шест деца:

Во 1648 Фердинанд се оженил во Линц за австриската надвојвотка Марија Леополдина (1632-1649). Таа била ќерка на австрискиот надвојвода Леополд V и Клаудија Медичи. Тие биле втори братучеди и имале еден син:

Во 1651 Фердинанд III се оженил во Виена за Елеонора Гонзага (1630-1686). Заедно имале 4 деца:

Наводи уреди

  1. Hengerer, Mark (2012). Kaiser Ferdinand III. (1608-1657): Eine Biographie (германски). Wien - Köln - Weimer: Böhlau Verlag. стр. 62. ISBN 978-3-205-77765-6.

Надворешни врски уреди