52°31′17″N 13°23′44″E / 52.52139° СГШ; 13.39556° ИГД / 52.52139; 13.39556

Музејски Остров
светско наследство на УНЕСКО
Стариот музеј, 2023 г.
КритериумКултурен: ii, iv
Навод896
Запис1999 (23то заседание)

Музејскиот Остров (герм. Museumsinsel) во Берлин е името на северната половина од островот во реката Шпре која протекува низ центарот на Берлин, и на кој се наоѓаат неколку светски познати музеи кои ги поставил уште прускиот крал Фридрих Вилхелм IV во 1841 г. Изградени од неколку последователни Пруски кралеви, колекциите на уметност и археологија биле преобразени во јавна фондација (Фондација за Пруско културно наследство) по 1918 г., и таа се грижи за музеите до денес.

Колекциите биле ограбени и поделени по Втората светска војна, но денес се обединети и прибрани, со исклучок на Пријамовото азно, исто познато и како Златото на Троја, откопано од Хајнрих Шлиман во 1873, потоа прошверцувано од Турција во Берлин, а денес се наоѓа во Пушкиновиот музеј во Москва, Русија.

Постојат неколку музејски поставки во посебни згради:

  • Стариот музеј е завршен во 1830 г. и содржи колекција на антиквитетите на Прусија. Архитект е Карл Фридрих Шинкел.
  • Новиот музеј се наоѓа позади Стариот музеј, бил завршен во 1859 г., и бил скоро целосно уништен во Втората светска. Подоцна е реконструиран и од 2009 г. натаму ја содржи Египетската и праисториската поставка, како и пред војната.
  • Старата национална галерија била изградена во 1876 г. и во неа е изложена уметност од XIX век донирана од банкарот Јоаким Х.В. Вагенер. Колекцијата била значајно зголемена, и денес е една од најголемите збирки на скулптури и слики од XIX век во Германија. Денес, галеријата ги изложува само сликите, а скулптурите се изложени во блиската Фридрихсвердерска црква.
  • Кајзерфридриховиот музеј бил отворен во 1904 г., денес е музејот „Боде“. Сместен е на северниот врв на островот и лесно е препознатлив по бакарната купола. Содржи колекции од антички и византиски скулптури и уметнички предмети.
  • Последниот изграден, и можеби највреден музеј е Пергам, завршен во 1930 г., кој изложува реконструкции во оригинална големина на монументални антички згради, како што се Пергамскиот олтар, портата Иштар на Вавилон и портата на пазарот во Милет. Овие реконструкции се состојат од оригиналните делови пренесени од местата кајшто се пронајдени.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди