Јуначки песни во Македонија
Јуначки песни во Република Македонија - во зависност од културниот јунак кој се опева во песната потекнуваат од различни историски периоди. На пр., Циклусот за Крали Марко потекнува од 14 век, а песните посветени на дуелот помеѓу Болен Дојчин и Црна Арапина потекнуваат од 7-9 век, од времето на арапско – византиските судири. Јуначките песни го претставуват едно од најважните подрачја од народната поезија, и се класифицираат според мотивската класификација која се јавува кај Јужните словени: јуначки песни со митолошка, религиозна и историска содржина. Вообичаено во јуначките песни е прикажан одреден дуел, борба и победа на домашниот јунак (националниот херој) над непријателот (антихеројот). Но исто така се јавуваат и песни во кои станува збор за одредено привремено побратимство помеѓу непријателските војски.
Опис на песните
уредиВо јуначките песни се застапени најстарите сведоштва околу перципирањето на објективната реалност почнувајќи од архаичната свест (песните со митолошка содржина и дуелите со чудовиштето), преку развојот на историските периоди, во чиј корпус на песни ја воочуваме релацијата помеѓу митот и историјата, односно релацијата помеѓу востановената историја и народната фантазија, а исто така многу значаен момент е воочувањето и истражувањето на кој начин во една творба доаѓа до спој /интерференција на две историски раздобја како во песната од типот Мрали Марко – Црна Арапина.
Јуначките песни се однесуваат на одредени дуели на релацијата: херој-антихерој. Во песните со митолошка содржија најчесто се јавува Светецот (Св. Горѓи, Св. Илија) кој ја убива ламјата/чудовиштето. Како втор вид се јавуваат дуели од типот Болен Дојчин – Црна Арапина, [[Крал Марко|Крали Марко]] – Црна Арапина; Крали Марко – Дете дукатинче; Крали Марко – Муса кесеџија. Во првиот тип, песни со митолошка содржина светецот кој ја убива ламјата всуштност го претставуваат космогонискиот чин, симболичко создавање на светот, запоседнување на нови територии, освојување на градови, или спасување на девојката од чудовиштето кое е победено од светецот, што претставува и појава на борбата против првобитното жртвување.
Во вториот тип на јуначки песни особено е важна релацијата помеѓу митот и историјата. Во основа се јавуваат историски личности кои се белег на едно историско време, но како задолжителна се јавува епската биографија на херојот, што всушност ја претставува задолжителната трансформација и промена помеѓу историскиот лик (на пр. Крал Марко) и оној кој го среќаваме во народната поезија која е повеќе производ на народната фантазија. Тука се јавуваат следните моменти од животниот циклус на херојот: чудесно раѓање и слабашно детство, задојување од вила, првото јунаштво кое се јавува во младешкиот период, период на криза, период на успешни дуели, победа над антихеројот и задолжителна триумфална смрт, со што јунакот станува незаменлива личност и заштитен белег на одредена национална култура.
Нематеријално културно наследство
уредиСо Одлука збирното духовно културно добро "Јуначки песни во Република Македонија" е прогласено за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење Службен В. на Р.М. бр:99/2011 од 22.07.2011
Литература
уреди- Верковиќ, С.И. 1985. Македонски народни умотворби, 1-5. Скопје:Македонска книга.Миладиновци, 1983. Зборник на народни песни. (Ред. Х.Поленаковиќ и Т. Димитровски). Скопје: Македонска книга.
- Reiter, Norbert. 1964. Der Dialekt von Titov Veles. Berlin. Band 32.
Речник на Македонската народна поезија, 1983. Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков", Скопје. t.I.
- Božović, Rade. 1977. Arapi u usmenoj narodnoj pesmi na srpskohrvatskom jezičkom području. Beograd: Filološki fakultet Beogradskog Univerziteta, Knj. XLVII.
GASTER, Theodor H.
- 1987. "Heroes", in: The Encyclopedia of Religion (ed. M.Eliade), Macmillan publishing Company, New York ; vol.6, pp.302-305.GAVELA, B.B.,
- 1953. "Anticki kult Herosa kao nasleje preistoriskog drustva", vo: ziva antika, god. III, br.1-2, str.99-109.
- Ќулафкова Ката (ed.). 2009. Interpretations: European Research Project for Poetics and Hermeneutics, Vol.3, The Black Arab as a Figure of Memory. Skopje: Macedonian Academy of Science and Arts.
- Пенушлиски, Кирил. 1983. "Marko Krale - Легенда и стварност", Скопје.
- Пенушлиски, Кирил. 1988. „Болен Дојчин“ во македонскатанародна поезија. Одбрани фолклористички трудови, кн. 2.Скопје: Македонска книга, стр. 303-399.Петровски Блаже,
- 1992. Transformiraweto na makedonskiot juna~ki epos, Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков", Скопје.
- 1997. "Македонска народна епопеја. Континуитет и промени", во: Националното творештво на културата на Македонија. Макро проект „Историја на културата на Македонија", kn.6, MANU, Skopje; str.91-94.
- Srejović, D. 1958. Les anciens éléments balkaniques dans la fiure de Marko Kraljević. Živa antika, VIII, sv.1: 75-97.
- Лидија Стојановиќ Лафазановска, Хомо инитиатус. Феноменот на иницијациојата во македонската народна книжевност. Матица македонска, Скопје 2001, стр. 300-374.
- Стојановиќ-Лафазановска, Лидија. 2009. „Heroes-anti-heroes“, In: Ќулафкова (ed.). Interpretations: European Research Project for Poetics and Hermeneutics, Vol.3, The Black Arab as a Figure of Memory. Skopje: Macedonian Academy of Science and Arts, pp.195-212.
- Šmitek, Zmago. 2004. Mitološko izročilo slovencev. Svetinjepreteklosti. Ljubljana: Študentska založba.
- Taylor, Archer. 1964. The Biographical Pattern in Traditional Narrative.Journal of Folklore Institute, (I): 114-129.
Надворешни врски
уредиhttps://www.youtube.com/watch?v=MuHML8bb5TY https://www.youtube.com/watch?v=ruDPnUBm7HU https://www.youtube.com/watch?v=BcLG_EnZldY