Билјард

(Пренасочено од Билијард)

Билјард — израз што се однесува на широк спектар на вешти игри во кои се користи билјардски стап (наречен так) за удирање топки и нивни поместувања по билјардската маса која е завиткана во волнена платно (чоја) и врамени гумени рабови (мантинела).

Употреба на името

уреди

Историски поимот билјард го зафаќал целиот спорт. Иако тоа име се користи како генеричко име за сите такви игри, употреба речиси се расцепила на целосни значења во одредени групи на луѓе и географски подрачја. На пример, во Обединето Кралство зборот билјард означува првенствено англиски билјард. Во САД билјард првенствено се користи за карамбол. Во Македонија тој збор е популарен со синоним за осумка, варијанта фунти билјард, исто така билјардски игри со дупки во кој влегуваат куглите.

Варијанти на оваа игра

уреди

Билјардот се дели на три групи:

  1. Карамбол билјард означува група на игри кои се играат на маси без дупки каде ќе влезат топките,
  2. Билјард со дупки во кои треба да влезат топките, главно се игра на билјардска маса со шест дупки. Подваријанти се:
    • осмица (најпопуларна билјардска игра на светот),
    • деветка (со девет топки),
    • десетка (со десет топки),
    • 14-1 Континуирана игра,
    • „со една дупка каде може да влезе билјардска топка“,
    • „преку мартинелата“,
  3. Снукер.

Историја

уреди

Билјардот има долга и богата историја која се протега од почетокот на 15 век. Во 1586 година телото на шкотската кралица Марија Стјуарт било завиткано во платното од нејзината маса за билјард. Вилијам Шекспир во драмата „Антонио и Клеопатра“ го употребил изразот: „Ајде на билјард“. Најпознатите љубители на билјард биле и Волфганг Амадеус Моцарт, Абрахам Линколн, Луј XIV, кралот на Франција, Марија Антоанета, Марк Твен, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Наполеон I Бонапарт, Чарлс Дикенс, Луис Керол и многу други.

Општи правила

уреди
 
Стандрадни билјардски кугли

Следните општи правила важат за сите набројани билјардски игри, освен кога општите правила се исклучуваат со некои од правилата на дадената игра. Како додаток, регулативите на билјардските игри покриваат и аспектни игри кои не ги засегаат директно само правилата, како што се услови кои мораат да ги исполнуваат со опремата која се користи, како и организацијата на турнирите.

Вид на игра Пречник на топки
Руски билјард 68 mm
Карамбол 61,5 mm
„Американски“ комплет топки за осмица 57 mm
Британска осмица 56 mm
Снукер 52,5 mm
Билјард наменет за деца 51 mm

Билјард со дупки се игра на рамна маса која е покриена со волнено платно (камшик) и врамени гумени рабови (манитинела). Играчот користи стап (билјардски стап) со кој ја удира белата топка, а тогаш таа ја удира посакуваната топка. Целта на играта е топките кои ги нишаниме да влезат во едната од шесте дупки кои се наоѓаат на краевите од масата. Игрите се разликуваат врз основа на тоа која топка е на ред да ја гаѓаме и врз основа на барањата што треба да ги исполниме за да победиме на натпреварот.

 
Бела топка

Играчка одговорност

уреди

Одговорноста на играчот лежи во тоа да е запознаен со сите правила, прописи и распореди за игра кои се применуваат на турнирот. Организаторите на турнирот ќе направат сè што е во нивна моќ тие информации да бидат достапни за сите играчи, сепак највисокото ниво на одговорност лежи во играчот.

„Ближењето на“ белата топка да се одреди кој ја има предноста за почетен удар

уреди

„Ближењето “ за белата топка е прв удар во натпреварот со помош која се одредува со кој број по ред играчот ќе игра. Судијата ја поставува топката со двете страни на билјардската маса, на основната линија. Двајцата играчи истовремено ја удираат топката со цел да тие удари во мартинелата на другата страна на билјардската маса, да се одбијат и да нивната топка се врати поблиску до мартинелата која се наоѓа зад основната линија и да и биде поблиска него противничката топка.

 
Билјардска дупка (џеб)

Се смета дека овој удар е неправилен под следните услови:

  1. Ако белата топка ја помине линијата која ја дели билјардската маса на два еднакви дела и влегува на половината на противникот,
  2. Ако ја допре мартинелата на спротивната страна на билјардската маса повеќе од еднаш,
  3. Ако топката излета од билјардската маса,
  4. Допре една од мартинелата на страна,
  5. Ако белата топка застане во дупката во аголот, а зад линијата на мартинелата; Како додаток, се смета дека овој удар се изведува неправилно ако се случи да било кој од фаулите поврзани за посакуваната и центрираната топка, освен ако фаулот кој се однесува на топката која и понатаму се движи.
 
Сала за билјард во Лондон

Играчите ќе го повторат ударот на топката ако :

  1. Играчот ја удри топката откако топката на неговиот противник веќе ја удрила мартинелата,
  2. Судијата не може да процени која од двете топки е поблиску до мартинелата,
  3. Двата удари се неправилни

Опрема што играчот може да ја користи

уреди

Општо земено, на играчите не им е дозволено да користат нов вид опрема во натпреварите. Начинот на користење на опремата се смета за вообичаен и правилен. Ако некој играч не е сигурен во врска со употребата на некој дел од опремата, тој ќе мора да разговара за сите проблеми поврзани со опремата со менаџерот на турнирот непосредно пред почетокот на натпреварот. Опремата мора да се користи само за намената за која е наменета и на начинот на кој е предвидено да се користи опремата за која станува збор.

 
Билјардска маса
  1. Стап за билјард – Играчот е дозовлено да менува различи видови на стапови во текот на натпреварот (стап за игра, стап за брејк), исто така му е дозволено и во текот на натпреварот да промени два или повеќе стапови ворамките на секој вид. Дозволено му е да користи и некој вид на продолжеток кој се заштрафува или се додава на стапот како би ја зголемил должината на стапот,
  2. Креда – На играчот му е дозволено на врвот на стапот да постави креда како би ја намалил можноста за лош контакт со белата топка (miscue), дозволено му е да кориси и своја креда, но под услов да таа да не се софпаѓа со бојата на подлогата на билјадрската маса,
  3. Продолжетоци – На играчот му е дозволено да користи до два продолжетоци за изведување на еден потез. Начин на кој ќе го постави продолжетокот енегов избор. Играчот може да користи и свој продолжеток ако тој е во обликот сличен на продолжетоците кој се користат,
  4. Нараквици – На играчот му е дозволено да користи нараквици како би го намалил триењето измеѓу билјардскиот стап и рацете,
  5. Прав - На играчот му е дозволено да употребуваат прав во разумни количини утврдени од судијата.

Враќање на топки во игра

уреди

Куглите се врќаат во игра , се враќаат на масата тако што нив ги поставуваме на подолгата средишна оска на масата, но што поблиску до задната точка (тоа точката на задната мартинела на која ја поставуваме првата топка во триаголник кога ги составуваме куглите за почеток на партијата) а измеѓу овие точки и мартинелата. При тоа, куглите кој се враќаат на масата не смејат никако да поместат некоја од останатите кугли кои останале на масата. Ако задната точка е зафатена, топката ја враќаме на најблиската точка така да таа е во допир со другите точки. Но, ако белата топка одма е до топката која ја враќаме во игра, белата топка не смее да се доприра со топката која ја враќаме во игра, мора да се остави минимално астојание помеѓу овие две кугли. Ако целата линија е измеѓу задната точка и мартинелата е зафатена со други кугли, топката која ја враќаме во игра се става над последната точка , но што е можнопоблиску до оваа точка.

Враќање на движечките топки во нивната положба

уреди

Ако е потребно да некоја топка биде вратена на својата претходна позиција поради некакво движење, или поради чистење на куглите, судијата ќе гоо направи тоа најдобро што тоуме и знае. Играчот мора да ја прифати судиската одлука за позицијата на топката која се враќа на својата претходна позиција.

Одбивање на судиски одлуки и укажување на непочитување на пропишаните правила

уреди

Ако играчот мисли дека судијата донел погрешна одлука, тој може да му предложи на судијата да си ја провери својата одлука, но судиската одлука е последна и таа мора да се почитува . Сепак, ако играчот мисли дека судијата не постапува по правилата на соодветен начин, тој може да побара од делегатот да пронајде солуција за проблемот. Додека делаготаот ја испитува ситуацијата, судијата е должен да ја прекине играта. Фаулите мора да се судат веднаш откако ќе бидат направени.

Откажување на натпреварот

уреди

Ако играчот се откаже во текот на играта, тоа значи дека го загубил натпреварот.

Осумка

уреди

Осумка се игра со петнаесет кугли, плус белата топка. Играчот мора ги уфрли сите кугли од својата група( или куглите од број еден до број седум, или кугли од број девет до број петнаесет) пред да се обиде да поентира со топка број осум. Во оваа игра секој потег претходно се најавува.

Одредување кој има предност во изведување почетен удар (брејк)

уреди

За да одреди кој играч прв ќе го изведе почетниот удар, предност да бира ќе добие играчот што бил поуспешен во „доближување„ на топката. Потоа се продолжува со назименичен брејк.

Подредување кугли за играта „осумка “

уреди

Кај оваа игра петнаесет кугли се подредуваат во триаголникот така што се сите кугли прилепени една до друга и тоа топката на врвот се става на крај, а топката број осум во средината. Во последниот ред кугли, тие што се на краевите мора да се од различни групи(полна и шарена). Другите се редат без некој законит редослед.

Почетен удар (разбивање)

уреди
 
Триаголник со топки (игра со 9 топки)

Следните правила се однесуваа на почетниот удар:

  1. Белатa топка може да се постави било каде сакаме, но зад основната линија,
  2. Потегот не се најавува, и белата топка не мора да погоди некоја одредена топка од триаголникот,
  3. Ако играчот уфрли топка од почетниот удар и нема притоа фаул, продолжува со игра,
  4. Ако во текот на разбивањето ниедна топка не е уфрлена, тогаш треба најмалку четири топки да удрат една или повеќе мартинели, во спротивно разбивањето е неправилно и другиот играч има можност да:
    • Да ја прифати ситуацијата на масата или,
    • Повторно топките да бидат наредени во триаголник, па да има разбивање за него или,
    • Топките одново да се сложат во триаголникот и играчот кој првобитно ги разбивал одново ги разбива топките;
  5. Уфрлање на топката со број осум во текот на почетниот удар (при разбивањето) не е фаул и играчот кој го постигнач тоа има можност да:
    • Топката со број осум да се врати на своето место на масата и сите други топки остануваат таму каде што се или

,#* Играчот да го повтори почетниот удар (разбивањето);

  1. Ако играчот кој разбивал ја уфрли топката број осум, но во дупката влезе и белата, неговиот противник ги има следните две можности:
    • Топката број осум се става на нејзино место на масата и играчот може да ја постави белата топка на било која позиција зад основната линија или,
    • Првичниот удар се повторува;
  2. Ако во текот на разбивањето некоја од топките од двете групи (целосни или шарени) излетаат од масата, тоа е фаул и топката која излетала од масата не се враќа во игра (освем топката број осум која се враќа на своето место на масата) и играчот кој е на ред има можност да:
    • Да ја прифати сиутацијата на масата каква што е или
    • да ја постави белата топка на било која позиција зад основната линија и да ја продолжи играта.
 
Слика од минатато - Билјард

Продолжување со играта

уреди

Играчот останува да игра сè додека на легален начин ги уфрлува куглите , односно ја освојува партијата кога ќе ја уфрли топката со број осум.

Потези кои мораат да се најават

уреди

Секој удар, освем брејк, мора да се најави. Играчот може да ја најави на топката број осум тек потоа откако ќе ги уфрли сите останати кугли. Играчот може да најави „сафет“ удар и после тоа неговиот противник да игра наместо него, а секоја топка која е уфрлена во текот на „safety“ удар не се враќа во игра.

Загуба на натпреварот

уреди

Играчот го губи натпреварот во следните ситуации:

  1. Направи фаул додекаја шутира топката со број осум,
  2. Ја шутне топката со број осум во дупката пред да ги шутне сите останати кугли во дупките на масата ,
  3. Ја уфрли топката со број осум во дупката а предтоа не го најавил тој потег,
  4. Ја исфрли топката со број осум надвор од билјардската маса.

Ово не се однесува на почетниот удар (брејк).

Стандардни фаули

уреди

Ако играч направи фаул, на ред за игра доаѓа неговиот противник. Противникот добива можност белата топка да ја постави на било која позиција на масата и одтука да ја продолжи играта. Побројните фаули се сметаат за стандардни во играта „осмица“:

  1. Бела топка се исфрла од масата,
  2. Белата топка прво ја удрила топката која не ена ред. Прва топка која белата топка може да ја удри мора да припаѓа на групата кугли кој се на ред, освем кога масата е отворена
  3. Ни една топка не ја допре мартинелата откако е изведен ударот со белата кон насочената топка,
  4. Играчот, во текот на изведувањето на ударот, не допира ниту со една нога на подот,
  5. Топката излетала од масата,
  6. Куглите кој се допираат (кој се залепени една за друга),
  7. Двоен удар, на куглите прилепени за мартинелата,
  8. Пуш удар,
  9. Куглите и понатака се во движење,
  10. Бела топка е поставена на погрешно место,
  11. Неправилна игра зад основнаната линија,
  12. Стапот оставен на масата,
  13. Играње кога не сте на ред,
  14. Бавна игра.

Озбилни фаули

уреди

Фаулите кој се побројни се казнуваат со загуба на натпреварот кој е во тек. Во случај на неспортско однесувањесудијтаа ќе ја одреди казната која се софпаѓа со прекршокот кој е предизвикан од играчот.

Пат позиција

уреди

Ако дојде до пат позиција играчот кој е по распоре има брејк во таа партија и ќе го преновува почетниот удар (брејк).

Надворешни врски

уреди