Говорот на Турците од Велешко, Прилепско и Крушевско

Говор на Турците од Велешко, Прилепско и Крушевско или турскиот дијалект во Велешко, Прилепско и Крушевско е дијалект на турскиот јазик кој се зборува во централно-источните турски говори во Р Македонија. Во формирањето на овие говори големо значење има местото и положбата на овој регион. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“.[1]

Потекло уреди

Велешко, прилепско и крушевскиот турски говор, впрочем како и сите други турски говори во Р Македонија потекнуваат од јазикот на турското население кое заедно со проширувањето на Османската Империја се населува на овие краишта. Според историските податоци турското население на овие краишта се населува во втората половина на XIV век. Овие говори, воопшто, се особено подложни на влијанија од соседните јазици, а тоа во различни временски периоди предизвикувало, а и денес предизвикува стеснување на употребата на турскиот јазична територија во нашава земја. Турските говори што се употребуваат во Р Македонија ги содржат елементите на османскиот турски јазик кој се употребувал за време на Османската Империја. Тие во себе чуваат многу архаични форми на јазикот одошто што можат да се забележат во стандартниот турски јазик. Говорот е сè уште во секојдневна употреба помеѓу турското население од соодветната област.

Територија уреди

Географско дијалектната граница на велешко, прилепско и крушевскиот турски говор е концентриран во градовите Велес, Крушево, Прилеп и околните села.

Особини уреди

Говорот на турците од велешко, прилепско и крушевско спаѓа во централно-источните турски говори во Р Македонија. Во формирањето на овие говори големо значење има местото и положбата на овој регион. Бидејќи овие краеви за време на Османската империја како градови биле културни и трговски центри. Овие фактори придонеле за развојот на турскиот говор не само во Велес, Прилеп и Крушево, туку и пошироко, кои со своите јазични карактеристики имаат доста заеднички особености со западнорумелиските турски говори.

Секој турски говор кој се употребува во Р Македонија претставува автентичен и интегрален дел од турскиот дијасистем надвор од границите на денешна Република Турција по однос на сите свои јазични особености (фонетско-фонолошки, морфолошки, синтаксички и лексички). Говорниот народен јазик претставува природен извор за збогатување како и за доутврдување на одделни прашања за турските говори во Р Македонија.

Велешко, прилепско и крушевскиот турски говор, како дел од турските говори во Р Македонија,се значајни културни добра на турската заедница која живее во Р Македонија. Овој говор е исклучително автентичен и едноставен по својот вид. Дијалектната разновидност на велешко, прилепско и крушевскиот турски говор истовремено претставува и поврзана целина во рамките на турскиот дијасистем надвор од границите на денешна Р. Турција, односно на стандартниот турски јазик.

Фонолошки и морфолошки особини уреди

Турскиот говор во велешко, прилепско и крушевскиот регион од областа на вокализмот се разликува од другите турски говори според карактеристиките по кои меѓусебно се диференцираат:

•Посебни карактеристики на вокалите: Има доволен број јазични особености со кои велешко, прилепско и крушевскиот турски говор се диференцира од другите јазични говори, како во Р Македонија така и во Румелискиот дел каде што живее турската етничка заедница. Ќе ги забележиме најкарактеристичните јазични особености кои овие региони ги чинат како посебни краишта во кој се присутни посебни особености на вокалниот систем на велешко, прилепско и крушевскиот турски говор, и тоа вокали кои го отстапуваат своето место на сличните вокали:

Вокалот ö (о се две точки) како кружен мек вокал карактеристично е што доаѓа само на почетокот на зборот во народниот турски говор од овој крај, и своето место го отстапува на вокалот ü (у со две точки): küyde<köyde, üle<öyle,.

Меѓутоа кај говорителите од помладата генерација во почетокот на зборот овој вокал ја задржува својата карактеристика: öpim<öpeyim, öldi<öldü. Вокалот ı најчесто своето место го отстапува на i во следните случаи: karşi<karşı, kapi<kapı, kari<karı...

Ист случај се среќава и кај следните вокали: i<e: eneylar<iniyorlari<ü: çünki<çünküü<ö: ülim<ölüm; a<e: anteri<entarı: e<a: para<pare

Во зборовите од турско потекло два вокала не доаѓаат еден до друг (дифтонг), освен во зборовите од туѓо потекло (арапски, француски и др.).

Во народниот велешко, прилепско и крушевски турски говор во зборовите од турско потекло настапува дифтонзи кога испаѓаат консонантите ğ и h, v од коренот на зборот: daa<, aaç<ağaç, daul<davul, tauk<tavuk, duar<duvar.

Испаѓање на консонантите h, y, g, v, m на почетокот, средината и на крајот на зборот: -em<hem, ep<hep, angi<hangi, er<her -daa<daha, baçeden<bahçeden, dünyaa<dünyaya, kavede<kahvede, çikmaacam<çıkmayacam, sabaa<sabaha…-saba<sabah.

Испаѓање на консонантот меко ğ:-kızçaz<kızçağız, alama<ağlama, yalar<yağlar, çarı<çağrı, azından<ağzından, barma<bağırma, uraşır<uğraşır.

Испаѓање на консонантот y: -ikamiş<yıkamış, tüyumi<tüyünü.

Испаѓање на консонантот v:- uermiş<övermiş, urma<vurma.

Испаѓање на консонантот m: -şidi<şimdi.

Консонантот k на крајот на зборот преминува во y: çocuy<çocuk, küçüy<küçük

  • Издвоени консонанти во коренот на турските зборови нема, настануваат како резултат на асимилација на наставките кои почнуваат со слични консонанти: el+ler<eller.

Меѓутоа во зборовите од арапско потекло честа e појаватa во зборот да дојдат двa исти консонантa еден до друг.

Но во велешко, прилепско и крушевскиот турски говор, зборот не поднесува два исти консонанта еден покрај друг, затоа при изговор на ваквите зборови еден од удвоените консонанти ќе го испуштат: dikat<dikkat, dükan<dükkan.

  • Во велешко, прилепско и крушевскиот турски говор обично завршува на глаголски предикат во минато определено свршено време, минато неопределено свршено време, мал број примери предикати на идно време и на оптатив и аорист: bir varimiş, bir yogimiş, düşmiş, demiş, geldi, anlatacam, görecem, anlaşılır, yapay, görey и др.
  • Се помалку примери се среќаваат во овој говор кои имаат архаистички карактер: dueremez
  • Зборови од туѓо потекло кои се употребуваат во велешко, прилепско и крушевскиот турски говор: mayalka, vezedıy, şpiyon, limuzina, reiz.

Литература уреди

  • Kowalski, T., Osmanich-turkich Volkslieder aus Mazedon Wzkm, 33, 1936/160-31, Poland;
  • Katona, L., Le dialecte Turc de la Macedonie de l`auest TDAY-Belleten, Ankara, 1969;
  • М. Алиевска, Жената како лик во турските народни приказни од прилепско и битолско, Магистерска теза одбранета на Филолошкиот факултет `Блаже Конески` Скопје, 2003 година

Наводи уреди

Поврзано уреди