Преодни гегиско-тоскиски говори

Преодни гегиско-тоскиски говори со одлука се прогласени за културно наследство со особено значење, подкатегорија исклучително значење на „Преодни (гегиско-тоскиски) говори во Република Македонија, Струшки.

Според член 41 од Законот за заштита на културно наследство (Службен весник на РМ бр.20) и член 24 од Правилникот за валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство (Службен весник на РМ бр.115/07). Доброто има национална класификација за културно наследство број 3.2.3.3.3.[1]

Опис на доброто

уреди

Преодните (гегиско-тоскиски) говори во Р Македонија –Струшки претставуваат составен и значаен дел од дијалектната база на албанскиот јазик, односно дел од албанското духовно културно наследство. Според дијалектната диференцијација на албанскиот јазик (J.Gjinari,Dialetet e gjuh [s shqipe,Tiran [1989;Bahri Beci,Vendi I t[folmeve shqipe t[Maqedonis [n [struktur[n[dialektore [t[shqipes , Jehona,nr.1-2 Shkup 1994; A.V.Desnickaja , Dialektet e gjuh[s shqipe , Tiran[,1977.) преодните (гегиско –тоскиски) говори во Р Македонија се составен дел на преодните (транзитните) говори кои се простираат по должината на двете страни на реката Кумбин Р.Албанија.

Во преодните (гегиско-тоскиски ) говори во Р Македонија спаѓаат: Дел од говорот на градот Струга и Струшко, Битола и Битолско (Острец , Злокуќан). Преодните (гегиско-тоскиски) говори ги носат белезите и карактеристиките на гегиските и тоскинските говори во Р.М. Исто така,вовие говори се одликуваат со голема дијалектна диференција и мешање на фонетско-фонолошко, морфолошко и синтаксичко рамниште од тоскинските и гегиските говори во Албанија. Од друга страна преодните (гегиско-тоскиски) говори во Р Македонија се во непосреден контакт и влијание (во лексиката и зборообразувањето) со јужнословенските балкански јазици, пред се со македонскиот и несловенските јазици, ароманскиот, турскиот, ромскиот и сл.

Преодните (гегиско- тоскински) говори во Р Македонија претставуваат значаен извор за податоци во врскра со историјата и дијалектологијата на албанскиот јазик, со оглед на фактот дека во говорите се чуваат архаични форми и јазични појави кои се карактеристични за дијалектниот јазик и не се регистрирани во албанскиот стандарден јазик. Во преодните( гегиско-тоскински) говори во Р Македонија се зачуваље фонетско-фонолошки, граматички, лексички и зборообразувачки разновидности, кои се карактеристични за транзитните мешани говори во Р.Албанија, па оттука е важноста за чување и заштита за дијалектите на албанскиот јазик, вклучувајќи ги и преодните (гегиско-тоскиски) говори во Р Македонија. Од друга страна пак, овие говори претставуваат и огниште на ред иновациски појави (социолингвистички, лексички интервенции и јазични мешања во граматичката структура и во дијалектната лексика со јужнословенските (Македонскиот) и несловенските балкански јазици (грчкиот, ароманскиот, ромскиот и турскиот) како резултат на меѓудијалектниот контакт и јазичната интерфенција. Во речникот на преодните (гегиско-тоскиски) говори се искорпорирале голем број заменки од (не)словенските балкански јазици, како резултат на билингвизмот и плурилингвизмот во Струшкиот и Битолскиот.

Во досегашните дијалектолошки истражувања е собран и запишан дел од јазичниот материјал на преодните (гегиско – тоскиски) говори од Струшко и Битолско. Познато е дека поради миграционите движења на населението од овие пунктови сè помалку луѓе го зборуваат својот говор, така што е потребно поскоро да се направат дополнителни текстови од овие говори.

Режим за заштита

уреди

За заштита и за зачувување на дијалектите на албанскиот јазикт, на преодните(гегиско-тоскиски) говори во Р Македонија, како нематеријално културно наследство од особено значење, се предлага режим на заштита од прв степен.

Со овој режим им се воспоставува почитување и негување на преодните (гегоско- тоскиски) говори во Р Македонија во нивната изворна форма на територијата што ја зафаќаат.

Турските говори во Република Македонија ги опфаќа говорите на Албанците од Преспанско (со градот Ресен), говорот на Албанците од Струшко и Охридско (Струга и Охрид),говорот на Албинците од Биролско и говорот на Албанците од Ресенско. Досегашните дијалектолошки и лингвистички истражувања на тоскиските говори во Р Македонија, иако се скромни, сепак дават јавна слика и претстава да се извлечат определени заклучоци за нивните основни јазични карактеристики и белези за местото и улогата што ги заземаат во дијалектната структура во aлбанскиот јазик. Тоскиските говори во Р Македонија се простираат на периферното подрачје на албанската дијалектна почва и биле предмет на истражување, анализа и пручување од страна на познати лингвисти (албанолози, слависти и балканисти).

Тоскиските Албански говори Р Македонија во најширока смисла на зборот ги носат белезите и карактеристиките на североисточните говори на Тоскискиот дијалект во Р.Албанија. Овие говори не се одликуват со голема дијалектна диференцијација во споредба со североисточните албански говори во Р.Албанија на сите јазични рамништа: фонологија, акцент, интонација, прозодија, лексика, зборообразување, морфологија и ситакса. Од друга страна тоскиските албански говори се во непосреден контакт со јужнословенските балкански јазици (македонскиот)и несловенските јазици (ароманскиот, турскиот и грчкиот јазик ).

За тоскиските албански говори во Р Македонија се публикувани или објавени следните студии и монографи:Б.Конески,материјали за преспанскиот говор од збирката на С.Н.Томич MJ,год VIII,kn.2,Skopje,1957; E.Hoxa. Тоскискиот говор на Струга и Струшко , Скопје 1979;Z.Osmani,Албанскиот говор на Битола и Битолско, Скопје 1997; Говорот на Албанците во Преса, Скопје 2003.

Исто така , албанските говори во Македонија биле предмет на истражување и во албанскиот дијалект атлас(ADGJSH). Материјалите за албанскиот дијалект атлас, главно, се ексцерпирани во следните пунктови: Крани, Асамати, Наколец, Грнчари, градот Ресен, Кишава, Острец, Злокуѓани, Нижополе, Црновец, Абјани, Трново и градот Битола, Калишта, Радолишта, Франгово, Долна Белица и Заграчани(Струшко) и градот Струга, Градец (охридско) и градот Охрид.

Утврдените и назначени пунктови даваат можност да се забележат основните фонетско-фонолошки, морфолошки, лексички особености на тоскиските говори во Р Македонија, како и да се определи местото што тие го завземаат во дијалектната структура на албанскиот јазик. Истражувањата, описот и анализата на јазичниот материјал од споменатите пунктови за албанските говори во Р Македонија ќе придонесат да се расветлуваат одделени проблеми и прашања од областа на албанистиката, социолинфвистиката и балканистиката во западните говори како резултат на интезивните меѓусебни јазични и лексички контакти и интерференции.

Географско –дијалектна граница

уреди

На територијата на Западна и Југозапдна Македонија, поточно јужно од Струга и Струшко, минува границата што ги дели двата осовни дијалекта на албанскиот јазик: гегискиот (на север) и тоскискиот (на југ).

Двата албански дијалекти, гегискиот (северно од реката(Кумбин) и тоскискиот (јужно од оваа река) се разликуваат, главно на фонетско рамниште. Од поважните диференцијални црти треба да се спомне преоѓањето на интервокалното н>р (н > р) и алтернацијата на акцентираните самогласки а, е во (согласки во јужниот дијалект, односно одсуството на истите појави во северниот, каде што главно, е сочувана нажалната артикулација на самогласките пред назалните согласки. Природни е дека тие имаат и други разликувачки особености,како што е присуството на инфинитивот од типот ме ба (да прашама), во гегискиот, наспрема неговото отсуство во тоскискиот и др.

Посебни карактеристики

уреди

Меѓу лингвистите З.Османи и Е.Ноха се првите кои прават обид за утврдување на местото на тоскиските албански говори во Р Македонија во дијалектна структура на албанскиот јазик во овој дијалектен комплекс. Уште во 1975 година, укажувајќи на основните особености на тоскиските говори во Р Македонија, тие забележале дека албанското население зборува на еден дијалект што припаѓа на североисточните тоскиски говори кои се блиски и се совпаѓаат со говорите што се зборуваат во Корча и Корчанско, Поградец и околните села и сл. До овие сознанија авторите главно се попираат врз истражувањата на албанските дијалектолози, А.В.Десницкаја, Ј.Инари, Б.Беци, М.Тотони, и др.

Основните карактеристики што ги поврзуваат тоскиските албански говори во Р Македонија се североисточните говори во Р.Албанија се следните:

1.употреба на темниот вокал во сите позиции;

2.присуство на ротацизмот зуна, зура, куна, бана;

3.зачувување на консонантите групе Ч мб, нд, нг, нгј(мбај,мбуцх), нд (гјој,нгас,нгјат);

4.доследна употреба на глаголските форми на партицип, герундиви инфинитив,(п(р(т(нгар(,дуке нгуар ;

5.запазување на вокалнитњ групе Чау, уе(уа,уе)груа, тхуа, дуар, м(суес;

Потекло

уреди

Токсиските албански говори во Р Македонија, впрочем како и другитe албански говори потекнувааат од јазикот на албанското население кое живее во Р.Албанија и во другите места на Балканскиот Полуостро (Северна Грција, Р.Јужна Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и др.) Според историските и лингвистичките истражувања тоскиските говори во Р Македонија потекнуваат од тоскискиот дијалект (Ј.Инари). Процесот на дијалектната диференцијала на тоскиските говори во Р Македонија може да се следи од XVIII XIX и почетокот на XX век. Некои иновации се забележуваат и порано, уште во XVII век. Голем број иновации се зародени во периодот на почетокот на XIX и XX век. Во овие рамки може да се разгледува и процесот на дијалектната диференција на тоскикиските говори на територијата на Република Македонија.

Критериуми врз кои е извршена валоризација на доброто

уреди

Критериуми кои се однесуваат на својствата на доброто

уреди
  • Автентичност - Во рамките на јазикот, секој одделен дијалект претставува негов автентичен дел; токму врз ова својство се должи значењето на дијалектите на албанскиот јазик.
  • Реткост - Во својот примарен и оригинален облик, албанските тоскиски говори се карактеристичен за точно определена територија, односно за луѓето што потекнуваат од точноопределена територија врз основа на што се цени нивната реткост и единственост.
  • Разновидност - Општо речено, дијалектната разновидност на секој говор, па и на тоскиските говори во Р Македонија претставува природен извор на јазичен материјал од кој се напојува и збогатува албанскиот стандарден јазик, па во оваа смисла чувањето и проучувањето на дијалектната база овозможува чување, збогатување и насочување на развојот на стандардниот јазик.
  • Интегралност - Овие говори се репрезентативен дел на албанскиот јазик и истовремено интегрален дел од целокупноста на албанскиот јазик. Со други зборови, со своите основни фонетско-фонолошки, морфолошки, морфосинтаксички и лексички особености, тоскиските говори во Р Македонија се составен и интегрален дел на североисточните тоскиски говори од албанскиот јазик.
  • Старост - Дијалектите на албанскиот јазик, вклучително и тоскиските говори, се основен извор за историјата и дијалектологијата на албанскиот јазик со оглед на фактот дека албанскиот јазик нема долга писмена традиција. Дијалектите претставуваат постар облик на комуникација меѓу албанското население одошто стандардниот јазик. Тие чуваат многу поархаични и оригинални форми на јазикот одошто оние што можат да се забележат во стандардниот јазик.

Критериуми кои се однесуваат на функциите на доброто

уреди

Основна функција на секој говор е комуникациската. Комуникацијата меѓу населението и пренесувањето на информации се најважните функции на јазикот, па и на албанските тоскиски говори како специфично и идентификациско обележје на албанското население во Република Македонија. Разбирањето меѓу луѓето придонесува определено население меѓу себе да стапува во различни видови односи, па и во врски од различни видови на стопанството, економијата, традицијата, културата. Албанските тоскиски говори се предмет на истражување во научната област лингвистика. Непосредно со научната функција е врзана и воспитно-образовната функција што ја има проучувањето на албанските дијалекти и запознавање на учениците и студентите со одделни карактеристики на говорите на албанскиот јазик.

Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто

уреди
  • Културно - Албанските тоскиски говори се дел од културното наследство на населението што живее на определената територија; во говорот е вграден речиси секој елемент од културната традиција на населението, започнувајќи од изгледот (на пример- народните носии и називите на деловите на народните носии), работата (земјоделието и алатите за обработка на земјата, називи во врска со сточарството, овоштарството, рибарството, занаетчиството и слично), домаќинството 9називи во врска со садовите и нивната употреба во домашните работи), народните песни испеани во тие краишта во кои е вплетена историјата на населението низ вековите итн. Токму во овие рамки може да се зборува за културното значење како еден од најважните критериуми при валоризација на албанските тоскиски говори.
  • Историско - Тоскиските говори во Р Македонија се примарен дел од културното и историското наследство на албанскиот народ и само преку нивно поедноставно и интегрално негување и проучување ќе можеме во вистинско светло да ја презентираме пред јавноста културната традиција и историјата на албанскиот народ.
  • Уметничко - Од уметнички аспект, значењето на тоскиските говори се согледува во народната уметност, народните песни и приказни испеани и раскажани на впечатлив народен говор. Овој тип на уметност, со векови бил израз на албанската книжевност и литература.
  • Научно - Научното значење на овие говори го определуваме пред сè во рамките на лингвистиката и тоа како за албанската наука за јазикот, така и на албанистиката и балканистиката. Од аспект на албанистиката, тоскиските говори се интегрален дел од албанската дијалектна територија и во тие рамки тие се непроценлив извор на информации за општата диференцијација на албанскиот јазик во однос на другите балкански (несловенски) јазици, така и за самата внатрешна дијалектна диференцијација на албанскиот јазик.
  • Општествено - Тоскиските говори, како и сите говори од албанскиот дијасистем, имаат општествено значење. Тие се основното бележје на албанскиот народ и на албанската нација.

Критериуми за категоризација на доброто

уреди
  • Исклучителност - исклучителноста на тискиските говори, како впрочем и на другите албански говори, се состои во фактот што самите по себе овие говори не само што се раритет по своите општи јазични црти, туку според некои јазични карактеристики се уникат, т.е. не постои друга територија на која може да се сретне ваква јазична целина. Со други зборови се работи за исклучителна реткост која е неопходно, како таква, да се подложи на посебен вид на заштита.
  • Впечатливост - Впечатливоста на тоскиските говори е во тесна врска со погоренаведената нивна уникатност. Она што е ретко секако дека е и впечатливо, а тоа е карактеристика и за тоскиските говори кои со своите уникатно искомбинирани јазични каракртеристики претставуваат посебновпечатлив и интересен народен говор, кој јасно се разликува од останатите албански говори.
  • Влијателност - Влијателноста на тоскиските говори можеме да ја дефинираме како начин на влијание што го има секој говор одделно, па вклучително и албанските тоскиски говори, врз населението што го зборува. Се работи за единствен знак за идентификација на регионот на којшто еден човек припаѓа и којшто во себе опфаќа цел сплет на културни, традиционални, религиски и други обележја, а секако и на придобивки што произлегле од тој регион, а се од општо значење за цивилизациските достигнувања на еден народ.
  • Поврзаност - поврзаноста на тоскиските говори со другите говори кои се дел од албанската дијалектна територија т.е. поврзаноста на синхрониски план, но исто така и поврзаноста на дијахтонски план (колку овие говори се рефлекс на развојот на албанскиот јазик низ вековите и различните влијанија што делувале на овој простор во минатото, но и денес) е секако неоспорна и несомнена. Всушност оваа поврзаност и ја прави дијалектологијата мошне значајна наука и единствена по обемноста на полето што го истражува, а во тие рамки вакво несомнено огромно значење имаат и сите активности и ангажмани кои се грижат за заштитата и зачувувањето на албанските говори и дијалекти.

Библиографија

уреди
  • Q. Murati, Disa veçori fonetike në të folmen shqipe të Tuhinit me rrethe, Jehona, nr. 4, 5, Shkup, 1977,; Mbi të folmen shqipe të rrethinës së Tuhinit të Kërçovës ( I-fonetikë ), GJA, SSHF, IX, Prishtinë, 1979, ( II -morfologji dhe fjalëformim), GJA, SSHF, X, Prishtinë, 1980,
  • Z. Osmani, E folmja shqipe e Presp[s, GJA, SSHF, 22-1992, Prishtin[, 1993; E folmja shqipe e Manastirit dhe qarkut t[ tij, Logos A, Shkup, 1977.
  • A. Poloska, Leksi~ka interferencija na makedonskiot i albanskiot dijalekten jazik, Menora, Skopje, 1998; Leksiku dialektor n[ regjionin e Presp[s, Menora, Shkup, 2003;Prilog kon prou~uvaweto na makedonsko-albanskite jazi~ni kontakti, Skopje, 2005.
  • S. Haruni, E folmja shqipe e Rekës së Epërme të Gostivarit, Shkup, 1994.
  • E. Hoxha, E folmja toske e Strug[s, (punim magjistrature), Prishtin[, 1977.

Наводи

уреди
  1. [1], Управа за заштита на културното наследство.