Список на нематеријално културно наследство на Македонија
Ова е список на нематеријалното културно наследство на Македонија, прогласени за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, како извадок од Регистарот на нематеријалното културно наследство што се води во Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН):
- Говор на Турците од Охрид
- Кичевско поречки говор
- Малорекански (галички) говор
- Штипско-струмички говор
- Кривопаланачки говор
- Малешевско-пирински говори
- Скопскоцрногорски говор
- Гегиски говори во Р Македонија
- Аромански дијалект во Р Македонија
- Меглено-влашки дијалект (Гевгелија и Гевгелиско)
- Прилепско-битолски говор
- Охридско-преспански говори
- Скопско-велешки говори
- Вратничко-полошки говори
- Говор на Турците од Радовишко
- Топонмија на Р Македонија
- Анегдоти во Р Македонија
- Жетварско пеење во Р Македонија
- Говорот на Турците од Ресенско
- Говорот на Турците од Гостиварско
- Говорот на Турците од Дебарско-Жупа
- Говорот на Турците од Тетовско
- Говорот на Турците од Велешко, Прилепско и Крушевско
- Говорот на Турците од Скопско
- Говорот на Турците од Кумановско
- Говорот на Турците од Штипско
- Говорот на Турците од Битолско
- Говорот на Турците од Струшко
- Дебарски говори
- Рекански говор
- Тиквешко-мариовски говори
- Горнополошки говори
- Дримколско-голобрдски говор
- Вевчанско-радошки говори
- Кумановски говор
- Кратовски говор
- Струшки говори
- Јужни говори
- Тоскиски говори во Република Македонија
- Преодни гегиско-тоскиски говори
- Свадбените обичаи во Република Македонија
- Преданија за кралот Марко во Република Македонија
- Празнувањата на Водици во Охрид
- Песни за принесување жртва
- Обичајот за стапување во брак кај Албанците во Република Македонија
- Обичаите за раѓање во Република Македонија
- Лазарското пеење во Република Македонија
- Јуначки песни во Република Македонија
- Х’дерлез кај Турците во Република Македонија
- Ѓурѓовден кај Власите во Република Македонија
- Ѓурѓовден кај Македонците во Република Македонија
- Ѓурѓовден кај Албанците во Република Македонија
- Машко повеќегласно пеење од Долни Полог
- Машки поворки (Русалии) во Република Македонија
- Копачка (оро) - традиционално оро од село Драмче, Пијанечки регион
- Женската поворка Иванденка од Ресен
- Дита е вер’с кај Албанците
- Женска обредна поворка Водичарки од село Беранци, Битолско
- Етно астрономија - стара небесна карта на македонскиот народ
- Велигденски игри во Порече
- Обичајот Мартинки
- Побратимство на Говедарев камен
- Песни со извикување во македонскиот музички фолклор
- Машка поворка Мечкари од Прилеп
- Лазарките од Струшко Поле
- Џоломарите од село Бегниште, Кавадаречко
- Машка велигденска поворка Кули во Македонски Брод
- Традиционално знаење и вештина на изработка и свирење на кавал
- Лазарките од Дримкол
- Ѕвончарски занает во Битола
- Традиционален спорт и вештина Пеливанство во Каршијак, општина Студеничани
- Водици во Битуше
- Традиционално знаење и вештина на изработка и свирење на гајда
- Четр’се - Обредноста поврзана со празникот Свети 40 маченици (Младенци) во Штип
- Обредот „Маски на Прочка“ во село Љубанци, Скопско
- Обредот Еортија (Ордија) во Струга
- Св. Никола летен / Св. Талалеј во село Крстец, Прилепско