Традиционален спорт и вештина Пеливанство во Каршијак

Традиционален спорт и вештина Пеливанство во Каршијак, Општина Студеничани, во Република Македонија е пеливанството (спорт борење.) Како традиционален спорт и вештина во Општина Студеничани тоа претставува своевиден културен артефакт поради поседување на многу елементи со културна заднина во својата внатрешна структура.

Потекло на пеливанството во Република Македонија

уреди

Многу е тешко да се одреди времето на настанувањето на овој спорт, или пеливанството, но сепак никулците на спортот на поконкретно речено —борењето воопшто се многу стари и се среќаваат кај сите древни народи, почнувајќи од старите Грци, Египќани, Римјани итн. Во овој однос, борењето како спорт се спомнува и во делото Илијада од Хомер, односно поетот вкомпонирал содржина со опис на борењето Meѓy Епеј и Евријал, потоа меѓу Ајант и Одисеј итн. Тоа значи дека овој спорт, односно борењето (постои разлика Meѓy борењето, пеливанството и борењето во слободен стил) сигурно постоел и кај древните народи што живееле во денешниот простор на Р Македонија. Оттука, борењето (како претходник на пеливанството) не може да се поврзува конкретно со било која етничка популација, територија и време. Од далечното минато до денес  требало да изминат многу години за да може борењето постапно да се трансформира во фолклорно борење или поконкретно речено — во пеливанство или во својство на спортски натпревар со сите придружни елементи својствени за овој вид на натпреварување.

Пеливанството е најзастапено кај населението од исламска вероисповед што живее на просторите на Р Македонија, но и надвор од неа, се претпоставува дека овој спорт се појавил заедно со проширувањето на Османската Империја на овие простори.  Според усното кажување на некои соговорници од с. Студенишани каде најмногу е развиен овој спорт, се претпоставува дека пеливанството е старо, или се негува кај нив во временски период од околу пет векови. Овој спорт се практикувал низ разни манифестации, од семеен и општествен карактер.

Пеливансвото како традиционален спорт и вештина се организирал и се одржувал и по повод разни семејни свечености, како што се свадбата, сунетисувањето, различни празници од годишниот календар, итн. Во однос на годишните празници, пеливанството во Каршијак, односно во с. Студеничани. Пеливанството во функција на семејните прослави (сунет и свадба) било организирано од побогатите луѓе кои на ваков начин сакале да го зголемат угледот во средината каде живееле. Богатиот домаќин како награда за баш-пеливанот требало да обезбеди овца, јуне, теле и др., или парична награда.

Успеал и ден- денес да се сочува и негува, а овој  однос се издвојува во регионот на Скопски Каршијак чиј центар е с.Студеничани. Пеливанството во Каршијак  се одржувало на 11 Октомври за време на СФРЈ . По распадот на Југославија и стекнување независност на Република Македонија одржувањето на манифестации со овој спорт со учество на пеливани од целиот балкан   се поврзани со празникот 1 Мај кога се организира и турнир по пеливанство.

Опис на ритуалот на пеливанството

уреди

Пеливанството е дел од групата на традиционални игри и вештини и претставува ритуално борење кое започнува со церемонијално претставување на учесниците кои играат традиционален танц наречен перде и музичка придружба со зурли и тапани.

Се внимава овој спорт да се практикува во пролетта или есента, бидејќи временските прилики тогаш се попогодни имајќи го во предвид фактот дека во минатото, па и денес, овој спорт се изведува под отворено небо. Понекогаш се изведува и во спортски сали (ако е времето дождливо), ако постојат такви услови, но сепак овој традиционален спорт е препознатлив по тоа што се оддржува под отворено небо. Денот на изведувањето на овој спорт, особено во последно време, се препорачува да биде сабота или недела или некој друг неработен ден со цел публиката да биде во поголем број. Во однос на просторот, секогаш овој спорт се изведува во зелени површини, односно по ливади кои се погодни како конфигурација и за самите актери (пеливаните) да не се повредуваат, но и за публиката за да има подобар преглед на теренот со цел што поубаво да се следат пеливаните, односно нивните дуели. Борилиштето е заградено формално со цел да се подели просторот на пеливаните и тој на публиката. Овој спорт има многу протагонисти, почнувајќи од пеливаните, судиите, зурлаџиите, тупанџиите, публиката, па и носителот на манифестацијата, односно тој што ја организира семејната или општествената веселба. На пеливаните за оваа намена им се потребни секојдневни тренинзи, како трчање, соодветна исхрана со многу калории за зајакнување на енергијата (консумирање на свежо месо), консумирање на многу овошје, потоа мед, ореви итн., потоа сексуална апсистенција на пеливанот, особено пред борењето и др. Но секој пеливан се храни на индивидуален начин и не ја открива тајната на исхраната. Освен тренирање и посветеност, за да се стане квалитетен пеливан, треба да се почне со овој спорт уште од најмали нозе, односно од десетгодишна возраст. Пеливаните, имајќи ја предвид играта која многу е сложена и воедно специфична поради физичката сила и издржливост што треба да се манифестира, се вистински јунаци, а така се перцепираат и од страна на публиката.

Во рамките на арената, пеливаните настапуваат голи до појасот во посебни кожни чакшири (пантолони), наречени кисмети. Овие специјални пантолони за овој вид на спорт се направени од воловска кожа и тие се купуваат во Турција. Кожните пантолони служат за заштита на колената и воопшто нозете, како и полните органи од несаканите последици од борењето. Овие пантолони во долниот дел се стеснуваат а се шијат до подколениците. Во повеќе случаи тие се шарат со нитни, кои покрај естетското имаат и апотропејско значење. Самиот народен термин употребен за ваков вид кожни пантолони кисмет, што на турски значи среќа, не упатува на апотропејското значење на овој вид облека, која треба да го заштити оној што ја носи и да му донесе среќа и победа во борењето. Пеливаните се намачкани со масло со цел да се зајакне и штити нивната кожа, а истовремено да се се отежнува и фаќањето. Истовремено, маслото служи и да не дојде до дехидрација, бидејќи пеливанските борби се исцрпувачки и траат многу долго. Потоа намачканото тело со зејтин дава пријатен отсјај и ја експонира физичко-естетската компонента на телото на пеливанот. На вратот на некои пеливани се среКаваат и амајлии кои се мисли дека ги заштитуваат од злите очи. Инаку, регионот на Каршијак или поконкретно речено — с. Студеничани, и во минатото и денес, имал најмногу пеливани, не само во однос на фолклорното— слободен стил. Од ова село биле произлезени борачи, туку и во борење пеливани и борачи како: Тефик Демири, Ибраим Ибраими, Невзат Латифи, Бислим Бислими, Бедри Елмази и др. (од постара генерација), но и Џезаир Латифи, Мухамет Вејсели, Сабедин Јашари, Али Демири и др. (од понова генерација). Некои од овие презимиња упатуваат на тоа дека овој спорт бил наследен од татко на син и така опстојувал низ вековите.

Пеливаните влегуваат во борилиште секој од свој агол и се собираат на средина на арената каде им се одредува ривалот и потоа почнува дуелот. Се ракуваат меѓусебно, прават круг плескајќи се по нозете, се враќаат на средина фаќајќи се за рамениците, како демек ќе почнат со борењето, потоа ги спуштаат рацете и прават уште еднаш еден круг наоколу.

Откако ќе се вратат на средина ја започнуваат борбата, завземајќи претходно висок почетен став свиткани во појасот и спремни за напад. Играта односно дуелот може многу долго да трае, особено во посилната категорија. Па судиите можат да ја прогласат битката како рамноправна или нерешена. Пеливанот го губи дуелот ако дел од него се допира до земјата со двете раменици ако биде дигнат од земјата до висина на своите колена или повеќе, ако ја предаде борбата самоволно од која било причина.

Победникот се прогласува од судијата, односно судиите ако паралелно се одвиваат неколку дуели. Овој натпревар секогаш се изведува под ритамот на зурлите и тапаните. Преку овие инструменти им се дава поттик  на пеливанската борба, истовремено се следи и ритамот на играта.

Понекогаш дуелот може да се прекине ако настапи мрак и да продолжи наредниот ден или ако дуелот трае предолго  пеливаните со дигање на раката на судијата пеливаните ја предаваат борбата како нерешена.

̈Ритуално перде: Пред борбата, пеливаните прават ритуална игра, наречена перде (перде, турски збор што значи завеса). Тоа се ритуални движења на пеливаните (двајца, тројца, или повеќе) во вид на танц, бидејќи се следи ритамот на тапанот и зурлите. Така, секој пеливан што го изведува пердето, има за цел да ја покаже својата сила пред публиката, односно да го покаже своето развиено тело со цел публиката да се убеди во неговите специфични физички или телесни квалитети, или предности. Пердето го изведуваат најквалитетните пеливани на следен начин. Тие облечени со кисмет (боречки пантолани) и намачкани со масло излегуваат пред публика еден по еден, но може истовремено и двајца, и трчат полека, но ритуално во далечина од 15-20 метри при што во секој пети чекор застануваат и прават темена или перде. При ова движење во вид на танц, тие застануват три или четири пати, а при застанувањето ја спуштаат левата нога со коленото на земја, додека десната нога со коленото ја држат право, и седнати во ваква позиција, прават темена кон публиката со тоа што ја допираат со десна рака околу три пати, еднаш десната бутина, еднаш делот на брадата и челото. Потоа стануваат и чекорат пет чекори, удирајќи се ритуално со раце на двете бутини и одново застануваат за да прават темена. Но тие, во секои пет чекори, толку што одат напред и се враќаат назад. Сосема на крај стануваат и трчаат еднаш брзо во вид на круг, застанувајќи на нозе со лице свртени кон публиката и правејќи уште еднаш темена со десна рака од брадата кон челото.

Гуреч аваси, е втората мелодија на пеливанските натпревари се свири кога пеливаните почнуваат да се борат, а наречена е „Гуреч аваси“ што значи мелодија за борба. Таа се исполнува во целиот тек на борењето без застанување. Оваа мелодија за разлика од мелодијата која се свири на пердето, претставува поодредена мело-ритмичка целина, во која се присутни вонредно богатите ритмички пулсации на тапанот. На крајот од борењето во самата мелодија „Гуреш аваси”, присутен е триумфален одглас на зурлата. Оваа мелодија се исполнува во еден експониран ритмички динамизам, од причини што таа треба на звучен план да предизвика една звучна сугестија за цврстината на борењето, за да ја раздвижи физичко-духовната мобилност и истрајност.

За време на натпреварите не е дозволено да се исполнува импровизирана песна или оро. Комисијата се става и во улога на музички заштитник. Имено, доколку пеливанските мелодии не се свират во изворна форма, комисијата реагира и ги отстранува зурлаџиите. Од спомнатите причини на овие натпревари се канат добро познати зурлаџиски состави. Сето ова јасно говори, дека на пеливанските натпревари строго се почитувале кодексите и кон музиката како нераздвоен елемент, која треба да е на стилска и интерпретативна висина.

Категоризација на пеливаните

уреди

Пеливаните според нивната сила, често пати и според нивната воља, односно како тие се декларираат, се класифицираат на четири односно пет основни категории:

  • Баш- пеливаните е првата категорија овие се најдобрите, односно непобедените. Токму, нивните меѓусебни дуели кои траат долго време, се најпосакуваните од страна на публиката.
  • Башалти категорија во оваа категорија пеливаните кои според нивната сила се рангирани веднаш по тие од баш-категоријата. Значи овие пеливани се зад главните пеливани, а ова се покажува и од самиот збор со кој се означува оваа категорија на пеливани. Зборот баш значи челник, а зборот алти значи крајот. Според буквалниот превод значи крајот на челото.
  • Бујукорта е следната категорија каде пеливаните со просечна сила во споредба со другите. Зборот бујук значи големо и орта значи просечен. Во непосреден превод значи „средна величина (сила).
  • Кучукорта категорија е последната категорија е нарекувана Кучукорта во која учествувале пеливаните — почетници. Зборот кучук значи мал.
  • На марама категорија се сите други пеливани кои излегуваат под овие категории се нарекуваат „на марама“ според начинот на наградување, бидејќи за нивната победа во својство на подарок им се дарува една марама. Во оваа група спаѓаат тие пеливани кои според нивната ограничена сила не можат да се опфаќаат во ниту една категорија што ги спомнавме погоре. Во оваа група спаѓаат децата.

Награда: Пеливаните се наградуваат според категоријата во која се борат. Се подразбира дека за пеливаните од баш-категоријата се доделува највисока награда. Наградата се состои во пари или порано во вид на јагне, овца, овен, вол итн. Многу пати, пред или по дуелот, особено кај баш-категоријата, пеливанот излегува и собира пари од публиката. Пред да почнуваат дуелите, пари од публиката може да бара секој пеливан, но после дуелот, ова право го има само тој што ќе победи. Само ако сака поразениот може заедно да собираат пари од публиката и потоа заедно да го делат пленот. Овие пари им се дават на пеливаните со цел тие да ги хранат своите деца, но и да се грижат за себе, особено во однос на исхраната. Можеби наградата и не е толку битна за пеливаните, колку што е битна популарноста, честта, гордоста што се стекнува кај еден пеливан — победник. За нив се зборува во околината и тие се стекнуваат со слава која се пренесува од генерација во генерација. Така во Студеничани се зборува за пеливанот Тефик кој бил многу силен, но и ред други пеливани од ова село и околината.

Посебни карактеристики на пеливанството

уреди

Посебните карактеристики на пеливанството како традиционален спорт и вештина во Каршијака — Општина Студеничани се: Во рамките на содржината на овој спорт, односно пред да се почне со битката мeѓy некои поквалитетни пеливани, се изведува ритуалниот чин наречен „перде“ за кое се мисли дека е карактеристично само за Р Македонија.

Инаку, овој ритуален чин се изведува од силни пеливани кои покрај специфичниот танц и кој се изведува под ритамот на зурлите и тапанот, покажуваат колку се силни, делувајќи можеби и психички во однос на нивните ривали.

Овој спорт кој се развил низ ливади и под будното око на публиката, особено во минатото бил многу негуван и истовремено многу популарен, особено во Општина Студеничани, и придонел да излегуваат на сцена многу познати пеливани кои подоцна во борењето - слободен стил, Ке бидат носители и на медали во рамките на Олимписките игри, како и други игри од регионален или од друг поширок карактер. Во оваа насока се издвојуваат борачите Тефик Демири, Шабан Трстена, Шабан Сејдиу,  Зоран Шоров, итн. Во оваа насока, регионот на Каршијак, можеби е еден од последните бастиони, кој уште ден ден денес го негува овој традиционален спорт.

Пеливанството во Општина Студеничани ги има одликите и на мултиетнички спорт, бидејќи носители на оваа игра, особено во последно време, биле од сите етнички заедници, се подразбира таму каде што била култивирана оваа традиционална игра. Публиката знаела да ги наградува со аплауз и да ги почитува тие пеливани кои биле силни и коректни при играта. Инаку, во турнирите по пеливанство кои се организираат во с. Студеничани учествуваат пеливани од Албанија, Косово, Бугарија, Турција, но и пеливани од нашата земја, претежно од албанската популација, но и Турци, како и пеливани од македонска национална припадност, особено од Источна Македонија.

Карактеристика на пеливанството е и тоа што овие игри секогаш биле проследени и со звуци на музиката, односно на зурлите и тапаните. Истовремено свиреле по неколку зурли и тапани следејКи ги движењата на пеливаните или создавајКи некоја хармонија Meѓy звукот и движењето или состојбата на телото на пеливаните. Можеби оваа комбинација на звукот и телото создава едно посебно чувство не само кај актерите на овие игри, туку и кај публиката.

Пеливанството било изведено за време на семејни прослави (свадба, сунет) и за време на празници од општествен карактер, што може да се поврзе и со ритуалната етнолошка иницијација, односно со преминот на иницијантите од една социјален статус во друг социјален статус и преку пеливанството можеби се влијае магиски врз иницијантите(сунетисаниот, зетот) со цел да се здобиваат со физичка сила при премин на друга фаза во нивниот живот.

Пеливанството, особено во минатото, бил масовен спорт, бидејќи во овој вид на игри учествувале и децата и возрасните. Затоа биле поделени на пет категории со тоа што право на учество имал секој што чувствувал дека поседува способност и сила да му се спротивстави на ривалот.

Сепак, пеливанството, во сегашната варијанта во која опстојува и денес во Општина Студеничани, се развивало и негувало, особено под влијание на Османската Империја, односно со на Турците на овие простори при што ќе се популаризира во невидени размери и ќе се претвори во еден од најпопуларните спортови. Овој спорт ќе опстои и после одалечувањето на Турците од овие простори при што ќе ја достигне и својата кулминација, особено во Р Македонија од која излегуваат врвни пеливани, а подоцна и борачи во слободен стил кои се и ќе бидат и носители на медали во разни спортски манифестации од потесен и поширок карактер. Пеливанството има богата традиција во скопското село Студеничани, и тоа почнувајКи уште од времето на легендарниот борач Тефик Демири, репрезентативец од поранешна Југославија па до најмладата сегашна генерација. Речиси секој трет жител на Студеничани е пеливан, спорт мошне популарен Mefy овдешното население. Дури и најдобрите борачи од Р Македонија, освојувачи на олимписките медали, Шабан Трстена и Шабан Сејдиу се бореле како пеливани на големите селски прослави на кои често присуствувале и до три илјади гледачи, еден невиден спектакл кој се доживува на своевиден начин.

Критериуми што се однесуваат на својството на пеливанството

уреди

Автентичност - Пеливанството има богата традиција во Каршијак, односно во Општина Студеничани. Овој начин на борење, се претпоставува дека е многу стар, бидејКи се засновува врз физичката сила на аперите, но исто така комбиниран е и со вештина и своевидна тактика која се присвојува постепено од страна на пеливаните. Пеливаните, во најголем број на случаи, се од областа Каршијак, односно од селата што припаѓаат во оваа област. Инаку, своевидна доза на автентичност на овој спорт му дава музичката придружба која е незаобиколен елемент во текот на борењето, но и ритуалното перде кое е својствено само за овие простори.

Реткост — Пеливанството како традиционален спорт и вештина се негува само во некои делови од нашата земја. Тоа претежно е поврзана само со некои краишта во Р Македонија, а Meѓy нив е најзастапено во селата што гравитираат кон Општина Студеничани. Овој редок спорт кој уште живее на овие краишта, можеби од многу специфичности што ги крие во својата содржина, се издвојува со ритуалниот чин наречен перде кој се исполнува пред настапот на некој квалитетен пеливан. Овој ритуален чин за кој подетално се осврнувавме погоре, е специфичен само за овие простори. Инаку, секој пеливан што го изведува ,пердето” во основа „се перчи”, односно ја покажува својата сила на ривалот, но и на неговите подржувачи од публиката. Пердето трае околу З минути и се изведува под придружба на  тапанот и на звукот  на зурлите.

Разновидност — Од содржината на литературата која е посветена на овој спорт, тешко е да се изнесат некои порелевантни податоци околу верзиите на натпреварите кои се изведуваат во различни региони на нашата земја. Но имајќи го предвид фактот дека во фолклорното пеливанство кое се одржува во с. Студеничани учествуваат и пеливани од краишта надвор од Каршијак, тогаш може да се заклучи дека станува збор за една унифицирана верзија при изведувањето на овој спорт. Се подразбира дека ова фолклорно борење се разликува во однос на борењето во слободен стил кое е покултивирано и содржи во себе низа правила, односно строги барања, чие евентуално заобиколување води кон несоодветни резултати.

Интегралност — Сите натпревари поврзани со пеливанството, и во која област да се изведуваат во територијата на Р Македонија се унифицирани и не се издвојуваат со некои специфични елементи.

Старост — Иако е многу тешко да се одреди староста на овој традиционален спорт, сепак може да се претпостави дека тој бил развиен на овие краишта и пред појавата на Османлиите на овој простор во XV век, но во својство на борење без некои правила и норми кои се вметнати подоцна во пеливанството како поразвиена и покултивирана форма на борење. Сепак, пеливанството кај Османлиите било многу популарно и мошне ценето и во нивно време ќе доживува кулминација, односно уште повеќе ќе се афирмира и ќе се прошири и кај другите неосманлиски народи, особено кај тие со исламска вероисповест. Значи, наидувањето на османлиската војска на овие простори и нејзиното петвековно присуство ќе оставаат големи траги врз културата, во овој домен и во пеливанството како традиционален спорт и вештина. Така, од Османлиите ќе се присвојат некои од нормите и правилата поврзани со овој спорт, а исто така, е сосема разбирливо што и терминологијата на овој спорт, особено во однос на категориите на пеливаните, ќе биде присвоена од нив.

Критериуми кои се однесуваат  на културното наследство пеливанство

уреди

Воспитно-образовната функција. Во содржината на пеливанството како традиционален спорт и вештина се забележуваат многу елементи кои имаат воспитен и образовен карактер. Воспитниот елемент може да излегува на виделина од тоа што рецепиентите, односно читателската јавност преку запознавање со деталите на овој народен спорт може да ја развие својата љубов и почит кон народната традиција и да ја ја негува таа преку различни облици на манифестирање. Инаку, во овој правец, е познат фак-гот дека уште Старите Грци го развивале борењето како основа на телесното воспитување, па така овој спорт бил еден од најважните дисциплини во рамките на Олимписките игри. Во старогрчката митологија борењето се спомнува како вештина (умеење) што ја познавале и старогрчките богови. Постојат многу цртежи на старите грчки вазни со митови од борењето и борачите во текот на борбата. Се знае дека старогрчката култура има развиен култ за сè што е убаво и привлечно, особено во овој правец, се издвојувала атлетската убавина. Инаку, и пеливаните се издвојуваат со убаво изградено тело кое е плод на специфичниот режим на исхрана, но и физичките активности. Од друга страна, образовниот карактер на овие обичаи е поврзан со тоа што таа иста јавност може да се информира за одликите, односно особеностите на овој мошне привлечен спорт, особено во територијата на Општина Студеничани.

Научната функција. Борењето заземало видно место во праисторијата како смеењето на човекот што му помагало да опстане во  слоевитите услови за живот.

Човекот во првобитното време се борел со животните. Значи, во овие околности на живеење, многу му користела личната сила и познавањето на борењето. Така борењето се развивало и усовршувало паралелно со животните потреби, во борбата за обезбедување на основната екзистенција, во борбата за опстанок на човекот за воопшто. Значи, преку содржината што го пружа спортот на пеливанството, може да се проследи развојот на човекот низ призмата на спортот, односно на пеливанството како темел на подоцнежните спортови. Исто така и тапаните и зурлите кои ги следат пеливаните во нивните игри сигурно имаат некоја функција од религиозна гледна точка. Се знае дека вревата, односно музиката, е средство со кое се изгонуваат злите сили, особено при обредите на премин, а овој спорт бил организиран токму за таквите обреди, како што се сунетот, свадбата, премин во некое ново време со отбележување на празниците итн. Значи овој спорт може да се поврзе и со обредите на иницијацијата како своевиден етнолошки чин со религиозна позадина. Може исто така да биде од религиозен карактер и времето кога се одржуваат овие манифестиции, односно во пролепа и есента што може да се поврзува со почетокот и крајот на земјоделските активности.

Културната функција. Пеливананството како традиционален спорт и вештина во општина Студеничани претставува своевиден културен артефакт поради поседување на многу елементи со културна позадина во својата внатрешна структура. Преку овој спорт се негува еден посебен третман во однос на телото, односно посебен режим на исхрана, секојдневни вежби кои придонесуваат кон подобро здравје на носителите на овие игри. Самиот чин на борењето содржи низа правила со кои се регулира начинот на однесување на актерите на овој традиционален спорт. Од друга страна и денот кога се изведува овој спорт подразбира своевиден спектакал со голем број на публика, но и борачи од сите страни на Македонија. Значи, натпреварите по пеливанство претставуваат своевиден културен спектакл со многу актери и многу публика.

Комуникациска функција. Преку натпреварите по пеливанство може да се воспостави некоја комуникација во симболичка форма, поради тоа што секој пеливан е припадник на некоја заедница (селска или градска) и тој има круг на подржувачи (публика) која се идентификува со него, најчесто од регионална гледна точка. Често пати на вакви натпревари, особено на тие од позначајните категории, постои ривалитет мeѓy пеливаните од различни села што привлекуваат и публика врз регионална основа. Ова доведува до комуникација мeѓy две заедници од различни краишта. Пеливанот значи ја претставува и заедницата од која потекнува и публиката се идентификува со него. Таа го подржува својот пеливан со разни движења и вербални и создава посебен амбиент на натпреварот. Однесувањето на публиката создава впечаток дека таа не учествува само духовно, туку и физички, т. е., ги покреваат рацете, главите, се превиткуваат — како тие да се борат итн. Исто така врската на овој спорт со некои настани од животниот биолошки циклус, како сунет, свадба итн., упатува кон обредната иницијација при што е неминовна комуникацијата на обичниот човек со натприродните сили.

Нематеријално културно наследство

уреди

Нематеријалното културно наследство "Традиционален спорт и вештина Пеливанството во Каршијак, општина Студеничани" со Одлука бр.2312 се прогласува за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење објавено во Службен весник. на Р Македонија бр:150/2019 од 23.07.2019.

Литература

уреди
  • БОЈОВИК, Саво и соработници (1982): Борење. „Спортска књига”. Београд.
  • КОНСТАНТИНОВ, Горан (1991): Фолклорното борење во Македонија. Скопје.
  • ЏИМРЕВСКИ, Боривоје (2000): Сличности и разлики Meѓy питијскиот номос и пеливанството во Македонија —некои етномузиколошки и етнолошки аспекти. Македонски фолклор, бр. 55, 2000. Списание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков” — Скопје.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди