Турски гостиварски дијалект

Турскиот гостиварски дијалект или турскиот гостиварски говор е дијалект на турскиот јазик кој се зборува на територијата на Гостивар и гостиварски села, односно во села каде има значително турско население во рамките на административната општина Гостивар. Дијалектот спаѓа во групата на југозападни турски говори во Македонија. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“.[1]

Распространетост

уреди

Овој дијалект, како што наведува, се користи од турското население од Гостивар, како и селата Долна Баница, Горна Баница, Здуње и Врапчиште. Покрај овие села, има мали турски заедници во Дебреше, Вруток, Мало Турчане .[1]

Особини

уреди

Гостиварскиоот дијалект, како дел од југозападните дијалекти, споделува голем број заеднички одлики со соседните говори, како и пошироките румелиски говори на турскиот јазик. Како и да е, овој дијалект има одредени особини кои го издвојуваат од околните говори, особено на фонетско ниво.[1]

Фонолошки особини

уреди

Одредени фонолошки особини на дијалектот се:[1]

  • Староосманското ? во гостиварскиот турски говор во извесен ограничен број примери се заменува со о, инаку редовно со ?/ И замената на староосманското ? со u е доста ограничена:
  • ?>o: dort>d?rt,
  • ?>u појавата исто така се среќава во извесен ограничен број примери, без оглед на тоа дали се работи за прв или некој друг слог: du?man<d??man и др.
  • Отсуство на вокалот ? наполно отсуствува од овој говор
  • Отпаѓање на вокали се забележува во извесен ограничен број примери,
  • o>u појавата е доста распространета во овој говор
  • e>i е многу честа појава во овој говор
  • Меѓу консонантите што се губат во позиција пред друг консонант најчесто се наоѓаат консонантите k, l и r, додека консонантот n се губи поретко: s?ra<sonra, i?alla<in?allah...
  • Консонантот t отпаѓа и во случаи кога настанува група од три консонанти при проширувањето на зборовите на –t со други морфолошки елементи: ?iflik<?iftlik; особено со тие што ги содржат африкатите ? и c (-ci/-?i): baru?i<barut?u, yogur?i<yogurt?u...
  • Редовно се јавува n+консонант, особено кога се работи за консонантски групи m+b, n+b, така да: ?ar?anba<?ar?amba, per?enbe<per?embe, ?indi<?imdi...

Морфолошки особини

уреди

Одредени морфолошки особини во дијалектот се:[1]

  • наставката за деминутив на турските зборови од овој крај се образува со –че, -ча: ?ocu?e, parma?e, итн
  • нема уппотреба у –yor ниту пак –y презент туку, сегашноста се изразува со аорист. Парадигмата на презентот во гостиварскиот турски говор е: al?r?m, al?rs?n, al?r, al?r?s, al?rs?n?z, al?rler; bakar?m, bakars?n, bakar, bakar?s, bakars?n?s, bakarler.
  • при образувањето на нови глаголи се забележува честото користење на македонски глаголски и именски основи.
  • Во глаголскиот систем се забележува дека прашалните облици не се прават со помош на прашалната партикула mi (geldi mi?, verd?n mi?),која не се среќава во овој говор. На нејзино место се употребува кај сите говорители, без оглед на двојазичноста, албанската прашална партикула а: a geldi?, a verd?n?, a i?ers?n? (од примериве се гледа дека албанската партикула, за разлика од турската која се употребува после глаголот, се употребува пред глаголот).
  • нема употреба на копулативни сврзници ve и da/ta, т.е. сврзникот ve почнат е да навлегува преку училиштата во последно време и тоа во јазикот на помладата генерација. Општораспространета е употребата на сврзникот em (hem). Особено честа е упторебата на сврзникот ha: ha geldi, ha ?ikti

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Говорот на Турците во Гостиварско, Управа за заштита на културното наследство.

Поврзано

уреди