Говорот на Турците од Струшко
Говорот на Турците од Струшко или преодни говори на Турците од Струшко е дијалект на турскиот јазик кој се зборува на територијата на Струга и струшките села, односно во села каде има значително турско население во рамките на административната Општина Струга. Дијалектот спаѓа во групата на југозападни турски говори во Македонија. Овие фактори придонесоа за развој на турскиот говор не само Струга туку и пошироко кои со своите јазични карактеристики имаат доста заеднички особености со западнорумелиските турски говори. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“ со национална класификација за културно наследство 3.2.4.3.1.9.[1]
Опис на доброто
уредиПреоден струшки говор
уредиПреодниот струшки говор се наоѓа на пограничјето со охридски и дебарскиот говор. Овој турски говор во себе содржи повеќе фонетски и граматичко структурни црти.
Од областа на вокализмот треба да се нагласи дека во предниот струшки турски говор покрај 8 активни вокали приустен е и долгиот вокал а кој завзема место претежно во зборовите арапско и персиско потекло.
Кај вокалите а и е во одредени случаи се среќава со редуција и нив ги сметаме како гласови (алафони) на истите вокали.
Во предниот струшки турски говор се среќаваат примери кои се изговараат со долги вокали.
- Дифтонзи и хијати на; ei, aa, ea, au, ai, ua, ou, au, ei …..;
Во струшкиот турски говор само една графема има на следните консонанти кои доаѓат и пред меките(се изговара меко) и пред тврдите, а се изговараат тврдо(к, g, l); kanun, keman, gelin, gaga, leylek, doloap и др.;
Предниот струшки говор на Турците се разликува од останатите турски говори, како и оние карактеристики што мегусебно ги дифенират.
Посебни карактеристики на вокалите
уредиИма доволен број јазични говори како во Македонија така и во Румелискиот дел каде што живее турската етничка заедница;
- Вокалот о: овој вокал е присутен само кај едносложните зборови- Dort, gol, koy, yon и друго.
-Кај двосложните зборови вокалот о своето место често пати го отстапува на u и на о.
Потекло
уредиСтрушкиот турски говор, како и сите турски говори во Р Македонија, потекнуваат од јазикот на турското население кое заедно со проширувањето на Османлиската Империја се населува на овие краишта. Според историските податоци турското население на овие краишта се населува во втората половина на XIV век (околу 1385 год.).
Загрозеност на доброто
уредиПричини што влијаат на загрозеноста на турскиот-струшки говор се зголемениот број на миграциони движења придизвикани од социјални и економски фактори.
Чување на доброто
уредиОсвен во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, во ниеден друг институт не се чува материалот од турски говори во Р.М. Преодниот струшки говор на Турците претставува составен и значаен дел од Македонското културно наследство. Турските говори во Р.М се употребувале за време за Османската Империја. Основна функција на секој говор е комуникација. Струшкиот турски говор има опшвестено значење за турскиот народ кој живеел во Македонија. Сите дукоментирани и пишани записи представуваат вистинско културно богатство на еден народ. Дијалектите истовремено се живи сведоштва за историскиот развој на јазикот. Затоа ние сите заедно треба да ги зачуваме различните видови текстови (народни песни, преданија, обичаи и верувања) и најбитно ќе се зачува дијалектот од постепено исчезнување, и да добијат трајна вредност.
Вредности и значење на доброто
уредиПреодниот струшки говор претставува составен и значаен дел од македонското културно наследство, односно од дијалектната база на турскиот јазик кој се говори надвор од границите на Република Турција. вредноста на овој говор ја оценувале пред сè од лингвистичка , а поконкретно од дијалектолошка (на фонетско-фонолошко ниво, морфолошко, лексичко-семантичко, и етимолошко ниво); притоа не ги занемарувале ниту значењата од етнолошка, филолошка и другите културни вредности вткаени во народниот јазик.
Критериуми врз кои е извршена валоризација на доброто
уредиКритериуми кои се однесуваат на својствата на доброто
уреди- Автентичност - Во рамките на јазикот, секој одделен дијалект претставува негов автентичен дел; токму врз ова својство се должи значењето на турските говори кои се употребуваат во РМ.
- Реткост - Во својот примарен и оригинален облик, струшкиот турски говор е карактеристичен за точно определена територија, односно за луѓето што потекнуваат од точно определена територија врз основа на што се цени нивната реткост и единственост.
- Разновидност - Општо речено, разновидноста на секој турски говор во, па и надвор од границите на Република Турција, како и струшкиот говор, претставува природен извор на јазичен материјал на турски јазик, па во оваа смисла чувањето и проучувањето на дијалектната база овозможува чување, збогатување и насочување на турските говори во РМ.
- Интегралност - Овој говор, како и другите турски говори во РМ, е интегрален дел од севкупните турски говори. Со други зборови, со своите основни фонетско-фонолошки, морфолошки, морфосинтаксички и лексички особености, струшкиот турски говор е составен и интегрален дел на турските румелиски говори.
- Старост - Турските говори во РМ, вклучително и говорот на Турците од Струшко, се основен белег на турската етничка заедница која живее во РМ. Турските говори што се употребуваат во РМ ги содржи елементите на османлискиот турски јазик кој се употребувал за време на Османлиската Империја. Тие во себе чуваат многу архаични форми на јазикот одошто што можат да се забележат во стандардниот турски јазик.
Критериуми кои се однесуваат на функцијата на доброто
уредиОсновна функција на секој говор е комуникациската. Комуникацијата меѓу населението и пренесувањето на информации се најважните функции на јазикот, па и на струшкиот турски говор како специфично и идентификациско обележје на тамошното население. Разбирањето меѓу луѓето придонесува определено население меѓу себе да стапува во различни видови односи, па и во врски од различни видови на стопанството. Струшкиот турски говор е предмет на истражување во научната област лингвистика. Непосредно со научната функција е врзана и воспитно-образовната функција што ја има проучувањето на турските говори (дијалекти) и запознавање на учениците и студентите со одделни карактеристики на говорите на турското население во РМ.
Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто
уреди- Културно- Преодниот струшки говор на Турците е дел од културното наследство на турското население што живее на определена територија. Во говорот е вграден речиси секој елемент од културната традиција на турското население, започнувајќи од изгледот (Народните носии и називите на деловите на народните носии), работата (земјоделието и алатките за обработка на земјата, називи во врска со садовите и нивната употреба во домашните работи), народните песни испеани во тие краишта, во кои е вплеткана историјата на населението низ вековите и сл. Токму во овие рамки може да се зборува за културното значење како еден од најважните критериуми при валоризација на турскиот говор во Струга.
- Историско - Турските дијалекти-говори се примарен дел од културното и историското наследство и основен белег за постоење на турското население надвор од границите на својата матична земја. И само преку нивно поединечно и интегрално проучување можеме во вистинско светло да ја презентираме пред јавноста културната традиција и историја на турското население кое живее во РМ.
- Уметничко - Од уметнички аспект, значењето на струшкиот турски говор се согледува во народната уметност, народните песни и приказни испеани и раскажани на впечатлив народен говор. Овој тип на уметност, и во најтешките периоди на турското население во нашата земја и со векови бил израз на турската литература.
- Научно - Научното значење на овој говор го определуваме пред сè во рамките на лингвистиката и тоа како за турската наука за јазикот, така и на балканистиката и неговото влијание на другите нетурски говори коишто се говорат во овие краишта. Од аспект на туркологијата, струшкиот турски говор е интегрален дел од румелиската дијалектна територија и во тие рамки тој е непроценлив извор на информации за општата диференцијација на турските говори не само во нашата земја туку и пошироко.
- Општествено - Струшкиот турски говор, како и сите турски говори во РМ, има општествено значење. Тие се основното бележје на турскиот народ кој живее во РМ и надвор од својата матична земја.
Критериуми за категоризација на доброто
уреди- Исклучителност - Исклучителноста на турскиот струшки говор, како и сите турски говори во РМ, се состои во фактот што самиот говор по себе не само што е раритет по своите општи јазични црти, туку според некои јазични црти е и уникат т.е. не постои друга територија на која може да се сретне ваква јазична целина. Со други зборови се работи за исклучителна реткост која е неопходно, како таква, да се подложи на посебен тип на заштита.
- Впечатливост - Впечатливоста на турскиот струшки говор е во тесна врска со погоренаведената негова уникатност т.е. она што е ретко или уникатно, се разбира дека е и впечатливо, а тоа е карактеристика за струшкиот турски говор кој со своите уникатно искомбинирани јазични карактеристики претставува посебно впечатлив и интересен народен говор, кој има и свое влијание и јасно се разликува од другите турски говори во РМ.
- Влијателност - Влијателноста на турскиот струшки говор можеме да ја дефинираме како начин на влијание што го има секој говор, па вклучително и турскиот струшки, врз населението што го зборува и на говорите на другите народи кои живеат во тој регион (македонскиот или албанскиот говор). Се работи за единствен знак за идентификација на регионот на којшто еден човек припаѓа и којшто во себе опфаќа цел сплет на културни, традиционални, религиски и други обележја, а секако и на придобивки што произлегле од тој регион, а се од општо значење за цивилизациските достигнувања на еден народ.
- Поврзаност - Поврзаноста на струшкиот говор со другите турски говори во РМ, кои се дел од турската дијалектна територија т.е. поврзаноста на синхрониски план, но исто така и поврзаноста на дијахрониски план (колку овие говори се рефлекс за развојот на турскиот јазик што се говори во РМ низ вековите и различните влијанија што делувале на овој простор во минатото но и денес) е секако неоспорна и несомнена. Оваа поврзаност ја прави даијалектологијата мошне значајна наука и единствена по обемноста на полето што го истражува, а во тие рамки, несомнено имаат огромно значење сите активности и ангажмани кои се грижат за заштитата и зачувувањето на нашите дијалекти.
Библиографија
уреди- Аго А., Турските говори во Југозападна Македонија, рецензирана и прифатена од Министерство за наука, Скопје, 1999;
- Ахмед, О., Морфосинтакса на охридско-преспанскиот регион, Докторска дисертација, одбранета на Филолошки Факултет, Скопје, 2004;
- С. Пиличкова, Структурата на турските волшебни приказни, Институт за фоклклор „Марко Цепенков“, Скопје, Книга I, 2001;
- С. Пиличкова, Структурата на турските волшебни приказни, Институт за фоклклор „Марко Цепенков“, Скопје, Книга II, 2001;
- С. Пиличкова, Турските реалистични народни приказни од Република Македонија, Институт за фоклклор „Марко Цепенков“, 1997;
Наводи
уреди- ↑ Говорот на Турците во Струшко, Управа за заштита на културното наследство.