Турски дебарски дијалект
Турскиот дебарски дијалект или турскиот дебарски говор е дијалект на турскиот јазик кој се зборува во одредни села на територијата на Општина Центар Жупа и во мал дел од градот Дебар, односно во села каде има значително изворно турско население. Дијалектот спаѓа во групата на југозападни турски говори во Македонија. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“.[1]
Распространетост
уредиДебарскиот дијалект се зборува од турското население во дебарскиот крај, од помала група на турско население во градот Дебар, и од покомпактното изворно турско население во селата на денешна општина Центар Жупа.[1]
Особини
уредиГостиварскиоот дијалект, како дел од југозападните дијалекти, споделува голем број заеднички одлики со соседните говори, како и пошироките румелиски говори на турскиот јазик. Како и да е, овој дијалект има одредени особини кои го издвојуваат од околните говори, особено на фонетско ниво.[1]
Фонолошки особини
уредиОдредени фонолошки особини на дијалектот се:[1]
- самогласките во дијалектот се истите со тие од стандардниот турски јазик. Вокалот `?` како и во другите турски говори во Македонија може да се забележи само во иницијалните зборови.
- дебарскиот има формирање на дифтонзи со испаѓање на консонантите “?”, “v”, “y”, што не е вообичаено во зборовите од турско потекло: suuk<so?uk. Така, се забележуваат следните дифтонзи: uu, ??, ei, au, ai, ea, aa.
- во овој дијалект се забележуваат сите согласки кои се присутни во стандардниот турски јазик. Покрај нив, има и присуство на меки согласки и согласки кои се влијание на македонскиот јазик.
Морфолошки особини
уредиОдредени морфолошки особини во дијалектот се:[1]
- суфиксот за присвојност: наместо мекиот вокал “i” доаѓа тврдиот вокал “?”,
- во акузативна форма i<?
- минато определено свршено време што се гради со повеќе варијантната наставка –di, 3 лице еднина, не подлежи на законот за вокална хармонија.
- ако повеќесложните зборови завршуваат на вокал, обично тесните вокали преминуваат на вокалот –i: g?r?lti<g?r?lt?, saygi<sayg?, ??nki<??nk?, yari<yar?, t?rli<t?rl?, kuti<kutu;
- наставката за аорист наместо ?r>ir: gel?r<gelir
- наставката за сегашно време –yor во говорот се забележува во скратената форма –y: bulamay<bulam?yor
- наставката за идно време –ecek забележува дека се изговара без “k”, односно во форма на –ece: gidecem<gidece?im