Рон-Роберт Зилер (роден на 12 февруари 1989) — германски фудбалер кој игра како голман за Хановер 96 и германска репрезентација.

Рон-Роберт Зилер
Ron-Robert Zieler
Лични податоци
Роден на 12 февруари 1989(1989-02-12)(35 г.)
Роден во Келн, Германија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Штутгарт Штутгарт
Број 16
Младинска кариера
Келн
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2010 Манчестер Јунајтед 0 (0)
2008-2009Нортемптон (позајмен) 2 (0)
2010 Хановер 96 II 15 (0)
2010-2016 Хановер 96 185 (0)
2016-2017 Лестер Сити 9 (0)
2017- Штутгарт 5 (0)
Репрезентација
2011- Германија 1 (0)
* Ажурирано на: 17 јануари 2012
** Ажурирано на: 17 јануари 2012

Клупска кариера

уреди

Почетокот на кариерата

уреди

Зилер е роден во Келн, а својата фудбалска кариера ја започна во неговиот роден град во клубот СЦБ Викторија Келн, пред да дојде во попoзнатиот и пославен тим од градот, 1.ФК Келн во 2001 година. Во јули 2005 година, тој се пресели во Англија во академијата на Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед

уреди

Во својата прва сезона со Манчестер Јунајтед, Зилер одигра 22 меча за Тимот Под-18 години, вклучувајќи и четири во Младинскиот ФА Куп. Тој исто така беше именуван за неискористена замена во 11 натпревари на резервистите, вклучувајќи го и финалето на Манчестер Сениор купот, во кое тие го заработуваат победничкиот медал. Во следната сезона, која ја одигра за Под-18 тимот, тој беше една од двете опции за голманската позиција заедно со Бен Ејмос, но, исто така, Зилер го направи своето деби за резервите на 15 март 2007 година, во пораз од 3-0 дома од Шефилд Јунајтед. И покрај тој несреќен почеток, тој ја исправи грешката четири дена подоцна со одржување на чиста мрежа во победата од 2-0 над Олдам Атлетик во Манчестер Сениор купот.

2007-08 сезоната беше означена со појавата на Зилер како полноправен член на резервниот тим, така што тој ги дели голмаските должности со Том Хитон, и секој имаше по 11 настапи. Во мај 2008 година, Зилер доби уште еден победнички медал од Манчестер Сениор купот, така што тој бранеше во сите 90 минути и ја сочува својата мрежа сува против Болтон. Тој потоа играше и во финалето на Ланкашир Сениор првенство на крајот на јули 2008 година, каде прими два гола од Ливерпул, но Јунајтед победи со 3-2.

На почетокот на сезоната 2008-09, Зилер доби место во првиот тим на Јунајтед и го зеде бројот - 38 - за првпат. Тој го доби својот прв повик за акција во првиот тим од Сер Алекс Фергусон на 23 септември 2008 година, кога тој беше на клупата (како неискористена резерва) во 3-1 победата на Јунајтед во Лига купот над Мидлзборо.

По една сезона помината на заем во нисколигашот Нортемптон Таун, Зилер се врати во Манчестер Јунајтед, на своите должности како голман на резервниот тим, и прими само еден гол во неговите први четири натпревари по враќањето. Сепак, во натпреварот против резервите на Њукасл на 30 март 2009 година, тој доживеа скршеница на раката откако се судри со напаѓач на Њукасл во воздухот. Тој се врати во акција пред стартот на сезоната 2009-10, но се мачеше да ја поврати својата позиција во тимот на резервистите; и неговите појавувања во текот на сезоната беа спорадични поради што беше најчесто неискористена резерва.

Хановер

уреди

На 22 април 2010 година, по пробниот период, Зилер потпиша две-годишен договор со германскиот тим Хановер 96. Договорот почна на 1 јули 2010 година и, исто така, вклучува опција за една година продолжување. На Зилер му беше даден дресот со број 20. Тој дебитираше во Бундеслигата на 16 јануари 2011 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, и ја сочува својата мрежа чиста, а неговиот тим победи со 3:0. Од своето деби, тој се претвори во прв избор на голман во остатокот од сезоната, изместувајќи го од голот Флоријан Фромловиц.

На 24 јуни 2011 година, Зилер потпиша продолжување на својот договор до Јуни 2015. Пред стартот на сезоната 2011-2012 тој, исто така го зеде дресот со број 1 претходно носен од Фромловиц, кој заминал во Дисбург.

Репрезентативна кариера

уреди

Зилер го направи своето деби за сениорската селекција на Германија против Украина во пријателски меч на 11 ноември 2011 во Киев. Мечот заврши 3-3, а Зилер беше на голот сите 90 минути.

Надворешни врски

уреди