Атланта
главен град на Џорџија, САД
(Пренасочено од Атланта (Џорџија))
Атланта (англиски: Atlanta) е главниот град на американската држава Џорџија. Според статистичките податоци од 2007 година, Атланта има 519 145 жители, што ја прави најголем град во Џорџија, и 33. најголем град во САД. Градот е познат по прекарот „Хотланта“ (Hotlanta) кој претставува кованица од зборовите Hot (жешка) и Atlanta.
Атланта како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Жешката Атланта“ (Hot'Lanta) - песна на американската блуз-група „Алман брадерс бенд“ (The Allman Brothers Band) од 1971 година.[1]