Томас Парти
Томас Теје Парти (роден на 13 јуни 1993 година, во Кробо Одумасе) — гански фудбалер, играч од средниот ред на Арсенал и на репрезентацијата на Гана.
Томас Парти | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 13 јуни 1993 | ||
Роден во | Кробо Одумасе, Гана | ||
Држава | Гана | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Арсенал | ||
Број | 5 | ||
Младинска кариера | |||
2012 | Леганес | ||
2012–2013 | Атлетико Мадрид | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2013-2015 | Атлетико Мадрид Б | 28 | (3) |
2013-2014 | → Мајорка | 37 | (5) |
2014-2015 | → Алмерија | 31 | (4) |
2015-2020 | Атлетико Мадрид | 132 | (12) |
2020- | Арсенал | 59 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2016- | Гана | 42 | (13) |
* Ажурирано на: 20 јуни 2014 ** Ажурирано на: 1 септември 2014 |
Технички одлики
уредиНадарен со одлични физичи предиспозиции, подготвеност и издржливост, неговата примарна улога е дефанзивен играч за врска.
Клупска кариера
уредиПочетоци и Атлетико Мадрид Б
уредиРоден во Кробо Одумасе, Парти е производ на младинските редови на локалниот клуб Одомета.[1] Тој потпишал со Атлетико Мадрид во 2012 година, по краток престој во друг шпански клуб, Леганес,[2] и последователно бил регистриран во вториот тим една година подоцна. Во сезоната 2012-2013, Парти одиграл 33 натпревари и постигнал 4 гола за Атлетико Мадрид Б во Сегунда Дивисион Б. Неговите одлични настапи за вториот тим му донеле повик во главната екипа за натпреварот против Реал Сосиедад, одигран на 10 март 2013 година.[3] Сепак, тој останал неискористена замена во тој натпревар, кој Колчонерос го загубиле на домашен терен со 0-1.[4]
На заем во Мајорка и Алмерија
уредиНа 12 јули, Парти бил позајмен на Мајорка, екипа која штотуку испаднала од Примера Дивисион.[5] На 18 август, тој го направил своето деби како професионален фудбалер, во поразот со 4–0 на гостувањето кај Сабадел.[6] На 15 септември, Парти го постигнал својот прв гол за Мајорка, вториот за неговата екипа во ремито 2–2 против Еркулес.[7] Сезоната во која тој имал голема улога како еден од основните играчи на Мајорка, Парти ја завршил со 37 настапи и 5 гола во Сегунда Дивисион плус еден настап во Купот на Шпанија.
На 27 јули 2014 година, Парти и се приклучил Алмерија на позајмица до крајот од сезоната, со која имал можност да игра во највисоката фудбалска дивизија во Шпанија.[8] Своето деби во Примера го имал на 23 август, започнувајќи во ремито 1-1 на домашен терен против Еспањол.[9] Парти ги постигнал своите први голови (два) во највисоката шпанска дивизија на 11 април 2015 година, во победата со 3–0 на домашен терен против Гранада.[10]
Враќање во Атлетико Мадрид
уредиПред почетокот на сезоната 2015-2016, Парти се вратил во Атлетико Мадрид, каде трајно е интегриран во првиот тим. Дебитирал во дресот на Атлетико Мадрид на 28 ноември 2015 година, во победата со 1-0 против Еспањол, заменувајќи го Лусијано Вието.[11] На 2 јануари 2016 година, тој го постигнал својот прв гол за Колчонерос, во победата со 1-0 над Леванте.[11] На 28 мај, тој играл во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, заменувајќи го Коке во 116-тата минута од натпреварот кој Атлетико Мадрид го загубил по изведување на пенали.[12]
На 14 февруари 2017 година, Парти потпишал продолжување на договорот со Атлетико Мадрид до 2022 година.[13] Во текот на следните две сезони, неговата улога во тимот станува сè поважна. На 31 октомври, го постигнал својот прв гол во европските клупски натпреварувања, израмнувајќи го резултатот со удар од далечина во ремито 1-1 на домашен терен против Карабах во групната фаза на Лигата на шампионите. Правејќи го тоа, тој станал првиот Африканец кој постигнал гол во натпреварувањето за Атлетико.[14] По неговите импресивни настапи за клубот, тој бил награден со уште еден договор кој го потпишал на 1 март 2018 година, со траење до 2023 година.[15] На крајот од сезоната 2017-2018, Парти ја освоил Лигата на Европа, неговиот прв трофеј со Колчонерос, играјќи и во завршницата од финалето против Олимпик Марсеј кое Атлетико го добиле со 3-0.[16]
На почетокот на следната сезона, Парти освоил уште еден трофеј со Атлетико Мадрид, откако Колчонерос биле подобри од градскиот ривал Реал Мадрид со 4-2 по продолженија во Суперкупот на УЕФА. На 1 септември 2019 година, Парти влегол како доцна замена и го постигнал победничкиот гол во последната минута од натпреварот против Еибар, помагајќи му на Атлетико да се врати од 2–0 негатива до победа од 3–2.[17] Тој го одбележал својот 100-ти настап во Примера Дивисион за Рохобланкос со изведба за која бил избран за играч на натпреварот во ремито 0–0 против Реал Мадрид.[18] И покрај тоа што го напуштил Атлетико на почетокот на сезоната 2020-2021, Парти имал доволно настапи на почетокот на сезоната за да добие шампионски медал за освоената титула на Атлетико во Примера Дивисион.[19][20]
Своето искуство со Атлетико Мадрид го затворил со 188 настапи и 16 голови во сите натпреварувања.
Арсенал
уредиНа 5 октомври 2020 година, Парти потпишал за Арсенал,[21] кој ја платил сумата од 50 милиони евра предвидена во клаузулата за раскин на договорот со Атлетико Мадрид.[22] По потпишувањето за топџиите, Партеи изјавил дека сака да му помогне на Арсенал „да се врати таму каде што припаѓа“, опишувајќи ја неговата одлука да се пресели во Англија врз основа на „желбата за нови предизвици“, а исто така голема улога за реализацијата на трансферот им припишува на менаџерот Микел Артета и техничкиот директор Еду.[23]
На 17 октомври 2020 година, Парти го направил своето деби за Арсенал влегувајќи како замена на местото на Гранит Џака во поразот со 1–0 на гостувањето кај Манчестер Сити во Премиер лигата.[24] Пет дена подоцна, тој го започнал својот прв натпревар за Арсенал во победата на гости со 2–1 над Рапид Виена во Лига Европа.[25] На 8 ноември, во средината на натпреварот против Астон Вила, тој доживеал повреда на бутот поради која ги пропушти останатите натпревари од месецот.[26] Тој се вратил во акција на 6 декември за дербито на Северен Лондон, но доживеал уште една повреда, по што бил заменет уште пред крајот на полувремето. Арсенал го загубил дербито од Тотенхем со 2–0.[27] Тешката прва сезона во Лондон, во која постојано се мачел со повреди Парти ја завршил со 24 настапи во Премиер лигата, 8 во Лига Европа и еден во ФА Купот, притоа не успевајќи да постигне ниту еден гол, што била прва негова таква сезона во кариерата. Разочарувањето не било само на лично туку и на клупско ниво, откако Арсенал завршил на осмото место во првенството и не успеале да изборат учество во европските натпреварувања за следната сезона за првпат од 1995 година.
На 22 октомври 2021 година, Парти го постигнал својот прв гол во дресот на Арсенал во победата со 3-1 над Астон Вила.[28]
Репрезентативна кариера
уредиВо мај 2016 година, Парти бил повикан за првпат во репрезентација на Гана од страна на селекторот Аврам Грант, пред квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации 2017 против Маврициус.[29] Токму во тој натпревар одигран на 5 јуни го направил своето деби за црните ѕвезди, влегувајќи во последните 11 минути на местото на Франк Ачемпонг во победата со 2–0.[30] На 5 септември 2017 година, Парти го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 5–1 против Конго во квалификациите за Светското првенство 2018.[31]
Во 2019 година, Парти бил избран во 23-члениот тим на селекторот Квеси Апија за Африканскиот куп на нации 2019 во Египет.[32] Во нивниот последен натпревар во групата, тој постигнал гол во победата од 2–0 над Гвинеја-Бисао, помагајќи и на својата земја да го освои првото место во нивната група.[33] Во осминафиналето, тој постигнал гол во пенал-рулетот против Тунис, но неговата репрезентација била елиминирана.[34]
Парти ја освоил наградата за Гански фудбалер на годината во 2018 и 2019 година.[35][36] Пред квалификациите за Африканскиот куп на нации 2021, Парти бил назначен за заменик капитен на репрезентацијата.[37][38] Откако Гана успешно ги минала квалификациите и се квалификувала за турнирот, Парти одново бил повикан во репрезентацијата за да учествува по трет пат на најсилниот африкански репрезентативен континентален собир. На неколку дена пред почетокот на Африканскиот куп на нации 2021, Парти го започнал својот прв натпревар како капитен на својата репрезентација, во поразот со 3-0 од Алжир во пријателски натпревар. На самиот турнир тој ги одиграл сите три натпревари во групата, по кој Гана била елиминирана со само еден освоен бод.
Во ноември 2022 година, Парти бил избран во составот на селекторот Ото Адо кој ја претставувал Гана на Светското првенство 2022.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиКлупска статистика
уредиСезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2012-2013 | Атлетико Мадрид Б | СБ | 33 | 4 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 33 | 4 |
2013-2014 | Мајорка | СД | 37 | 5 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 5 |
2014-2015 | Алмерија | ПД | 31 | 4 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | 32 | 4 | ||
2015-2016 | Атлетико Мадрид | ПД | 13 | 2 | КШ | 5 | 1 | ЛШ | 5 | 0 | - | - | - | 23 | 3 |
2016-2017 | ПД | 16 | 1 | КШ | 2 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | - | - | - | 24 | 1 | |
2017-2018 | ПД | 33 | 3 | КШ | 3 | 1 | ЛШ + ЛЕ | 6+8 | 1+0 | - | - | - | 50 | 5 | |
2018-2019 | ПД | 32 | 3 | КШ | 3 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | СУ | 1 | 0 | 42 | 3 | |
2019-2020 | ПД | 35 | 3 | КШ | 1 | 0 | ЛШ | 8 | 1 | СШ | 2 | 0 | 46 | 4 | |
сеп. 2020 | ПД | 3 | 0 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 3 | 0 | |
Вкупно Атлетико Мадрид | 132 | 12 | 14 | 2 | 39 | 2 | 3 | 0 | 188 | 16 | |||||
2020-2021 | Арсенал | ПЛ | 24 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0+0 | ЛЕ | 8 | 0 | КШ | - | - | 20 | 0 |
2021-2022 | ПЛ | 24 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 26 | 2 | |
2022-2023 | ПЛ | 11 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0+0 | ЛЕ | 4 | 0 | - | - | - | 15 | 2 | |
Вкупно Арсенал | 59 | 4 | 3 | 0 | 12 | 0 | 0 | 0 | 74 | 4 | |||||
Вкупно во кариерата | 248 | 25 | 17 | 2 | 43 | 2 | 3 | 0 | 311 | 29 |
Титули
уредиКлупски
уредиАтлетико Мадрид
уреди- Примера Дивисион : 1
- 2020-2021[20]
- Лига Европа : 1
- 2017-2018[16]
- Суперкуп на УЕФА : 1
Индивидуални
уреди- Гански фудбалер на годината: 2018,[35] 2019[36]
- КАФ Тим на годината: 2018[40]
Наводи
уреди- ↑ FEATURE: From Odumase to Madrid: Thomas Partey has arrived; [1], 17 November 2017
- ↑ „Leganés will enter five million for the departure of Thomas to Arsenal“. Diario AS. 5 October 2020. Посетено на 23 December 2021.
- ↑ Oliver Torres y Thomas, novedades en la lista del Atlético (Oliver Torres and Thomas, news in Atlético's list); Marca, 9 March 2013 (на шпански)
- ↑ Prieto ends Atletico's perfect home form Архивирано на 24 август 2013 г.; ESPN FC, 10 March 2013
- ↑ Thomas Teye Partey, nuevo jugador del RCD Mallorca (Thomas Teye Partey, new player of RCD Mallorca) Архивирано на 15 јули 2013 г.; Mallorca's official website, 12 July 2013 (на шпански)
- ↑ El Sabadell golea y es el primer líder de la temporada (Sabadell thrashes and is the season's first leader); Marca, 18 August 2013 (на шпански)
- ↑ El Mallorca dejó escapar la victoria en apenas diez minutos (Mallorca lets victory slip away in only ten minutes); Marca, 15 September 2013 (на шпански)
- ↑ El Almería ficha al ghanés Thomas, un centrocampista de largo recorrido y poderío físico (Almería signs Ghanaian Thomas, a central midfielder with long-haul and physical strength) Архивирано на 29 јули 2014 г.; Almería's official profile, 27 July 2014 (на шпански)
- ↑ Sergio García amarga la Feria de madrugada (Sergio García bitters the dawn fair); Marca, 23 August 2014 (на шпански)
- ↑ El Almería pide turno por la salvación (Almería calls turn for the salvation); Marca, 11 April 2015 (на шпански)
- ↑ 11,0 11,1 Una máquina de rentabilizar goles (A goal-rentable machine); Marca, 28 November 2015 (на шпански)
- ↑ „Spot-on Real Madrid defeat Atlético in final again“. UEFA. 28 May 2016. Посетено на 30 May 2016.
- ↑ „Partey signs new Atletico Madrid contract“. ESPN. 14 February 2017. Посетено на 29 September 2019.
- ↑ „Thomas Partey scores stunning goal in UEFA Champions League against Qarabag“. Ghana Soccer Net. 31 October 2017. Посетено на 10 March 2020.
- ↑ „Partey on! Thomas renews with Atletico until 2023“. Diario AS. 1 March 2018. Архивирано од изворникот на 2019-09-29. Посетено на 29 September 2019.
- ↑ 16,0 16,1 Murray, Scott (16 May 2018). „Marseille 0-3 Atlético Madrid: 2018 Europa League final – as it happened“. The Guardian. ISSN 0261-3077. Посетено на 31 December 2019.
- ↑ „Partey scores late winner in epic Atletico Madrid comeback against Eibar“. Goal.com. 2 September 2019. Посетено на 29 September 2019.
- ↑ „Thomas Partey puts in masterclass performance in Madrid Derby“. Goal.com. 29 September 2019. Посетено на 29 September 2019.
- ↑ „Arsenal fans respond about Thomas Partey and Lucas Torreira as Atletico Madrid win title“. Football London. Посетено на 22 May 2021.
- ↑ 20,0 20,1 „Thomas Partey will be recognised as La Liga champion after Atleti win - Balague - MyJoyOnline.com“. myjoyonline.com. Посетено на 22 May 2021.
- ↑ „Welcome to Arsenal, Thomas Partey!“ (англиски). 5 октомври 2020. Посетено на 6 октомври 2020.
- ↑ „Arsenal pay Thomas Partey's buyout clause at LaLiga headquarters“ (англиски). 5 октомври 2020. Посетено на 6 октомври 2020.
- ↑ „Thomas Partey wants to help Arsenal get "back where they belong"“. BBC Sport. Посетено на 14 October 2020.
- ↑ „Man City 1–0 Arsenal: Raheem Sterling scores winner“. BBC Sport. 17 October 2020. Посетено на 14 November 2020.
- ↑ „Rapid Vienna 1–2 Arsenal: Gunners boss Mikel Arteta praises 'fantastic' Thomas Partey“. BBC Sport. 22 October 2020. Посетено на 14 November 2020.
- ↑ Keighley, Freddie (14 November 2020). „Thomas Partey injury labelled "an Arsenal thing" as Gunners star sidelined“. Daily Mirror. Посетено на 24 November 2020.
- ↑ „Tottenham 2-0 Arsenal: Heung-Min Son and Harry Kane fire as Spurs shutout north London rivals“. Sky Sports. Посетено на 21 March 2021.
- ↑ „Arsenal 3–1 Aston Villa: Gunners hit three past lacklustre Villa“. BBC Sport. 22 October 2021. Посетено на 22 October 2021.
- ↑ „Feature: Thomas Partey's perfect week“. Goal.com. 27 May 2016. Посетено на 3 January 2017.
- ↑ „Atletico Madrid midfielder makes Ghana debut in Mauritius victory“. Pulse. 5 June 2016. Посетено на 3 January 2017.
- ↑ „Congo 1 - 5 Ghana“. ESPN FC. 5 September 2017. Посетено на 5 September 2017.
- ↑ McPartlin, Patrick (11 June 2019). „Thomas Agyepong named in Ghana squad for 2019 Africa Cup of Nations“. Edinburgh Evening News. Посетено на 10 March 2020.
- ↑ Da Silva, Michael (2 July 2019). „Africa Cup of Nations 2019: Ghana top group, Cameroon to face Nigeria“. Deutsche Welle. Посетено на 10 March 2020.
- ↑ „Ghana 1–1 Tunisia“. BBC Sport. 8 July 2019. Посетено на 10 March 2020.
- ↑ 35,0 35,1 Zurek, Kweku (8 July 2018). „Ghana Football Awards: Partey named Footballer of the Year“. Graphic. Посетено на 10 March 2020.
- ↑ 36,0 36,1 Douihech, Mayssa (22 July 2019). „2019 Ghana Football Awards: Full list of winners“. Orange Football Club. Посетено на 10 March 2020.
- ↑ „Andre Ayew maintains Black Stars captaincy, Partey named vice captain“. Citi Sports Online. 13 September 2020. Посетено на 3 October 2020.
- ↑ Teye, Prince Narkortu (15 September 2020). „Thomas Partey: Atletico Madrid midfielder reacts to Ghana deputy captaincy role“. Goal.com. Посетено на 3 October 2020.
- ↑ sport, Guardian (15 August 2018). „Diego Costa double helps Atlético beat Real Madrid 4-2 in Uefa Super Cup“. The Guardian. ISSN 0261-3077. Посетено на 31 December 2019.
- ↑ „Salah and Mane Picked in First Africa Best 11“. FIFPro. 8 January 2019. Архивирано од изворникот на 2019-01-09. Посетено на 8 January 2019.