Струшки дијалект
Струшки дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Струга со околината. Струшкиот дијалект е близок дијалект со охридскиот дијалект и со вевчанско-радошкиот дијалект. Овој дијалект дели поголем број на кракатеристики со дијалектите од тој регион. Струшкиот говор е валоризиран како културно наследство со национална класификација 3.2.2.3.1.2. според УЗКН.[1]
Класификација
уредиОхридско-струшките говори влегуваат во една поголема дијалектна целина: охридско-преспанска група. Охридско-струшките говори имаат многу заеднички јазични особености кои ги споделуваат со поширокиот регион во рамките на западното наречје, но имаат и свои специфични дијалектни особености. Потесна диференцијација има во рамките на самата група, од една страна се издвојуваат охридските говори (градскиот охридски говор, пештанско-љубанишкиот и говорот на Дебрца), а од друга страна се издвојуваат струшките говори (струшкиот говор во потесна смисла на зборот, вевчанско-радошкиот и торбешкиот струшки говор).
Територија
уредиСтрушкиот говор ги опфаќа градот Струга и селата: Враништа, Октиси, Вишни, Лабуништа, Подгорци, Бороец (кои се наоѓаат на западниот дел од реката Дрим), Присовјани, Глобочица, Брчево, Биџево, Ташмаруништа и Ложани (кои се распоредени по десната (источната) страна на реката Дрим. Географско дијалектната граница на струшките говори се движи на север приближно по линијата Пресека - Караорман, го сече Дрим кај Глобочица и излегува на Јабланица нешто малку посеверно од селото Бороец. На запад дијалектната граница се поклопува со етнографската граница кон Албанија (на албанска страна остануваат неколку македонски села), на југ и југоисток струшките говори граничат со охридските, а на исток со централните говори.
Според дијалектната диференцијација на македонскиот јазик (Б. Видоески, Дијалектите на македонскиот јазик, Скопје 1998, с. 245&271) струшките говори спаѓаат во западните македонски говори кои, заедно со охридските, ги формираат охридско-струшките говори. Охридско-струшките говори влегуваат во една поголема дијалектна целина: охридско-преспанска група. Охридско-струшките говори имаат многу заеднички јазични особености кои ги споделуваат со поширокиот регион во рамките на западното наречје, но имаат и свои специфични дијалектни особености. Потесна диференцијација има во рамките на самата група, од една страна се издвојуваат охридските говори (градскиот охридски говор, пештанско-љубанишкиот и говорот на Дебарца), а од друга страна се издвојуваат струшките говори (струшкиот говор во потесна смисла на зборот, вевчанско-радошкиот и торбешкиот струшки говор).
Потекло
уредиСтрушките говори, впрочем како и другите македонски говори потекнуваат од јазикот на словенското население кое според историските податоци го населува Балканскиот Полуостров кон крајот на VI и почетокот на VII век. Процесот на дијалектната диференцијација на македонскиот јазик може да се следи уште од старословенскиот период. Некои иновации се забележуваат веќе во X и XI век. Општо речено, основната дијалектна диференцијација на македонските дијалекти е веќе извршена до XV век. Голем број иновации се зародени во периодот на XVIII и XIX век. Во овие рамки може да се разгледува и процесот на дијалектната диференцијација на македонските говори на територијата на струшките говори.
Фонолошки одлики
уредиВо поглед на фонетиката, струшкиот говор стои најблиску до градскиот охридски говор. И тој, како и охридскиот говор има шесточлен вокален систем, што значи дека освен петте вокали (а, е, о, и, у), ја познава и фонемата /ƒ/. Оваа фонема се јавува како континуант на носовката *œ (во коренските морфеми): грƒди, зƒби, јƒдица, кƒде, мƒка, пƒт, рƒка или во комбинација со буквата ј >*јœ: јƒзик, јƒчмен, јƒдро, јƒже, јƒгула и сл. Иста вредност се забелжува и кај секундарниот ер (¥2) во почетниот слог: бƒдник, лƒга, мƒгла, мƒска. На крајот од зборот за секундарниот ер (¥2) наоѓаме различни вредности - пред /н, р/ редовно стои /а/: оган, ветар, добар, итар; пред /л/ има само /о/: рекол, пекол, а пред /м/ во потесното струшко подрачје има /у/: седум, осум, додека во некои периферни села се јавува /о/: седом, осом. Вокалното *ó се заменува со секвенцата /ƒр/:дƒрво, гƒрло, сƒрна, а вокалното *ò се заменува со секвенците /ƒл/ (во градскиот струшки говор и најблиските села): вƒлк, вƒлна, дƒлго, жƒлт итн., и /ол/ (во северниот дел од говорот): болва, волк, жолт итн. Вокализмот на струшкиот говор се одликува со цела серија дифтоншки секвенци настанати со десилабизација на предните вокали /е,и/ и на задните лабијализирани, главно /о/, во одделни лексеми и /у/. Вокалот /и/ се десилабизира во Ш–Ќ, образувајќи со следниот вокал двофонемна дифтоншка секвенца: /ие/ > /–е/ (изм–ен, го фат–е); /иа/ > /–а/ (ловџ–а, копр–а, поч–ало, сп–а); /ио/ > /–о/ (белý–от, сеч–о, с– одвит) и сл. Вокалот /е/ образува секвенци со задните вокали: /еа/ > /–а/ (нý–а, се см–а, исп–ано); /ео/ > /–о/ (чер–о, ор–от, телý–о). Во струшкиот говор се забележува и десилабијализацијата на /о/ > /в/ во вокалните секвенци /оа/, /ое/: квач (< коач), твар (< товар); чвек (< чоек < човек), гведо (< гоедо < говедо) итн.
Во поглед на консонантскиот систем, кај струшкиот говор се изделуваат неколку карактеристики. Веларните /г, к/ имаат по два алофона - Шг, кЌ пред задните вокали, пред консонант и на крајот од зборот и Шгý, кýЌ пред предните вокали, а понекогаш тие преминуваат дури и во Шѓ, ќЌ сп. ќитка, Ќиро, раќ–а и сл. Фонемите /ѓ, ќ/ како палатални се реализираат во селскиот говор, а во градскиот говор тие како самостојни гласови се јавуваат на почетокот и на крајот од зборот, додека пак, во средината се реализираат како секвенци /јѓ, јќ/: ѓаол, ќерка, но: лýујѓе, кујќа. Во градскиот говор и во најблиските села Враниште, Драслајца, Ташмаруништа превладуваат секвенците /шч, жџ/, додека во другите села се чува стариот изговор /шт, жд/ во сите позиции.
Фонемата /ѕ/, како и во охридскиот говор, е пофреквентна отколку во другите западни македонски говори: блаѕе, ноѕе, белеѕи, молѕам, солѕи, наѕре, ѕвер, ѕвечит, ѕвезда и др.
Кај именските зборови карактеристична е употребата на предлогот на за искажување на дативен однос: Му дал пари на Никола, Му рекол на Спасета. За градскиот говор карактеристично е и искажувањето на директниот објект со на-конструкција: Го викна на Нšмчета, Го фати на Кузета. Оваа појава не е својствена за селските говори.
Кај глаголскиот систем посебен интерес побудуваат формите за 1 л. едн. и за 3 л. мн. на презентот, 1 и 3 л. мн. на аористот и имперфектот, 2 л. мн. на императивот, како и образувањето на глаголскиот прилог. Во 1 л. едн. на презентот отсуствува наставката -м (бера, носа), а во 3 л. мн. се обопштила наставката -ет (берет, носет, вик‹т). Само кај глаголите од а-група во некои села се задржала наставката -м за 1 л. едн.: имам, орам, копам (с. Вишни). Наставката за 1 л. мн. на аористот и имперфектот се јавува со аломорфите -фме и -фне, а 3 л. мн. завршува на -е како и во соседните дебарски говори. Глаголскиот прилог завршува на -ешчи, односно на -ешти: викаешчи и викаешти итн. Во струшкиот говор најпродуктивни се несвршените глаголи со суфиксот -в-: купвит, легвит, турвит, собервит итн. Во струшкиот говор се изделуваат и следниве предлози: из, ке, кун, накун, отсем, како и сврзниците: аку, еркога, отколи, почим.
Во струшките говори се вклучуваат и вевчанско-радошкиот говор, кој од градскиот струшки најмногу се разликува по вокалниот систем и по континуантите на носовката *œ и вокалните *ó и *ò, и струшкиот торбешки говор, кој според своите карактеристики е најблиску до соседниот дримколско-голобрдски говор.
Како заклучок ги имаме следните карактеристики:
- неподвижен акцент
- загуба на меѓусамогласното в
- загуба на меѓусамогласното г
- загуба на меѓусамогласното д
Морфолошки одлики
уреди- употреба на наставката -иче за именки од женски род
- употреба на наставката -т за трето лице еднина
- употреба на сите три членови
- употреба на предлогот во
- зачестена употреба на свршените облици (перфект)
Загрозеност на доброто
уредиСтрушките говори се наоѓаат во западната област на македонската јазична територија и степенот на загрозеност е релативно висок, пред сè , поради постојаната миграција на населението од другите делови на Р Македонија кон Скопје како културно-административен центар и нивното континуирано јазично влијание врз овие говори. Од тие причини струшките говори треба да се стават под режим на заштита. Се разбира, во промените на општата слика на дијалектната диференцијација на еден јазик, па и на македонскиот, а во тие рамки и на струшките говори свое влијание врши и нормираниот (стандардниот) македонски јазик.
Причини за валоризација
уреди1. Законска обврска да се валоризираат дијалектите на македонскиот јазик како дел од нематеријалното културно наследство.
2. Утврдување на степен на заштита според:
- Законот за заштита на културното наследство (Службен весник на РМ бр. 20/04, членови 101, 113, 175, 179;
- Правилник за валоризација, категоризација и ревалоризација на културното баследство (Службен весник на РМ бр. 111/05);
- Конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство Париз (Службен весник на РМ бр. 59/06).
Вредности и значење на доброто
уредиСтрушките говори претставуваат составен и значаен дел од македонското духовно богатство, односно од дијалектната база на македонскиот јазик. Нивната вредност ја оценуваме, пред сè , од лингвистичка, и поконкретно дијалектолошка, (на фонетско-фонолошко ниво, морфо-синтаксичко, лексичко-семантичко и етимолошко ниво); при тоа не ги запоставуваме ниту значењата од етнолошка, филолошка и другите културни вредности вткаени во народниот јазик.
Критериуми за валоризација
уредиВалоризацијата на струшките говори е извршена според:
1.Критериуми кои се однесуваат на својствата на доброто
- Автентичност: Во рамките на јазикот секој одделен дијалект претставува негов автентичен дел; токму врз ова својство се должи значењето на дијалектите за македонскиот јазик.
- Реткост: Во својот примарен и оригинален облик, струшките говори се карактеристични за точно определена територија, односно за луѓето што потекнуваат од точно определена територија врз основа на што се цени нивната реткост и единственост.
- Разновидност: Општо речено, дијалектната разновидност на секој говор, па и на струшките говори претставува природен извор на јазичен материјал од кој се напојува и збогатува македонскиот стандарден јазик, па во оваа смисла чувањето и проучувањето на дијалектната база овозможува чување, збогатување и насочување на развојот на стандардниот јазик.
- Интегралност: Струшките говори се репрезентативен дел на македонскиот јазик и истовремено интегрален дел од целокупноста на македонскиот јазик. Со други зборови со своите основни фонетско-фонолошки, морфосинтаксички и лексички особености, овие говори се составен и интегрален дел од македонскиот јазик.
- Старост: Дијалектите на македонскиот јазик, вклучително и струшките говори се основен извор за историјата на македонскиот јазик со оглед на фактот дека македонскиот јазик нема долга писмена традиција. Дијалектите се секако постар облик на комуникација меѓу македонското население отколку стандарниот јазик. Тие чуваат многу поархаични форми на јазикот отколку оние што можат да се забележат во стандардниот јазик.
2.Критериуми кои се однесуваат на функцијата на доброто
Основна функција на секој говор е комуникациската. Комуникацијата меѓу населението и пренесувањето на информации се најважни функции на јазикот, па и на струшките говори како специфично и идентификациско обележје на тамошното население. Разбирањето меѓу луѓето придонесува определено население меѓу себе да стапува во различни видови односи, па и во врски од различни области од стопанството. Струшките говори се предмет на истражување во научната област лингвистика. Непосредно со научната функција е врзана и воспитно-образовната функција што ја има проучувањето на македонските дијалекти и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на дијалектите на македонскиот јазик.
3.Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто
- Културно: Струшките говори се дел од културното наследство на населението што живее на определената територија; односно во говорот е вграден речиси секој елемент од културната традиција на населението, започнувајќи од изгледот (на пр., народните носии и називите на деловите на народните носии), работата (земјоделието и алатките за обработка на земјата, називите во врска со сточарството, занаетчиството и сл.), домаќинството (називите во врска со садовите и нивната употреба во домашните работи), народните песни испеани во тие краишта, во кои е вплетена историјата на населението низ вековите, итн. Токму во овие рамки може да се зборува за културното значење како еден од најважните критериуми при валоризацијата на струшките говори.
- Историско: Македонските дијалекти се примарен дел од културното и историското наследство на македонскиот народ и само преку нивно поединечно и интегрално негување и проучување ќе можеме во вистинско светло да ја презентираме пред јавноста културната традиција и историјата на македонскиот народ.
- Уметничко: Од уметнички аспект, значењето на струшките говори се согледува во народната уметност, народните песни и приказни испеани или раскажани на впечатлив народен говор. Овој тип на уметност со векови бил единствениот израз на македонската литература.
- Научно:Научното значење на овие говори го определуваме пред сè во рамките на лингвистиката и тоа како на македонската наука за јазикот, така и на славистиката и на балканистиката. Од аспект на македонистиката, струшките говори се интегрален дел од македонската дијалектна територија и во тие рамки тие се непроценлив извор на информации за општата диференцијација на македонскиот јазик во однос на другите словенски јазици, така и за самата внатрешна дијалектна диференцијација на македонскиот јазик.
- Општествено: Струшките говори, како и впрочем сите говори од македонскиот дијасистем имаат пред с# општествено значење. Тие се основно обележје на македонскиот народ и на македонската нација.
Библиографија
уреди- Тошев, Кр. „Некои иновации и доразвивање на некои црти во градскиот струшки говор“, Прилози на МАНУ, 1/1, Скопје, 1970, стр. 105-113.
- Тошев, Кр. „Струшки говор“ , во: Струга и Струшко (историја, стопанство, култура, здравство, физичка култура), ред. : Илија Каланоски и др., Струга, 1970.
- Тошев, Кр., „Струшкиот говор“, Предавања на III меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Скопје, 1970, стр. 1-9.
- Видоески Б. „Дијалектите на македонскиот јазик“, т. 1 : 1998 ; т.2 : 1999; т.3 : 2000, Скопје.
- Видоески Б. „Фонолошки бази на говорите на македонскиот јазик“ , Скопје 2000.
- Видоески Б. „Текстови од дијалектите на македонскиот јазик“, Скопје, 2000.
Наводи
уреди- ↑ „Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков"“. imj.ukim.edu.mk. Посетено на 2023-12-14.