Турски скопски дијалект
Турскиот скопски дијалект или турскиот скопски говор е дијалект на турскиот јазик кој се зборува во Скопје и неговата околина. Дијалектот спаѓа во групата на централни турски говори во Македонија. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“.[1]
Распространетост
уредиТурскиот скопски дијалект се зборува во градот Скопје. Покрај градот, дијалектот се зборува од турско население кое е присутно и во селата Горно Количани, Пагаруша, Љубош, Долно Коњари, Средно Коњари и други.[1]
Особини
уредиСкопскиот дијалект, како дел од централните дијалекти, споделува голем број заеднички одлики со соседните говори, како и пошироките румелиски говори на турскиот јазик. Како и да е, овој дијалект има одредени особини кои го издвојуваат од околните говори, особено на морфолошко и фонетско ниво.[1]
Фонолошки особини
уредиОдредени фонолошки особини на дијалектот се:[1]
- диајлектот ги содржи скоро сите гласови од стандардниот турски јазик, со дополнение на гласот /ts/.
- при говорот се забележува присуство на долги вокали.
- има присуство на тврд рамен вокал
- има заменета употреба на меки и тврди согласки
Морфолошки особини
уредиОдредени морфолошки особини во дијалектот се:[1]
- сегашно време (презент): Ова време се гради со наставката –yor, која во скопскиот турски говор се скратува на “y”: isteys?n?z<istiyorsunuz, a?ay<a??yor, ?ikaylar<??k?yorlar, biney<biniyor, kapay<kap?yor, duyay<duyuyor
- промена на наставки за императив: otur, yazs?n,
- промена на наставки за идно време: наставката за идно време e –acak/-ecek: yapacan, ila?layacan
- промена на наставки за минато определено свршено време (перфекат): -di, -d?:
- промена на наставки за минато неопределено свршено време
- промена на наставки за инфинитив и глаголска именка и придавка
- својствени показни зборови: buni<bunu,
- својствени прилози: di?ari<d??ar?
- својствени предлози: sopayle<sopayla,
- својствени извици: aferim<aferin