Струмички дијалект

(Пренасочено од Штипско-струмички говор)

Струмички дијалектдијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во групата на источни дијалекти од централното наречје. Овој дијалект се зборува во југоисточниот дел на Република Македонија, односно во градовите Струмица, Радовиш и околните низински села во Струмичко-радовишката Котлина, како и во селата под подножјето на Беласица и Огражден.

Струмичкиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Фонетско-фонолошки одлики:

уреди
  • Двојни вредности за цвь- : цăв- // цăф- : цăфте, рăсцåфте...и цве- : цвет, цвете, рăсцвéте, гуруцвéт...
  • Замена на ѕвь- во ѕво-: ѕвоне, ѕвонче...
  • Преод на свь во сам: сăмнýл’ка, сăмнах...
  • Промена на цѣ- во ца- : цăдúлка, цатка, цалина, цафка но: цел ден, цепци, цепка, цепе, цепенúца...
  • Ретки остатоци од мешањето на носовките: зајăк, јăнгýла, јарбица, пајăк, но: изúк, ичимéн, еза, ече, едăр...
  • Појава на протетичко в : ваглен, важе, вазăл, вăтóк...                                                         
  • Неопределен акцент: питéл, рибáр, пустéл’а, рăсулнúца, јáбука, кувáчница, пéрница, бúвулица, крáстăвица...
  • Парадигматски карактер на акцентот: чúм мă нèјќе, нè у сáкăм и јáс; нá сăм гу видéл нèго...
  • Редукција на неакцентираните самогласки: бăчúло, слăнúна, убăф; вичéра, дибéл, пиштéра...
  • Чување на меѓусамогласното в: бивул, гувéдо, уснóва, столуве...
  • Егзистирање на фонемата х: бохче, бух, Влах, врх, глух, грех, змех, мох, них, прах, сирумáх, сух; во наставките за аорист и имперфект: орāх, жнијāх, вршāх...односно: урáх, жнијáх, вршúх и сл.              
  • Промената на сч во шч: лишче, клашче, мошче, брешче, ношче, појашче, пршче, убрáшче... односно во хч: лихче, мехце, прхче и сл.  

Морфолошки одлики

уреди
  • Генерализирање на номинативната форма кај личните имиња: Стујáн, кăжáх му нă Стујáн, бéх ус Стујáн...                                                                                                                                                       
  • Множинска наставка - ове: вулóве, зетуве, кочуве, ругóве и сл.
  • Отсуство на членските форми на в и н.
  • Лична заменка за трето лице он (она, оно, они)
  • Кратка множинска заменска форма ги: них ги.
  • Отсуство на партикулата - зе // - зи кај посвојните заменки за трето лице женски род: нејн, нејна, нејно, нејни.
  • Аналитички датив кај заменките: нă мене ми, нă тебе ти, нă него му, на неа ѝ, нă нас ни, нă вас ви, нă них им, и кај личните имиња: нă Стујан, нă Марко, нă Петрăто, нă Мара.
  • Отсуство на наставката - т во трето лице еднина на сегашното време: вика, носе, сече.
  • Форма са, односно сă во трето лице множина од глаголот сум.
  • Глаголска л-форма донел: дујнсéл, дујнсéла, дујнсéло, дујнсéле
  • Ретка употреба на глаголските форми од типот има донесено, е дојден: имăм одăно двапăти нă вудинúца и иднúч на градо, уд некни е дојдăн...
  • Предлог у(ф) наместо стариот предлог въ: дујдéх у Битула нă пăзáр; дујдéх уф селто; у мéне дујдéа нă гóсте; ујдéх уф нèго нă свáдба;
  • Удвојување на предлогот со: сăс мака, но: ус стапо, уз ножо, уз ракăта.
  • Употреба на предлогот врз: пăднá врз кáмино, фрлú сă врз нèго.
  • Отсуство на предлогот кон.
  • Изразување на посесивно значење само со предлогот на: кашта нă Томето, детто нă Марко.
  • Отсуство на деминутивната наставка - уле.
  • Задглаголската положба на кратките заменски форми: видéх а ќерка ѝ нă Мара, видé ле гу детто?
  • Недоследно чување на помошниот глагол во трето лице во сложените форми со ‘сум’: он сă варнáл, он сă мијáл, ќе е викáл, ут чéра сă дóјдăни.
  • Недоследна употреба на двојниот објект: затвури вратта, викни татко ти.

Лексички одлики

уреди

 Големиот број лексички особености што егзистираат во струмичкиот крај се истакнуваат со својата свежина. Меѓу покарактеристичните лексички единици од овој говор се лексемите: липки ‘ноздри’, глетка ‘црнка’, курéм ’мев’, утилница, зăврăтнúца, буфтăнúца // писнúца ‘тупаница’, смугав ‘блед’, кувéт ‘сила’, капе (се) ‘се крши’, куне (се) ‘молчи’, туче ‘победува’, момичка ‘девојче’, мрфка ‘парче месо’, кăпенúна ‘сланина’, фрк ‘краешник’, џилéтка ‘плетена волнена блуза’ бăлтăн ‘зимско долго палто’, мумúја ‘долга шамија’, лавреш ‘топло време’, србугáска ‘шипка’, цвеќе ‘багрем’, шлипка ‘прачка’, френка ‘домат’, кăкăрáска ‘страчка’ кукумафка ‘утка’, пујка ‘мисирка’, мусе ‘ждребе’, пуле ‘мало магаре’, дăнáчка ‘женско теле’, бишка ‘свиња’, бурсýк ‘јазовец’, кăрлúп ‘лилјак’, пржóк ‘полжав’, стрф ‘мамец за јадица’, пăтóн ‘чардак, ходник’, ќурсúа ‘печка’, подница ‘црепна’, бунèла ‘виљушка’, вале ‘пали’ (оган), стакне ‘разгори’ (оган)...[1]

Наводи

уреди
  1. Васил Дрвошанов, Дијалектолошки студии, детска радост, Скопје

Надворешни врски

уреди